Преговорите за името се селат во Брисел, „Илинденска“ веќе не е на масата

Ден, по маратонските средби во Њујорк, а пред најавеното продолжување на преговорите во Брисел, јасно е дека нема значително поместување во позициите на двете страни.

Со оглед дека договор не беше постигнат, очигледно е дека грчката страна и формално го отфрлила предлогот на македонската, за решение Илинденска Македонија, ерга омнес.

Атина и понатаму инсистира името да биде од четирите предлозите на Нимиц кои имаат одредница пред терминот Македонија. Грчкиот премиер Ципрас, вчера оцени дека доколку тоа го добијат, за нив ќе биде голема победа.

Со оглед на ставот на македонскиот премиер Заев, кажан уште пред неколку месеци, за македонската страна од четирите предлози, взаемно прифатливо решение може да бидат трите со географска одредница. Скопје единствено го отфрла предлогот со временска одредница Нова Македонија.

А, од трите што остануваат како можни, најголеми шанси веќе месеци наназад и се дава на одредницата Горна, иако според последните брифинзи објавени во некои од грчките медиуми по вчерашаната рунда преговори, овој предлог бил отфрлен од Димитров, а како најсериозно решение сега се наметнува предлогот Северна Македонија.

Сепак, главниот проблем за кој се уште нема решение на повидок е опсегот на употребата на името.. Грција бара ерга омнес, со уставни измени, но ова Македонија го прифаќа само за предлогот Илинденска Македонија. Предлозите на Нимиц, македонската страна е подготвена да ги прифати само како име на државата за надворешна употреба.

Медијаторот Нимиц уште на почетокот од преговорите, предложи компромисот да биде фазното прифаќање на одредницата - на почетокот тоа да важи за надворешна, а потоа, при влезот во ЕУ, и за внатрешна употреба, но ваквото решение досега го одбиваат и двете страни, секоја од свои причини.

Прашањата се добро дефинирани, нивниот опсег е стеснет. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои многу работевме. Преговорите се значително интензивирани, како што рекоа двете страни имаат важни позиции, во прашање се националните интереси. Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа – изјави Нимиц.

Сега сите погледи се свртени кон Брисел. Таму, како што најави Нимиц, ќе се одржи новата рунда преговори, но други детали не се соопштени. Според некои медиумски написи, средбата на двајцата министри ќе се одржи в понеделник, а на неа веројатно нема да присуствува медијаторот.

Целта останува, решението да се најде во следните неколку недели, а Договорот да го потпишат Заев и Ципрас кон средината на јуни, непосредно пред Самитот на ЕУ, од кој земјава очекува датум за преговори.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер