Предметите на Карл Лагерфелд се продадоа за вистинско богатство, го наследи мачка - Канал 5

Предметите на Карл Лагерфелд се продадоа за вистинско богатство, го наследи мачка

„Магијата на Карл Лагерфелд живее“, изјави Пјер Мотес, потпретседател на Сотби во Париз, по аукцијата на 31 јануари на која беа продадени скици, облека и лични предмети од познатиот германски дизајнер.

Предметите на Карл Лагерфелд се продадоа за вистинско богатство, го наследи мачка

И навистина, аукцијата донесе неверојатни 1,1 милион евра, речиси десет пати повеќе од првичната проценка. Сите изложени предмети се продадени, а дури 94 отсто од нив ја надминале проценетата вредност.

Пар препознатливи ракавици без прсти од Шанел и пар возачки ракавици од брендот Кос донесоа 5.760 евра, речиси дваесет пати повеќе од горенаведената проценка. Комплет од 24 порцелански чинии од Мајсен достигнал неверојатни 102.000 евра, што е 127 пати повеќе од првичната проценка.

Ова е петта аукција на предмети од личната колекција на Карл Лагерфелд, која привлече речиси 700 учесници и генерира повеќе од 5.000 понуди.

Мотес нагласи дека последната продажба има особена тежина бидејќи дава увид во креативното студио на дизајнерот, како и неговите внимателно сочувани архиви и тетратки за инспирација. Лагерфелд скицирал лесно, користејќи хартија, моливи и шминка Шу Уемура за боење.

Еден од неговите скици со наслов „Baz & Karl & White Dress, 2004“ е продаден за 24.000 евра, додека „Victory of Gianni“ достигнал 60.000 евра, 75 пати повеќе од првичната проценка.

Неговата љубов кон минималистичкиот дизајн е очигледна и преку парчињата мебел што ги поседувал. Пар клупи од 2007 година, дело на неговиот голем пријател Хеди Слиман,се продадени за 33.600 евра, 11 пати повеќе од првичната проценка.

По смртта на Лагерфелд во февруари 2019 година, Sotheby's организира серија аукции посветени на содржината на неговите различни станови - вклучувајќи мебел, уметнички дела и луксузни автомобили.

Карл Лагерфелд беше познат по својата единствена личност и стил, но и по невообичаено блиската врска со неговата бела бурманска мачка Шупет, која го наследи неговото богатство од 1,5 милиони долари.

Често се фотографираше како ја држи во раце, а таа му стана верна придружничка дури и на гламурозните модни настани. "Таа е мирна, смешна, грациозна, убава за гледање и оди како кралица - но нејзината главна карактеристика е што не зборува. Тоа беше љубов на прв поглед", рекол Лагерфелд во интервју.

Иако се шегувал дека ќе се оженел со својата мачка доколку тоа е легално, нивната врска несомнено била посебна.

Шупе првично му припаѓала на францускиот модел Батис Џабикони, една од главните музи на Лагерфелд. Манекенката ја оставила кај дизајнерот на чување додека била на одмор во 2011 година, а кога се вратила, Лагерфелд повеќе не сакал да ја врати. Така Шупе станала негова.

После тоа, оваа неодолива мачка стана вистински феномен - таа се појави на насловните страници на списанијата, имаше своја линија за шминка, па дури и книга за нејзиниот живот. Таа патувала со приватни авиони, имала телохранители, готвачи и асистенти и вечерала спроти Лагерфелд секоја вечер во неговиот луксузен стан во Париз.

Денес, Шупет живее во Париз со поранешната куќна помошничка на Карл Лагерфелд, Франсоаза Како, која се откажала од другите обврски за целосно да се посвети на грижата за оваа позната мачка. Профилот на Шупет на социјалните мрежи се уште е активен, а нејзините обожаватели редовно ги следат нејзините луксузни моменти.

И додека светот на модата засекогаш изгуби еден од своите најоригинални креатори, неговата мачка продолжува да живее во стил што тој би го одобрил - со многу луксуз, внимание и љубов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата.

Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, кој ќе претставува основа за креирање квалитетни економски и социјални политики.

„Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата. Податоците треба да ни служат како основа за носење одговорни одлуки и мерки што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и заштита на куповната моќ на граѓаните“, нагласи министерот Дурмиши.

