Предложени законски измени за забрана на влез на невакцинирани и непрележани во затворено - Канал 5

Предложени законски измени за забрана на влез на невакцинирани и непрележани во затворено

Предложени законски измени со кои се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти.

Предложени законски измени за забрана на влез на невакцинирани и непрележани во затворено

Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието.

Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест.

Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.

Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.

– Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29а.

Се додава дека Светската здравствена организација евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба. При тоа, основниот принцип е приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. 

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, која се одржа во Тетово.

Во своето обраќање Димитриевски нагласи дека ЗНАМ на политичката сцена влезе со јасна определба да биде носител на промени и да придонесе кон создавање држава со ред, систем и еднакви можности за сите граѓани.

„Не влеговме во политиката за да бидеме продолжена рака на некого, туку за да изградиме политички субјект кој ќе се бори за држава со ред, систем и одговорност. Европска Македонија е Македонија во која граѓаните имаат доверба во институциите, младите гледаат иднина дома, а одлуките се носат според принципи, а не според интереси. ЗНАМ не е проект на еден човек, туку движење на луѓе кои веруваат дека Македонија може и мора да биде подобра држава“ истакна Димитриевски.

Тој порача дека учеството на ЗНАМ во власта е водено од одговорноста да се спроведуваат реформи, но и да се укажува секогаш кога е потребно, со цел заштита на државните интереси и принципите на кои почива движењето.

Во рамките на панел-дискусијата, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, ги претстави реформските процеси во јавната администрација и досегашните активности за изградба на професионални и функционални институции, додека потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, се осврна на мерките за поддршка на земјоделците, развојот на домашното производство и рамномерниот регионален развој како основа за посилна и поконкурентна македонска економија.

Димитриевски нагласи дека иднината на Македонија зависи од создавање систем во кој квалитетот, интегритетот и посветеноста ќе бидат поважни од партиската припадност.

„На големите не им одговара еден ден да видат голем ЗНАМ, но јас сум убеден дека тој процес ќе се случи. Нашата сила е во луѓето кои веруваат во идејата, во луѓето со интегритет и карактер и во политиката која дава еднаква можност за секој човек. Македонија може да оди напред само ако создадеме систем во кој знаењето, трудот и чесноста ќе бидат поважни од партиската припадност“ порача Димитриевски.

Од Тетово беше испратена порака дека Движењето ЗНАМ останува посветено на својата визија, европска Македонија со силни институции, развиена економија и достоинствени граѓани, држава која напредува преку работа, одговорност и резултати, без откажување од националните интереси и достоинството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал

Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал за да му го дадат нему.

Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал

Голманот Џејсон Стил го заврши Светското првенство со бронзен медал околу вратот, иако не беше дел од составот на Англија за турнирот.

Неверојатна сцена по натпреварот за третото место на Светското првенство меѓу Англија и Франција. Англија победи со 6:4 (4:0) по еден многу хаотичен натпревар, по што започна доделувањето на бронзените медали. Еден од нив му припадна на фудбалер кој не беше на списокот на селекторот Томас Тухел и кој никогаш претходно не го носел дресот на сениорската репрезентација на Англија. Станува збор за голманот Џејсон Стил, кој иако не беше дел од официјалниот состав од 26 играчи, го помина целиот турнир со тимот; неговите соиграчи ја прекинаа церемонијата за доделување медали за тој да може да се качи на подиумот, а потоа Џордан Хендерсон му го стави медалот околу вратот.

Џејсон Стил има 35 години и е најпознат како долгогодишен голман на Мидлсбро, за кој бранел во периодот од 2007 до 2015 година. Во тоа време, тој бил член на сите младински репрезентации на Англија и настапил на Олимписките игри во 2012 година, а бил испраќан и на позајмици во Нортхемптон и Блекбурн. Бил откупен од Блекбурн, а потоа и од Сандерленд, додека од 2018 година е резервен голман на Брајтон.

Селекторот Томас Тухел го повикал во март 2026 година за пријателските натпревари против Уругвај и Јапонија, а тој на крајот се приклучил како голман за тренинзи за време на турнирот. Постоела и идеја тој да биде дел од составот од 26 играчи како специјалист за пенали, но од таа замисла на крајот се сепак се откажале. Сепак, неговите соиграчи се погрижиле тој – кој бил со тимот во текот на подготовките и на самиот турнир – сепак да го добие својот медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарскиот претседател ја потпиша својата смена

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да се повлече, потпишувајќи го новиот амандман на Уставот, со кој заврши неговиот мандат на полноќ.

Унгарскиот претседател ја потпиша својата смена

Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја протурка промената на Уставот во парламентот оваа недела за да го отстрани Суљок, кого го сметаше за марионета на поранешниот премиер Виктор Орбан.

Суљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикуваше постапка за отповикување. Тој потврди дека ќе го испочитува рокот, но ја обвини владата на за кршење на владеењето на правото. Со новиот амандман беше сменет и претседателот на Уставниот суд и се забранува пратениците да имаат повеќе од три мандати, што се однесува на повеќе од половина од сегашните парламентарци на фидес на Орбан. Тој го опиша амандманот како чин на тиранија и повика на протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер