СДСМ: Ниту остваки ниту разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ – Мицкоски потврди дека Младиќ е и негов генерал
1СДСМ: Ниту остваки ниту разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ – Мицкоски потврди дека Младиќ е и негов генерал
МакедонијаПредложен притвор за едно лице по насилство во ЧаирОсомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаСДСМ: Ниту остваки ниту разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ – Мицкоски потврди дека Младиќ е и негов генералНема ниту оставки ниту разрешувања на Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по скандалот со величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. Мицкоски ги спаси. Не требало да се бара кривична одговорност вели Мицкоски, доволно било што го избришал својот став. Секоја изјава на Мицкоски и скандал сам по себе. Законот не важи за министрите и директорите на Мицкоски, не важи ниту за Мицкоски, тој кажува дали треба кривично да се гони некој или не. Нормално, затоа што Мицкоски управува со обвинителството, преку телефон. Бришењето на објава од профилот на социјалните мрежи не значи бришење на став. Јасно е дека човекот поддржува геноцид. И тоа е нешто што Мицкоски не може да го избрише. Бришењето на објавата не може да ја избрише историјата и не може да ја избрише пресудата за воени злосторства на осудениот Младиќ. Ставот на директорот на Агенцијата за заедници, како и ставот на Стоилковиќ, е став на српската служба БИА. Но, ставот на луѓето во Владата на Македонија, кои ги претставуваат сите граѓани на Македонија, по прашањето за геноцидот не може да биде само став на обичен граѓанин. Едно е јасно. Без оставки и без разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека тие останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал. Со тоа што Мицкоски ги штити, потврди дека Младиќ е и негов генерал. Знаевме дека Младиќ е генерал на Вучиќ. Сега знаеме дека е и на Мицкоски. Латас тера црна кампања преку орбановите 40% од медиумите ов Макеоднија. Мирослав Тричковиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на заедниците објавува гнасни текстови полни со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и претседателот Венко Филипче. Кампањата „талог“ полна со навреди за граѓаните, поделби, сеење омраза е во полн ек. Тоа е екипата на Стоилковиќ. Тоа е екипата на Мицкоски, а сите заедно се екипата на Вучиќ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Скопје за неколку часа расчисти кривичното дело „предизвикување општа опасност“Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(51) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.На 01.09.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода била опожарена влезна врата од стан сопственост на Х.С.(57). Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за Внатрешни работи Кисела Вода презеле мерки и активности за расчистување на случајот. По извршениот увид и деталната анализа на обезбедената видео-документација, како и по преземените мерки и активности, како можен сторител бил идентификуван Д.Т. (50) од Скопје. На 01.09.2026 година лицето било лишено од слобода. Во присуство на дежурен јавен обвинител и очевидец, кој го препознал како сторител на кривичното дело, со пријавениот бил извршен службен разговор, при што биле обезбедени дополнителни сознанија и појаснувања во врска со начинот на извршување на кривичното дело.Тагови: СВР Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоцијата на „Градски воз“ од Зелениково до железничката станицаПремиерот, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на официјалната промоција на проектот „Градски воз“, најавија од владата.Според планираното, присутните симболично ќе го означат почетокот на проектот „Градски воз“ со патување со воз од железничката станица Зелениково до железничката станица Скопје. Сообраќајот на оваа релација ќе се одвива со три воза, кои ќе сообраќаат по точно утврден ред на возење подготвен од страна на „Македонски железници – транспорт“. За потребите на проектот, ЈП „Македонски железници – инфраструктура“ изврши целосна реконструкција на пругата, со што е подигнато нивото на безбедност и е зголемен капацитетот за брзина на возовите. Ова е првата од трите предвидени линии и таа тргнува од Зелениково и застанува на станици во Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево, Лисиче и последната на железничката станица.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27