Прекината е истрагата за сообраќајната несреќа, во која загина Ен Хеч - Канал 5

Прекината е истрагата за сообраќајната несреќа, во која загина Ен Хеч

Актерката Ен Хеч почина во петокот од последиците на сообраќајна несреќа што се случи една недела претходно.

Прекината е истрагата за сообраќајната несреќа, во која загина Ен Хеч

Полицискиот оддел во Лос Анџелес откри дека истрагата за несреќата нема да продолжи:

- Истрагата за сообраќајната несреќа што се случи на 5 август во Калифорнија, во која актерката Ен Хеч се здоби со смртни повреди, ќе биде завршена по вчерашната вест дека актерката починала. Од денеска нема да има дополнителни истражни активности за овој случај. Сите информации или записи побарани од властите пред овој пресврт ќе продолжат да се собираат и формално да се додаваат во случајот.“

Да потсетиме, актерката под дејство на психоактивни супстанци со својот автомобил влетала во гаража на двокатна куќа, која и припаѓала на Џенифер Дуранд, но била изнајмена од жена по име Мишел. По судирот избувнал пожар што ги зафатил куќата и возилото во кое била актерката, а во кој што биле уништени предметите на споменатата жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер