Предновогодишен политички „клинч“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговори за визата на Филипче, СДСМ објави нова бомба - Канал 5

Предновогодишен политички „клинч“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговори за визата на Филипче, СДСМ објави нова бомба

Власта и опозицијата и денеска со меѓусебни обвинувања. ВМРО ДПМНЕ бара одговори за златната виза на Филипче, СДСМ објави нова бомба.

Предновогодишен политички „клинч“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговори за визата на Филипче, СДСМ објави нова бомба

Од партијата на Мицкоски го прозваа лидерот на СДСМ дека досега не одговорил дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е основата за добивање на златна виза. Според парттијата за добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000 долари, недвижност или бизнис.

-Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој изјави дека ја видел 42-катницата изградена од Заев, посочи и дека ги видел становите на Заев и Филипче во Дубаи. На овие сведоштва Филипче повторно не даде конкретен одговор. Дополнително, Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека тој не му бил партнер во градбата. Токму затоа се наметнува прашањето, како Филипче дошол до златна виза за Дубаи? Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои ја добил златната виза за Дубаи. – Валентин Манасиевски – Член на ЦК на ВМРО

Од СДСМ пак со обвинувања дека фирма основана лани во јули добила милионски тендер и покрај тоа што немала работници, претходно реализирани договори и искуство во областа.

-Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта на Северна Македонија во вредност од 1,2 милиони евра за услуги на чистење и одржување хигиена. Во групната понуда на оваа фирма се појавува и подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената, сомнително. Само 20 дена по доделувањето на тендерот, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик на фирмата станува Сашо Петровски. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот. Но нзвесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. – Рената Младеновска – Член на ИО на СДСМ

Реагираа и од АД Пошта на Македонија. Велат дека изјавите и обвинувањата изнесени од СДСМ се неточни и тендециозни и се обид за свесно дезинформирање на јавноста и грубо извртување на фактите, со цел политичка дискредитација на институција која постапува исклучиво во согласност со законите и важечките процедури.

-АД „Пошта на Македонија“ нагласува дека постапката за избор на оператор е спроведена целосно согласно Законот за јавни набавки, врз основа на јасни, транспарентни и проверливи критериуми. Станува збор за редовна и законски утврдена постапка, предвидена во Годишниот план за јавни набавки, која во никој случај не претставува новина, ниту исклучок во работењето на институцијата.- АД Пошта на Македонија

Оттаму и остро ги отфрлаат како што велат сите инсинуации за незаконитост, фаворизирање или злоупотреба на јавни средства и доколку продолжат ваквите напади, најавуваат дека ќе преземат законски мерки за заштита на угледот на институцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер