Прегазен полицаец кој мерел со радар, две момчиња се приведени

За само едно деноноќие нов инцидент во кој настрада полициски службеник.

Двајца млади скопјани се приведени откако ноќеска околу еден часот по полноќ на булеварот „Борис Трајковски“ прегазиле полицаец кој мерел со радар, во моментот кога требало да ги сопре зарази брзото возење..19 годишното момче кое го управувало возилото „Цитроен Берлинго“ и неговиот 21 годишен сопатник, по инцидентот побегнале, но како што велат од МВР, набрзо потоа биле пронајдени и приведени, за што ке добијат и соодветна пријава.

Министрите за внатрешни работи и здравство Оливер Спасовски и Венко Филипче денеска беа во посета на повредениот полицаец кој е хоспитализиран на клиниките „Мајка Тереза“ и е надвор од животна опасност.

„Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните“, напиша Спасовски на Фејсбук и повтори дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат.

Во меѓувреме, МВР го расчистува и случајот и со нападот на дрвокрадците врз петтемина полициски службеници ,кои беа фатени на стариот пат Приле-Велес. Кривични пријави заработија 10 лица што учествувале во инцидентот поради „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти полицијата. Сите десетмина дрвократци се приведени и предадени на обвинителството.

И додека од една страна има случаи на нападнати полицајци, денеска во Битола се протестира против полициска бруталност. Со транспаренти во рацете и скандирања „нема правда, нема мир“ дел од граѓаните го искажаа незадоволство поради последниот инцидент во кој полицајци претепаа тројца битолчани од ромска националност. Во среда, пак, во Битола се најавуваат и контра протести за поддршка на полицајците, кои експресно заработија кривични пријави и суспензија поради инцидентот.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

притисни ентер