СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?
1СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?
ТехнологијаПрекинато лансирање на „Сојуз“ ракета Лансирањето на руска ракета „Сојуз МС-25“ со еден астронаут од Русија, еден од САД и космонаутка од Белорусија беше неочекувано прекинато вчера.Вселенското летало требаше да полета кон Меѓународната вселенска станица (МВС) од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан. Руската вселенска агенција Роскосмос подоцна ги наведе техничките проблеми како причина за откажувањето на лансирањето. Имено, непосредно пред полетувањето, забележан е пад на напон во изворите на струја, според раководителот на Роскосмос, Јуриј Борисов. Екипажот е безбедно изведен вон капсулата. На леталото беа Белорусинката Марина Василевскаја, Американецот од НАСА, Трејси Дајсон и Русинот Олег Новицки. Василевскаја ќе биде првата жена од својата земја што ќе отиде во Вселената. Следното можно лансирање би било најрано во сабота. Во меѓувреме, во САД, вчера „Спејс-Икс“ ја лансираше својата 30-та карго-мисија со ракета „Фалкон 9“ до МВС, носејќи три тони материјали и научен хардвер. Се очекува да стигне до Станицата в сабота.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода? Па зар Мицкоски и Тошковски-хиперхлораџијата не беа експерти?Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија.После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство - сега одеднаш се потребни експерти? Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода. Не Орце со дрон да ја испитува водата од воздух. Не Тошковски, кој наместо да си ја работи својата работа, се занимава со хиперхлорирање на водата во Гостивар. Сега уште едно признание или само барање нов алиби? Мицкоски едно прашањето од граганите: кој од вас ќе одговара за труењето на цела Македонија? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКраповски: „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж за македонските уметнициАнсамблот „Алтус“ познат по изведбата, афирмирањето и зачувувањето на класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“.Концертот на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката Елена Стојческа, кларинетистот Игор Иванов, гитаристот Роман Петиот, пијанистката Маријана Николовска, виолинистот Мартин Димитров, Александар Лаовски на виола и Паскал Краповски на виолончело. Извонредниот виолончелист Паскал Краповски рече дека ова е трето нивно учество во рамки на „Охридско лето“, што според него, е знак за континуитет и докажани концерти кои очигледно даваат ефект за да продолжи таквиот континуитет. -За нас, како и за секој македонски уметник, најпрестижниот фестивал во Македонија, „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж бидејќи самиот фестивал си ја носи тежината. Искуството што ние го споделуваме со публиката и тоа што ние го доживуваме е нешто што е незаменливо, нема цена, нема зборови со коишто може да се објасни. Чувството на сцена го носиме ние, го доживуваме и тоа е прекрасно, посебно во простор како црквата „Света Софија“, изјави Краповски. На синоќешниот репертоар беа прекрасни изведби на дела од современите македонски композитори Панде Шахов, Дарија Андовска, Дамјан Темков, Ангел Спироски и Томислав Зографски, но и композиции од Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Андре Капле, Гијом Конесон, Х.Вила-Лобос, Мануел де Фаља и Астор Пјацола. -Со оглед на тоа што ние сме ансамбл за современа музика, се трудиме да ја негуваме македонската современа класична музика како нешто квалитетно не само дома, туку да ја презентираме и надвор. Направивме една колажна програма која го опфати нашиот домен на интерес, но сепак настапуваме на фестивал којшто се одржува во лето, а без летна музика не може, додаде виолончелистот Краповски. Ансамблот „Алтус“ кој уште од самите почетоци на своето постоење е одлично пречекан од страна на стручната јавност, во 2024 година ја доби и наградата „Георги Божиков“ што ја доделува СОКОМ како признание за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку 12 лица загинаа, а 23 други се водат како исчезнати во шумски пожар во јужна ШпанијаПродолжениот топлотен бран со температури од околу 40 степени целзиусови предизвикаа шумски пожари низ јужна Европа ова лето. Пожарникарите се бореа со пожарите во Франција, Португалија и Шпанија, при што илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Најмалку 12 лица загинаа, а 23 други се водат како исчезнати во шумски пожар во јужна шпанија, пренесува Би-Би-Си . Ова се најсмртоносните пожари во шпанската историја. Четири од жртвите најверојатно се британци, велат властите на Андалузија. Стотици луѓе се обидуваат да го локализираат пожарот, кој најверојатно е предизвикан од паднат далновод. Пламените јазици потоа се прошириле во шумска област околу Лос Гаљардос, Алмерија.четири лица биле пронајдени заробени во нивниот автомобил, а осум други жртви беа пронајдени на друго место, обидувајќи се да избегаат од пламенот. Пожарот, исто така, доведе до затворање на патишта, додека 1.000 жители беа евакуирани, според службите за итни случаи.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook