БалканПредметот Македонски јазик и култура ќе се изучува во уште едно училиште во ХрватскаВо хрватскиот град Света Недела, во близина на Самобор, свечено беше одбележан почетокот на наставата за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата е на професорката по македонски јазик Ивана Брезовец, која овој предмет веќе го предава во Првата гимназија во Загреб и е претседателка на македонското културно друштво „Охридски бисер“ во Загреб. - Со поддршка од Заедницата на Македонците во Република Хрватска и од претставничката на македонското национално малцинство во Загрепската жупанија, Лена Ѓапиќ, како и со помош од Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска дојде до реализација и почеток на програмата. Присутните на почетокот на наставата сведочеа за детски насмевки и исполнети желби на најмладите кои уште од почетокот на учебната година со нетрпение го очекуваа тој ден. Самата желба е произлезена од синовите на професорката Брезовец и пријателите што ги имаат во нивното училиште, што е доказ дека во обичните животи на Македонците во дијаспората може да се случат убави и важни настани, соопшти Иван Антоновски, профсор од Филолошкиот факултет на УКИМ. На работен состанокл кој се одржал минатата недела во училиштето во Света Неделал присуствувале и амбасадорот во Хрватска, Драган Ѓурчевски, советничката за ултура и директорка на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, и началникот на Секторот за малцинства при Министерското за наука, образование и млади на Република Хрватска, Милан Вукелиќ. -Домаќини на настанот беа директорот на подрачното училиште „Стрмец“, Звонимир Маркиќ, кој со голема радост ја прифати идејата од самиот почеток, градоначалникот на Света Недела, Дарио Зуровец, заменик-градоначалникот Марио Пшеничњак и советничката за односи со јавноста, Ања Блажина Болјевиќ. Вукелиќ на состанокот нагласи дека Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска континуирано го поддржува образованието на јазикот и писмото на националните малцинства бидејќи е начин на кој се создава инспиративна средина каде што слободно учиме едни за други и едни од други, информира Антоновски. Предметот Македонски јазик и култура во Хрватска го учат 108 ученици во осум основни училишта во Загреб, Дуго Село, Стрмец, Риека, Осиек, Пула и Сплит и во три гимназии во Загреб, Риека и Осиек. Предметот го учат припадници на македонското национално малцинство, како и други ученици, изборен е и се внесува во свидетелствата на учениците. -Со ова Република Хрватска се вбројува меѓу ретките земји кои овозможуваат да се учат јазиците на малцинствата, кои се признати и во Уставот, се наведува во соопштението.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако Шпанија станува лидер во паметното и одржливо производство на бакарИберискиот пиритски појас го привлекува вниманието на глобалната индустрија – комплексот „Sandfire MATSA“ во Шпанија користи напредна технологија за интеграција на три рудници во еден моќен преработувачки центар.Рударскиот сектор во Европа доживува вистинска револуција, а во центарот на овие промени се наоѓа Шпанија. Познатиот Ибериски пиритски појас во југозападниот дел на земјата (провинцијата Уелва) е дом на еден од најмодерните и технолошки најнапредните рударски проекти на континентот – комплексот Sandfire MATSA. Според анализата на стручниот меѓународен медиум Geomechanics.io, овој проект претставува учебнички пример и нуди клучни лекции за рударските инженери ширум светот за тоа како успешно да се интегрираат повеќе рудници во еден паметен, високопродуктивен и еколошки одговорен систем за производство на бакар и други полиметални суровини. Еден централен капацитет, три рудници: Моќта на паметната интеграција Срцето на овој комплекс е гигантската централна фабрика за преработка со капацитет од дури 4,7 милиони тони годишно. Оваа фабрика се напојува со руда од три посебни подземни рудници: Aguas Teñidas, Magdalena и Sotiel. Она што го прави овој проект исклучителен е неговиот т.н. „hub-and-spoke“ (централизиран) модел. Инженерите на „Sandfire MATSA“ користат софистицирани дигитални алатки за контрола во реално време, кои овозможуваат рудата со различен состав од трите различни наоѓалишта совршено да се комбинира и да се прилагоди пред да влезе во процесот на флотација. Со ова се постигнува максимално искористување на бакарот, додека истовремено се минимизираат загубите на енергија и ресурси. Технологија во служба на безбедноста и ефикасноста: Зад високите бројки на производство стои имплементација на најсовремена технологија. Комплексот се потпира на дигитализација на подземните процеси, оптимизирано управување со отпадниот материјал (backfill) и напредни геотехнички софтвери. Овие иновации овозможуваат: Поголема безбедност за рударите: Сите критични процеси под земја се следат преку софистицирани дигитални системи, со што ризиците се сведени на минимум. Стабилност и контрола на теренот: Со оглед на тоа што се работи за три различни геолошки локации, инженерите применуваат усогласени геотехнички стратегии кои гарантираат стабилност на подземните копови. Еколошки стандарди по највисоки европски правила: Покрај економските придобивки, овој централизиран модел во Шпанија носи огромна предност и за заштитата на животната средина. Наместо три посебни преработувачки капацитети кои би влијаеле врз природата на три различни места, „Sandfire MATSA“ има само еден централен пункт за управување со водите и јаловината. За шпанските регулатори и локалните власти во Уелва, ова овозможува исклучително строг, прецизен и лесен мониторинг на еколошките перформанси. Шпанија со ова покажува дека индустриското рударство на бакар – метал кој е клучен за зелената транзиција и електричните возила – може да се одвива со максимално почитување на најстрогите еколошки стандарди во Европа. Со вакви проекти, Шпанија не само што ја зацврстува својата позиција на европската рударска мапа, туку и поставува нови глобални стандарди за тоа како треба да изгледа одржливото и паметно рударство во 21-виот век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на жртви во Венецуела се искачи на повеќе од 4.550Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.561, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопшти претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Државна помош добија 128.324 семејства, а во земјата беа формирани 107 привремени кампови во кои се сместени 20.231 лице. Во соопштението се додава дека во земјотресите се оштетени 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати. На 24 јуни, Венецуела беше погодена од земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во временски интервал помал од една минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неаВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората. Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик. Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа. Дијаспората сака самата да го каже својот глас, а не да дозволи членови на криминалната мрежа во Белата палата да одлучуваат наместо неа. ВМРО-ОКГ сака да отвори пат за масовна злоупотреба преку неконтролирано гласање. Токму затоа се спротивставуваме на нивните предлози. Не затоа што сме против дијаспората, туку затоа што сме против кражбата на нејзиниот глас. Дијаспората гласаше и во минатото. Ќе гласа и во иднина. Но нема да дозволиме нејзиниот глас да го украде истата криминална структура која веќе две години ја држи Македонија во изолација и која ја доведе државата до економски колапс. Лагите на ВМРО-ОКГ немаат граница. Но има граница на трпението на граѓаните. Народот ќе победи. Европска и демократска Македонија ќе победи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55