Според податоците на Министерството за економија и труд, просечната потрошувачка кошница за септември 2026 година изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство, што претставува намалување од 358 денари, односно 0,6 проценти во однос на август. Истовремено, во споредба со јануари годинава, вредноста на кошницата е зголемена за 1.736 денари или 3,1 процент.

Министерот посочи дека овие податоци ја потврдуваат потребата од континуирано следење на ценовните движења, но и од внимателно согледување на притисоците врз семејните буџети.

Во рамки на седницата беше образложена и методологијата за пресметка на потрошувачката кошница, која опфаќа 11 категории на трошоци и 101 прехранбен производ. Пресметката се темели на податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, информации за цените на овошјето и зеленчукот од 23 пазари, како и податоци од пет големи и три регионални трговски синџири.

Со ваквиот пристап, Министерството обезбедува поширок опфат на цените и потрошувачката на ниво на целата држава, со цел да се добие порепрезентативна слика за трошоците на домаќинствата.

Во однос на разликите со другите пресметки на потрошувачката кошница, министерот појасни дека тие произлегуваат од различната структура, опфатот и изворите на податоци. Најизразените разлики се забележуваат кај храната и пијалаците, облеката и обувките, образованието, домувањето и комуналните трошоци, додека во одредени категории, како одржувањето на домаќинството, рекреацијата и културата, пресметката на Министерството покажува повисоки вредности.

„Различните пресметки не треба да бидат причина за меѓусебно оспорување, туку поттик за конструктивна дискусија и креирање политики засновани на релевантни податоци. Ниту една статистика не може да ја замени реалната грижа за куповната моќ, економската сигурност и достоинствениот живот на граѓаните“, истакна Дурмиши.

Покрај потрошувачката кошница, на седницата на Економско-социјалниот совет беа отворени и прашањата поврзани со неработните денови, работата во недела, можностите за воведување четиридневна работна недела, како и регулирањето на пензискиот стаж.

Министерот нагласи дека сите овие прашања бараат внимателно разгледување, усогласување на различните интереси и активна вклученост на социјалните партнери.

„Економско-социјалниот совет е местото каде што ги слушаме аргументите на синдикатите, работодавачите и институциите. Нашата определба е преку отворен и конструктивен социјален дијалог да доаѓаме до решенија што ќе ги штитат правата на работниците, ќе обезбедат предвидливост за работодавачите и ќе придонесат за подобар животен стандард“, порача министерот Дурмиши.

Министерството за економија и труд останува посветено на унапредување на социјалниот дијалог, транспарентното следење на економските показатели и креирањето одржливи политики насочени кон подобрување на условите за работа и живот на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

Професионалната администрација не се гради со декларации, туку со знаење, одговорност и конкретни резултати.

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

Институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа и услугите што ги добиваат граѓаните. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој денеска од Прилеп се обрати на вториот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година.

„Не е доволно да имаме закони и процедури ако немаме луѓе што знаат доследно да ги применуваат. Знаењето без примена останува потенцијал, професионалноста без одговорност е само декларација, а работата без резултати не ја исполнува својата цел. Нашата обврска е да изградиме администрација што знае, умее и испорачува!“ истакна Минчев.

Сржта на оваа определба е Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, чиј почеток со работа е планиран за 1 јануари 2027 година. Академијата треба да воспостави систем во кој учењето нема да биде повремена активност, туку континуиран процес, а професионалниот развој составен дел од работата на секој административен службеник.

„Академијата не е само место за обуки, туку темел на администрацијата што сакаме да ја изградиме. Не можеме да очекуваме подобри услуги ако не вложуваме во луѓето што ги обезбедуваат. Затоа воспоставуваме систем што ќе го развива знаењето, ќе ги унапредува професионалните компетенции и ќе ја зајакнува одговорноста. Силата на институциите почнува со квалитетот на луѓето, а нивната вредност се докажува со резултатите што ги испорачуваат“ порача министерот.

Во тек се подготовките за функционирање на Академијата, развојот на програмите и модулите за обука, унапредувањето на системот за електронско учење (ЛМС) и обезбедувањето услови за спроведување обуките.

Министерството за јавна администрација продолжува со реализацијата на генеричките обуки како дел од поширокиот процес на јакнење на административните капацитети. Знаењето е почетната точка на реформите, професионалноста е нивниот стандард, а конкретните резултати во работата на институциите се мерилото според кое граѓаните ќе го препознаат нивниот успех.

Ви благодариме.

Со почит,

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Општина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти.

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани.

Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата.

Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација.

Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните.

Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер