КултураПредновогодишен концерт на Градски дувачки оркестар вечерва во МКЦВечерва, со почеток од 19 часот во МКЦ ќе се одржи преновогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар.Влезот е слободен, со претходно подигнување на бесплатен/протоколарен билет на билетарница во МКЦ. На иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар во март 2006 година се формираше Градски дувачки оркестар. Оркестарот од самиот почеток па се до денес има настапувано на сите манифестации во градот Скопје и другите градови во Републиката. Репертоарот на оркестарот е богат и разновиден, се изведуваат дела од сите жанрови. Во оркестарот членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за Музичка уметност. *Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС да не ја злоупотребува Европската агенда за дневно политички поениЕвропската иднина се гради со реформи и достоинство а не со национални отстапки.СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик. СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ветиле и се договарале. СДС е партијата која седум години ја убедуваше јавноста дека сите отстапки ќе донесат брз влез во Европската Унија. Наместо тоа, државата не ги започна преговорите, а граѓаните добија разочарување, економска стагнација и масовно иселување. СДС во недостаток на визија наместо да понуди идеи и решенија, продолжува со навреди, етикетирања и неосновани обвинувања. Тврдењата на Богданка Кузеска дека ВМРО-ДПМНЕ е против европската иднина на Македонија се целосно неточни. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во Европската Унија, но врз основа на достоинство, заемно почитување и заштита на националните интереси, а не преку прифаќање на нови понижувања и условувања. Денес, кога Владата на ВМРО ДПМНЕ работи на реформи, економски развој и враќање на довербата во институциите, СДС повторно се обидува да ја злоупотреби европската агенда за теснопартиски цели. Европската интеграција не смее да биде алиби за политички манипулации, туку процес заснован на реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за европска Македонија со силни институции, развиена економија и подобар животен стандард за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВикендов „Соседски патроли“ низ општина Кисела Вода: Заедно за поголема безбедност на младитеЦелта на овие активности не беше санкционирање, туку пред сè разговор, советување и превенција.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од МВР - Одделението за превенција, полициските станици Кисела Вода и Драчево, претседателот на Советот, советниците, директорите на основните училишта, претставниците на советите на родители и наставници, како и општинската администрација, викендов, во вечерните часови, реализираше заеднички превентивни активности преку проектот „Соседска патрола“. Во петокот и саботата, заеднички беа посетени локациите во непосредна близина на училиштата, парковите, спортските игралишта и местата за кои граѓаните имаат потенцирано дека навечер најчесто се собираат младите. Целта на овие активности не беше санкционирање, туку пред сè разговор, советување и превенција. Преку директни и непосредни разговори со младите, им беше укажано на важноста од одговорно однесување во јавниот простор, меѓусебното почитување и зачувувањето на јавниот ред и мир. Посебен акцент беше ставен на ризиците од меѓуврсничкото насилство, злоупотребата на алкохол и другите штетни навики кои водат кон девијантни појави. - Безбедна општина се гради со партнерство, доверба и постојана комуникација меѓу институциите, училиштата, родителите и граѓаните. Сите сме насочени кон унапредување на јавната безбедност, а нашата цел преку овие средби е превентивно да делуваме и да разговараме со младите. Ќе продолжиме и понатаму со вакви активности, затоа што наш апсолутен приоритет се безбедноста, сигурноста и здравото растење на нашите деца и млади. Заедно градиме побезбедна, похумана и поодговорна Кисела Вода- изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаСДСМ: Бројките не полнат фрижидериНе можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат.Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги - само вистина. Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро. Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника. Но народот не живее од статистички извештаи. Народот живее од тоа што го гледа во продавницата, што го плаќа на каса и што му останува во паричникот. Не можете да го убедите народот дека има пари кога паричниците им се празни. Не можете да наполните стомак со бројки. Не можете да наполните фрижидери со зборови. Не можете да убедите сиромашен народ преку лаги дека е богат. Кога потрошувачката кошничка за само две години поскапе за околу 10.000 денари, кога горивото е поскапено, кога на први во месецот граѓаните ги гледаат своите сметки и кога одат во продавница и ги гледаат цените - тогаш не помагаат никакви статистички споредби со соседите. Минималната плата не е зголемена. Не можете да имате 600 евра, кога имате 400. Не можете да кажете дека сме „трета економија во Европа“ и дека водечките земји од ЕУ ќе банкротираат, додека нашите граѓани стојат со часови на граница за да излезат од земјата. Одморите и летувањата ги плаќаат на рати и на кредити. Мицкоски и неговата криминална група не знаат кои се цените. Кога носите часовник од 60.000 евра, гардероба од 10.000 евра, чевли од 2.000 евра и се возите со приватен (државен) авион на море, не чекате на граница затоа што имате бугарско државјанство и европски пасош - вие не ги знаете основните потреби на граѓаните и не знаете колку тешко се живее во Македонија. Народот ја чувствува кризата секој ден. И никаква пропаганда, никакви бројки и никакви спинови не можат да ја сокријат таа реалност од луѓето кои ја живеат. Народот го мачи сиромаштијата, а Мицкоски го мачи тоа што бројките не можат да ја сокријат маката што ја живее народот. Народот ќе победи. Европска, а не изолирана Македонија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26