МакедонијаПредлогот за нов член на антикорупциската комисија Денеска Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата Денеска Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки. Прворангирана на листата за нов член на антикорупциската комисија со најмногу бодови, според документот објавен на веб страната на собранието, е Катерина Зајковска со 90, 67 бодови, а зад неа се Милка Муратовска, Тања Левајковиќ и Владимир Клековски.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најжестоко досега ја нападна Мелони: Сака повторно да бидеме пријатели- не, благодарам Американскиот претседател Доналд Трамп, во нова објава на својата социјална мрежа Truth Social, ја критикуваше италијанската премиерка Џорџија Мелони.Трамп изнесе обвинувања за однесувањето на италијанската премиерка за време на претходните состаноци, но и за воените и логистичките одлуки во Рим кои, според него, им наштетиле на американските интереси. „Италијанската премиерка Џорџија Мелони постојано бараше да се фотографира со мене за време на состанокот на Г7 во Франција. Таа е во лоша состојба со нејзиното ниво на популарност во Италија, веројатно затоа што ги одби Соединетите Американски Држави - земја која навистина ја сака и ја штити Италија - кога беше потребно да се спречи Иран да добие или развие нуклеарно оружје (но, патем, така направи и НАТО!)“ - изјави Трамп. Тој особено нагласи дека Италија одби логистичка поддршка на американската војска во клучен момент. „Тие дури и не ни дозволија да ги користиме италијанските аеродромски писти, што ни создаде огромни логистички непријатности. „И сето ова и покрај фактот дека Соединетите Американски Држави издвојуваат стотици милијарди долари годишно за да ја заштитат Италија и другите таканаречени сојузници на НАТО“, напиша Трамп. Тој заклучи дека официјален Вашингтон постигнал воена победа во спорот со Техеран без помошта на Рим и дека сега нема простор за обновување на односите под старите услови. „Сега, откако САД воено го победија Иран, сакаат повторно да бидеме пријатели за да го подобрат својот рејтинг. Не, благодарам!“, рече Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСветскиот ден на јогата се одбележа и во СкопјеВо сите земји во светот 12-та година по ред се организираат настани по повод Светскиот ден на јогата.Во Градскиот парк во Скопје денеска се организираше јога час каде со убава атмосфера и пријатна музика граѓаните го почнаа викендот со насмевка и јога вежби. Во Скопје пристигна и амбасадорот и претставник за Македонија од Индија, Арун Кумар Саху. „Јогата не е само вежбање таа е и посебен момент кога се спојува телото и духовното“, објасни Саху. Учители по јога од Македонија со порака во време на стрес и заборавање на самиот себе, јогата е техника за мир кон себе и кон другите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд понеделник намалување на цената на горивата, најави МицкоскиПремиерот Мицкоски кој денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во Општина Карпош, изјави дека од понеделник ќе има сериозно поевтинување на горивата.. Тој очекува со финализација на мировните преговори меѓу САД и Иран цената на нафтата на берзите да се стабилзира , но дека тој процес како што изјави, ќе потрае. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48