Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
МакедонијаПредвремени избори повторно во фокусот на партиитеПремиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предвремени парламетарни избори не треба да има, но повторно ја остави можноста за нивно одржување доколку такво барање дојде од опозицијата. Иако, според него, граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада, сепак Мицкоски е дециден дека нема да бега од изборно соочување. - Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада 4 години, но она коешто јас го кажав, ќе го потврдам: доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победиме, кажа Мицкоски. Но, опозицијата нема единствен став за прашњето. Од ДУИ преку соопштение го прифатија предизвикот да се оди на избори и бараат деновиве да се договори најбрз датум. „ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието. Да се определи датумот. Да одиме на избори“, повикаа од партијата на Ахмети. За разлика од нив, лидерот на СДСМ Венко Филипче повтори дека тие нема да бидат алиби за избори на Мицкоски. Иако вели дека СДСМ се подготвени за изборно соочување во секое време, повтори дека премиерот е тој што може да ги распише кога и да посака. -Избори ќе закаже премиерот којшто има двотретинско мнозинство, апсолутна власт на секое ниво, Претседателката, извршната власт, во Собранието двотретинско мнозинство, мнозинство во општините, може да си направи избори кога сака. Ние нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Ништо друго не ги интересира. Ние сме секако спремни, се подготвуваме секојдневно, ако ме прашувате дали сме спремни, но алиби не даваме, изјави Филипче. Филипче не гледа потреба да се одржи ниту лидерска средба со оглед на искуството од последната, на која тој не присуствуваше, кога беше договорено укинување на техничката влада. За изборниот законик кој останува блокиран од опозицијата, Филипче вели СДСМ ќе го поддржи законското решение само доколку ги содржи препораките од ОБСЕ/ОДИХР... За нив останува најспорен моделот за гласањето на дијаспората што го нуди власта - електронски или преку пошта, за кој сметаат дека е вовед во, како што вели, изборен грабеж. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook