СветПреговорите меѓу Иран и САД ќе се одржат во Женева следната недела, потврди швајцарското ФМНРОман ќе организира разговори меѓу САД и Иран следната недела во Женева, потврди Швајцарското федерално Министерство за надворешни работи.Швајцарија ги поздравува тие преговори и изрази подготвеност да „поддржи секаква иницијатива насочена кон деескалација на тензиите“. Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат разговори со иранските претставници во вторник во Женева, со посредство на претставници на Оман, јавија претходно американски медиуми повикувајќи се на неименувани претставници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивилиВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили. Кралството предупреди на координирани напади од страна на Хутите и ирачките милиции поддржани од Иран.Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен. 11 injured as Houthi DRONE strikes Najran region, Saudi Arabia — reports pic.twitter.com/mTga5FPYH0 — Forbidden News (@NewsForbiddenX) August 7, 2026 Тој ги обвини Хутите кои се сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп потпиша уредба против „породилниот туризам“Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби во нов, обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање.Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби во нов, обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање, обновувајќи го своето оспорување на одредбите од Уставот на САД откако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид. Новите регулативи главно ги заоструваат постојните регулативи и ги стеснуваат исклучоците. Ограничувањето на правото на државјанство по раѓање е еден од главните приоритети на репресивните мерки на републиканскиот претседател против имиграцијата, при што Белата куќа особено се фокусира на она што го нарекува „туризам за раѓање“, во кој странски бремени жени патуваат во САД за да се породат таму. По неуспехот на Врховниот суд на 30 јуни, Трамп го повика Конгресот да дејствува, но вчера наместо тоа се одлучи за извршни наредби што ја утврдуваат политиката, но не се правно обврзувачки. Судот претходно пресуди дека претходниот обид на Трамп да го ограничи правото на државјанство по раѓање е неуставен. Администрацијата тврди дека новата директива не ги надминува границите на одлуката на Врховниот суд, која наводно ѝ дозволува да ги прошири категориите на луѓе кои не би имале право на државјанство по раѓање, вклучително и оние што доаѓаат за „туризам за раѓање“. Тие категории, наведува наредбата на Трамп, „не спаѓаат под правилото за право на државјанство по раѓање, како што го објави Врховниот суд“. „Со оваа наредба се забранува практиката на „породувачки туризам“, а забраната стапува на сила веднаш по нејзиното потпишување. Тоа значи дека никој во светот повеќе не може да добие виза за оваа измамничка цел“, изјави Стивен Милер, соработник во Белата куќа, за време на церемонијата на потпишување во Овалната соба. Центарот за студии за имиграција, кој се залага за намалување на нивото на имиграција, во анализа од 2020 година процени дека меѓу 20.000 и 25.000 мајки дошле во САД заради породувачки туризам во текот на една година во периодот меѓу 2016 и 2017 година. Во 2025 година, во Соединетите Држави се родени 3,6 милиони деца.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МетеоСончево и многу топло со мала до умерена локална облачностСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook