Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
1Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
3Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје
НаукаПредупредување на глобалните последици од развојот на вештачката интелигенција: Еколошкиот трошок е огроменСпоред истражувањето на Digikonomist, се вели дека бумот на вештачката интелигенција (ВИ) во 2025 година ослободил јаглерод диоксид во атмосферата еквивалентен на оној што го испушта целиот град Њујорк.Глобалното влијание на технологијата врз животната средина, исто така, покажува дека потрошувачката на вода поврзана со ВИ сега ја надминува вкупната глобална побарувачка за флаширана вода. Специфичното влијание на ВИ Податоците ги собрал холандскиот академик Алекс де Врис-Гао, основач на Digikonomist. Тој тврди дека ова е прв обид да се измери специфичното влијание на ВИ, наместо на центрите за податоци воопшто, бидејќи употребата на четботови како ChatGPT и Gemini нагло се зголеми во 2025 година. Податоците покажуваат дека проценетите емисии на стакленички гасови од ВИ се еквивалентни на повеќе од осум проценти од глобалните емисии од авијацијата. „Дали е тоа праведно?“ Студијата користела извештаи од технолошки компании, а Де Врис-Гао повикува на построги барања за компаниите да бидат потранспарентни во врска со нивното влијание врз климата. „Еколошките трошоци од оваа технологија се огромни во апсолутни бројки. Во моментов, општеството ги плаќа овие трошоци, а не технолошките компании. Дали е тоа фер? Ако тие имаат корист од оваа технологија, зошто да не платат дел од трошоците?“, праша тој. Де Врис-Гао процени дека јаглеродниот отпечаток на системите со вештачка интелигенција би можел да достигне 80 милиони тони до 2025 година, додека потрошувачката на вода би можела да се зголеми на 765 милијарди литри. Податоците беа објавени во академското списание „Питерс“.Тагови: вештачката интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријаваЗа настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Алкохол мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидериЕвростат повторно објави податоци.Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра. Словенија е со 1.482 евра. Македонија? 624 евра бруто, односно околу 421 евро нето. Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора. Ние сме на долниот дел од листата. Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија… Граѓаните не живеат од проценти. Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот. И таму статистиката е јасна: празно. Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек. Минималната плата останува меѓу најниските во Европа. Цените растат. Инвестициите паднаа. Младите си одат. Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт. А она што самите го допреа, најчесто го упропастија. Или само се фотографираат. Оваа власт е неспособна да создаде подобро. Способна е само за тендери, за криминал и за корупција. Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго. Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат. Тие тоа го гледаат секој ден. И тоа е единствената статистика што важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаПодната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на СкопјеЕден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност.Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста. Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем. Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје. Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед. Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04