3Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
БалканПрекината потрагата по екипажот на брод погоден од дрон кај брегот на БугаријаБугарија ја прекина потрагата по исчезнатиот екипаж на брод што потона откако беше погоден од дрон на околу 130 километри од бугарскиот брег, изјави за „Нова ТВ“ вицеадмиралот Румен Николов од Поморската управа.Рано утрото во вторникот, два брода беа погодени во напад со дронови во рамките на бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. Едниот брод потона, додека другиот претрпе оштетувања. Екипажот на оштетениот брод беше спасен, додека екипажот на потонатиот брод сè уште се води како исчезнат. The crew of a merchant ship was missing on Tuesday after the vessel sank in the Black Sea off NATO member Bulgaria following a drone strike, that 🇧🇬 PM described as a gross violation of international law. "Probably a Russian attack", a maritime security source said. (Reuters) https://t.co/NkEM8ZE3wS — The Ukrainian Week / Tyzhden (@ukr_week_en) October 6, 2026 Николов изјави дека операцијата за пребарување и спасување на екипажот на потонатиот брод нема да продолжи во среда. „Нема траги од морнарите од првиот брод, ниту пак ќе ги има. Исто така, нема информации за остатоци од дроновите“, рече тој во утринската емисија на „Нова ТВ“. „Пронајдени се еден чамец, три сплавови за спасување и делови од бродската опрема.“ Сè уште не е јасно кој го извршил нападот со воздушни и поморски дронови во водите кај крајбрежниот град Бјала во источна Бугарија. Сепак, постои зголемена загриженост во врска со можни хибридни напади од страна на Русија, додека Москва води војна во Украина. URGENTE Dos navíos son golpeados por drones en el mar Negro Dos buques comerciales fueron alcanzados por drones en la zona exclusiva búlgara del Mar Negro, uno de los cuales se hundió, según los servicios de salvamento marítimo de Bulgaria. Las autoridades rumanas confirmaron la muerte de dos tripulantes y el rescate de 11 personas, mientras que varios marineros resultaron heridos durante la emergencia. — Alerta Noticias UKR 24 (@UKR_token) October 6, 2026 Николов истакна дека инцидентот се случил во рамките на таканаречената „зона на одговорност за пребарување и спасување“, а не во територијалните води на земјата, кои се протегаат на 12 наутички милји од брегот. Во посебен инцидент, романските власти во понеделникот објавија дека две лица загинале во пожар на брод во Црното Море, надвор од територијалните води на земјата. Бугарскиот претседател Румен Радев во вторникот изјави дека не е јасно дали дроновите дошле од Русија или од Украина, пренесе бугарската новинска агенција БТА. Бугарија не граничи ниту со едната, ниту со другата земја, но како членка на НАТО, таа зазема стратешка позиција на Црното Море, каде што и Украина и Русија имаат големи пристаништа. ⚡️ Zelensky accuses Russia of attacking commercial vessels off the Bulgarian coast Two ships were attacked by drones in Bulgaria’s exclusive economic zone. The Alfa Watan sank roughly three minutes after the explosions, with 15–20 crew members reported missing. The second vessel, Able, caught fire, and 18 people were evacuated. Bulgarian authorities have not publicly named those responsible. Zelensky said Ukrainian forces carried out no operations in the area and that, after contacts between the Ukrainian and Bulgarian militaries, it was established that the attack involved Russian sea and aerial drones. At the same time, Sofia said it does not currently intend to invoke Articles 4 or 5 of the North Atlantic Treaty. — NEXTA (@nexta_tv) October 6, 2026 Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање рече дека истрагата спроведена заеднички од Бугарија и бугарската морнарица покажала оти зад нападот стои Русија. Радев во средата изјави дека, по нападот, неговата влада ќе ја одобри набавката на пет дополнителни ракетни системи за противвоздушна одбрана.Тагови: Бугарија дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТуск: „Орбан? Тоа е смешно“Полскиот премиер Доналд Туск смета дека информациите за номинацијата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за функцијата генерален секретар на ОН – наводно промовирана од Соединетите Држави – се смешни.Кога беше прашан за потенцијалната кандидатура на Орбан за местото генерален секретар на ОН, полскиот премиер молчеше неколку секунди, потоа се насмевна и на крајот крена раце. „Пред само една минута тој беше кандидат за претседател на Европската комисија; ова ми изгледа исто толку смешно како и онаа претходна гласина. Нема да кажам ништо повеќе“, изјави Туск на прес-конференција за време на неговата посета на Виетнам. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го номинирала Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. САД го поканиле поранешниот премиер да се кандидира и го охрабриле да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука. Подоцна, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја коментираше идејата за номинирање на Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. „Убеден сум дека Виктор Орбан, како генерален секретар на ОН, сигурно би ги искористил своите мајсторски вештини во користењето на ветото и уцените – вештини што ги усовршувал со години, попречувајќи клучни одлуки на ЕУ“, забележа министерот за надворешни работи. Извор: Б92Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПретставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во СкопјеОд 27 октомври до 1 ноември 2026 година, Скопје е домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам.На манифестацијата која го одбележува 25-годишниот јубилеј ќе земат учество 60 гости од 28 земји во повеќе програми. Се организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави. Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува во драмската програма на Еуродрам. „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска беше меѓу наградените дела на европската мрежа за драма и превод Еуродрам (Eurodram) за 2024 година. Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: ПИСАТЕЛ – Игор Ангелов УМЕТНИЦА – Ања Митиќ БРАЧНА СОВЕТНИЧКА/LIFE COACH – Јасмина Василева БИЗНИСМЕН – Димитрија Доксевски/Владимир Петровиќ ДОКТОР – Игор Стојчевски МАЛЕЧКА – Ивана Павлаковиќ БАРМЕН/КЕЛНЕР – Стефан Вујисиќ ОЧНА ЛЕКАРКА – Трајанка Илиева-Вељиќ БАНКАРКА/МЕНАЏЕР – Нина Елзесер ИНЖЕНЕР/ТАКСИСТ – Лазар Христов Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов. Во белешката за претставата се вели: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството? Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнале, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“. Претставата „Парови“ вечерва ќе ја има својата 25 изведба во Театар Комедија во рамките на манифестацијата Еуродрам во Скопје. Драмкси театар СкопјеТагови: Драмкси театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лицеПри претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook