МакедонијаПредлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратеницитеСобранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт.Претседателот на Собранието, Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на Претседател на Уставен суд. -Се отвори прашањето за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд. Ние ја ставивме како точка на дневниот ред. Имаше дискусија дали сме постапиле добро, дали е во ред или не, што е нормално. Наша и моја дилема како Собрание, како кабинет и како служба. Ние се водевме по членот 72 од Уставот и 47 од Деловникот на Собранието каде се вели „интерпелација може да се покрене за секој носител на јавна функција“. Сега ние како Собрание мораме да го процесуираме тоа. Од друга страна зборуваме за судска власт и тоа остана тема која ќе ја видиме. Можеби некои од пратениците ќе бараат таа точка да се тргне од дневниот ред. Главно, на координацијата со координаторите на пратеничките групи преовладуваше перцепцијата дека не е добро како Собрание да вршиме интерпелација на претседател на Уставен суд. Ќе видиме како ќе одлучи пленумот, рече Гаши. Информира дека тој ќе бара од собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања јавна расправа за дефинирање на зборот „носител на јавна функција“. -Јас ќе барам од Комисијата за деловнички и мандатни прашања да заседава и понатаму да направиме јавна расправа да се дефинира поточно зборот „носител на јавна функција“, затоа што тука спаѓаат претседателот на државата, градоначалниците, особено судовите. Мислам дека треба правно да ја разјасниме за понатаму да не остане тоа на волјата на претседателот на Собранието или некоја индивидуа, туку да оставиме институционален траг како да се постапува по овие иницијативи. Гаши потенцира дека поднесителите на иницијативата за Костадиновски, односно ДУИ, не присуствувале на денешната координација на координаторите на пратеничките групи. Предложил таа точка да се тргне од дневниот ред. -Подносителот на иницијативата за интерпелација, односно ДУИ не беа денеска на координацијата. Јас сакав да предложам дали да ја тргнеме, ама тогаш пак ќе имаше реакции зошто сме ја тргнеле и плус не беше координаторот на ДУИ за да не решаваме во нивно име. На самата седница ќе се гласа дали да се тргне. Во Уставот стои само „носител на јавна функција“. На пример, тогаш ДУИ реагираше за интерпелацијата за членовите на Судскиот совет, а сега тие сами предлагаат, рече тој. Гаши соопшти дека Собранието ги следела сите рокови и до Костадиновски е испратена интерпелацијата. Посочи дека тој имал рок да одговори, но не одговорил. Потенциа дека Костадиновски кажал дека нема да присуствува на пленарната седница каде ќе се дискутира за неговата интерпелацијата. Гаши нагласи дека тоа е негово право. Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд. - Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани. Според Хасани, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик. - Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју што е дадено за новинската агенција МИА во август 2024 година, каде што вели цитирам „дека политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема. Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос и дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на зкаонот и да предвиди законодавна интервенција. Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристараноста на претседателот на Судот во случаи што се уште се во фаза за разгледување, рече Хасани. Во реакцијата од Уставниот суд тогаш преку соопштение посочија дека Костадиновски нема да коментира какви било политички изјави. -Уставот на Р.С.М не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната ниту од страна на извршната власт. Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста не подлежи на начелото на поделба на власта . Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки, акти и дејствија . Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција . Уставот не му дозволува на Собранието со законски решенија на кој било начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на судиите, беше посочено во соопштението на Уставниот суд. На 59. седница, нај дневен ред се предложени 31 точка меѓу кои и Предлогот за изборот на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, во второ читање, Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници во второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. По скратена постапка се поднесени Предлог на законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство. Тагови: Костадиновски Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот. -Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа. Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна. -Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска. Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаАД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехникаНа иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“. „Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи. Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри. „Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска. Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: АД МЕПСО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44