Предлогот за полициски час од 19 до 5 часот и задолжително носење маски денеска пред Владата

Надлежните во земјава најавија можно постепено ублажување на мерките за заштита од коронавирусот, но и дополнителни мерки како задолжително носење заштитна маска, кои ќе одат заедно со намалувањето на ограничувањето на движењето. 

Денеска на седница Владата ќе ја разгледува можноста за намалување на времетраењето на полицискиот час и олеснување на движењето на помладите и повозрасните. Претходно од Владата најавија и изработка на оперативен план за почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници.

Предлогот е да се направат следните измени: полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот, како што беше досега. Со ова ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници, за повозрасните граѓани наместо од 10 до 12 часот да продолжи времето на движење од 8 часот до 12 часот, продолжување на периодот во кој се движат младите до 18 години и тоа ќе биде од 13 до 16 часот. Предлог е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и сега да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки што се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.

-Сите рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот дадоа добри резултати. Мерките мора да останат во сила се додека не сме сцелосно сигурни дека состојбата е под контрола и дека сме го поминале пикот на болеста. Сепак, најновите анализи и проекции покажуваат дека се создадени услови за благо релаксирање на рестрикциите за движење, но на сметка на подигнување на мерките на лична заштита и согласно овие анализи Министерството за здравство и Комисијата доставија до Владата предлог – измени во мерките за ограничување на движењето и воведување нови мерки за лична заштита на населението, истакна вчера на онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Паралелно со ова релаксирање на мерките, потенцира, се воведуваат нови задолжителни мерки на лична заштита и граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од два метра.

– Попрецизно заштитна опрема треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип како маркети продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи каде има повеќе лица. Во однос на отворените површини заштитната опрема мора задолжително да се носи на места каде нема простор за дистанца од два метра. Задолжително носење на заштитна опрема важи на пример за пазарите како најдобар пример за место од отворен тип. Исклучок за носење заштитна опрема на отворено се прави само ако лицето носи заштитна опрема на работа која е пропишана со работното место како погони, фабрики..., ако престојува во двор на семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено и ја држи потребната дистанца од два метра и не го прави тоа во групи согласно постојните рестрикции, при возење во патничко моторно возила со лица со кои лицето живее во заедница или домаќинство или при движење на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метра од другото лице кое е во непосредна близина, истакна Филипче.

Додаде дека под заштитна опрема за лице се подразбира каква било форма која ќе го покрива пределот на носот и устата како маска за еднократна или повеќекратна употреба или марама или шал или слично што може да ја прекрие устата и носот во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.

Министерот за здравство истакна дека уште не сме влезени во периодот кога пикот на најмногу заразени пациенти со коронавирусот е поминат. Според него, останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.

Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека бројот на тестираните пациенти е намален, но тоа било очекувано поради празниците, токму заради тоа има и помалку позитивни.

Претходно Министерството за здравство соопшти дека вчера биле регистрирани седум нови случаи со коронавирус, како и дека во Скопје првпат не е регистриран ниту еден позитивен на вирусот. Вчера втор ден по ред имаше повеќе излекувани од заболени од коронавирусот.

Пред два дена, премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници.

– Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Премиерот Спасовски претходно на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК", информираше дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала. /МИА

Ангеловска-Бежоска на средба со директорот на ММФ Камер

 Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. 

Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната.

Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил.

- Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката.

Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

Рејнолдс сам се грижел за своите четири деца еден ден: „Никој не умре, што е убаво“

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс откри дека еден ден се грижел за своите четири деца, кои ги има во брак со убавата Блејк Лајвли.

Водителката на „Today Show“ го прашала мегапопуларниуот актер како изгледало тоа.

- И знаеш. Самохран татко. Сè направив сам. Сите ги однесов во парк. Им кажав дека мајка им ги напуштила кога биле многу мали. Беше добро. Никој не умре, што е исто така убаво. Со четири деца едноставно преживуваш – се пошегува тој.

Инаку, Рејнолдс и Лајвли се во брак 11 години, а познати се по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи.

Османи во Стразбур: Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 133. сесија на Комитетот на министри на Совет на Европа во Стразбур, при што ја подвлече улогата на мултилатерализмот при справување со тековните многубројни предизвици.

-Покрај сите свои пропусти, мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации и неспоредливи предизвици од различна природа. Советот на Европа останува суштински столб во тој поглед. Сепак, ние, земјите-членки ја носиме одговорноста за неговата ефикасност, истакна Османи.

Според него, на 75-годишнината од постоењето, Советот на Европа со нејзините норми и стандарди придонесе за подобрување на животот на граѓаните, чување на човековите права и негување на демократијата и владеењето на правото.

Министерот го поздрави денешното усвојување на Рамковната конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, како прв меѓународен инструмент во оваа област.

-Блиската соработка со другите меѓународни организации, особено со ЕУ, ОН и ОБСЕ при решавање на заедничките проблеми е од особено значење, додаде Османи.

За време на престојот во Стразбур, Османи ќе има средби со негови колеги од различни земји.

притисни ентер