СветПреговори САД - Итан во Пакистан-Ќе се стави ли крај на неизвесноста на Блискиот исток?Високи американски и ирански претставници започнаа со високоризичните преговори за ставање крај на војната на Блискиот Исток. Преговорите се одвиваат во престолнината на Пакистан – Исламабад, каде домаќин е пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф со кој секоја од делегациите се сретна одделно пред да бидат воспоставени директни преговори. Од иранската делегација предводена од спикерот Мохамед Багер Галибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагачи порачаа дека за преговорите да можат да започнат, мора да се исполнат две барања, од кои во моментов ниту едно не е спроведено. -Две од мерките за кои страните се согласија меѓусебно, сè уште не се спроведени: прекин на огнот во Либан и ослободување на блокираните средства на Иран пред почетокот на преговорите,- - Мохамед Багер Галибаф, собраниски спикер на Иран. Американската делегација е предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џеред Кушнер. За Доналд Трамп, отварањето на Ормускиот теснец е еден од приоритетите во преговорите, на што според светските медиуми, Иран одговорил дека засега тоа не може да го стори поради многубројните „изгубени„ морски мини во теснецот. -Ќе го отвориме (теснецот) прилично брзо. Новинар: кој ви е резервниот план? Не ви треба резервен план. Нивната армија е поразена, готова е. Деградиравме прилично се, имаат многу слаби индустриски капацитети, ги удривме прилично силно. - Доналд Трамп, претседател на САД. Според најавите, преговорите можат да траат и со денови а Ормускиот теснец останува критична точка. Според светските медиуми, Иран бара целосна власт над теснецот, репарации за нанесената штета од војната, повлекување на американските борбени сили од регионот и дозвола да збогатува ураниум. За САД пак збогатен ураниум е нешто за што не може да се преговара, теснецот мора да биде отворен за сите, а нивните воените сили засега остануваат на Блискиот Исток.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноСобирала ситни пари цели 26 години- ги пребројувала два дена и се шокирала од резултатот (ВИДЕО)Колку пари би можеле да заштедите по две децении собирање кусур?Одговорот можеби ќе ве изненади, а една жителка на Охајо стана интернет сензација кога ја покажа својата неверојатна „колекција“ од монети. Џејми Блосел покажа голема стаклена тегла во која чувала монети 26 години, а видеото беше прегледано 4,7 милиони пати за кратко време. Ги броела парите два дена Додека повеќето луѓе ги чуваат своите ситни пари во фиока, кутија или мал сад, Џејми ги чувала своите монети во голема стаклена тегла. Сè започнало во 2000 година, кога внатре ја ставила својата прва монета. По 26 години, таа решила да провери колку заштедила, а резултатот ја изненадил, објавува MSN. Сфаќајќи дека броењето ќе ѝ одземе многу време, таа решила да документира сè на камера. Веднаш открила дека теглата е „толку тешка“ што не може да ја крене. Па седнала на подот до неа и почнала да ги вади и брои монетите - една по една. Целиот процес траел, со паузи, два дена, и на крајот на краиштата, Џејми го открил резултатот. За 26 години, таа собрала повеќе од 1.300 долари. View this post on Instagram A post shared by Jami Blosel (@jamibloselrealtor) „Мало богатство“ Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од резултатот и го пофалија овој начин на штедење. „Јас живеам за ова“, напиша еден корисник, а друг додаде: „Ова е неверојатен начин на штедење“. Трет истакна дека треба внимателно да ги испита монетите, бидејќи меѓу нив може да има примероци кои вредат многу повеќе од нивната номинална вредност. Така, Џејми ја претвори вообичаената навика за штедење ситни пари во приказна што ги освои милиони луѓе. Она што со години изгледаше како обична тегла полна со заборавени монети, се покажа како „мало богатство“ - и доказ дека дури и малите заштеди, собирани доволно долго, можат да се претворат во значителна сума.Тагови: пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветДрама во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си Според информациите од надлежните органи на државата Вирџинија, синот на познатиот помошник тренер на Канзас Сити Чифс, Ерик Биениеми, бил уапсен и приведен откако ја застрелал својата мајка, Миа Биениеми.Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната Миа Биениеми со повеќекратни прострелни рани, објави Си-Ен-Ен. Таа брзо била префрлена во болница и е во стабилна состојба откако ѝ била укажана прва помош. Полицијата брзо го лоцирала Елајџа Зајон Биениеми, кој бил уапсен поради основано сомнение за сторување кривично дело, како и за употреба на огнено оружје за сторување незаконско дело. Тој моментално е во притвор. Во меѓувреме, познатиот тренер Ерик Биениеми бил со тимот во тренинг камп во Сент Џозеф, Мисури. Тој не присуствувал на тренинг сесијата одржана во понеделник. - Клубот е информиран за инцидентот што се случил во семејството на Биениеми. Од почит кон нивната приватност, во овој момент нема да коментираме. Нашите мисли се со нив - изјави за медиумите претставник на Канзас Сити Чифс.Тагови: мајка тренер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУкраина бара итна истрага по напад врз маж и жена во Полска (ВИДЕО)Генералниот конзулат на Украина во Вроцлав побара од полските власти итно да го истражат нападот врз украинскиот пар во тој град.Според првите информации, младиот пар бил нападнат поради нивниот акцент, а случајот во моментов го истражуваат надлежните полски служби, пишува Pravda.com.ua. Конзулат: Насилството врз Украинците станува сè почесто Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха му наложи на конзулатот да преземе сите потребни мерки. Дипломатската мисија веќе испрати официјална истрага до полската полиција и чека официјални информации. „Приморани сме да забележиме дека случаите на насилство и агресија насочени кон украинските граѓани во Полска во последно време стануваат сè почести. Секој таков случај бара темелна истрага и соодветна правна проценка“, соопшти конзулатот. Конзулатот беше јасен во своите очекувања. „Доколку се потврдат горенаведените околности, очекуваме сеопфатна, објективна и брза истрага, утврдување на мотивите за ова дело и казнување на сторителите во согласност со законите на Република Полска. Секакви форми на насилство, ксенофобија или омраза се неприфатливи и немаат место во демократско општество.“ Конзулатот, исто така, ги повика украинските граѓани со информации за инцидентот да ги контактираат. Промена на расположението во Полска Веста за нападот доаѓа кратко откако Полскиот центар за истражување на јавното мислење објави дека, за прв пат во историјата на нивното истражување, повеќе Полјаци се спротивставуваат на прифаќањето бегалци од Украина отколку што го поддржуваат. Сличен инцидент се случи на 20 јули во Познањ, каде што 60-годишен Полјак беше претепан затоа што бранел млад Украинец кој бил вербално нападнат од тројца мажи.Тагови: Полска украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter