Предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра попладнево изгласан во Собранието - Канал 5

Предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра попладнево изгласан во Собранието

И покрај тензиите и острите дискусии, Собранието експресно го изгласа нвоото задолжување со кое земјава ќе добие 260 милиони евра од пет меѓународни банки. 

Предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра попладнево изгласан во Собранието

Предлог законот за заемот поминна со 65 гласа „за“ и 14 „против“... Според СДСМ предлог законот се носи преку кршење на деловникот и заобиколување на собраниските процедури. Критикуваа и дека каматните стапки се превисоки, а средставата наместо за капитални инвестиции и за подобар животен стандард ќе се користат за покривање на буџетски дупки.

Од власта возвраќаат – враќаме долгови направени во време на СДСМ, заемот е обезбеден по најдобри услови на пазарот.

од СДСМ регираа на отуството на министеркката Димитриеска-Кочоска и ја повикаа да одговори дали подготвува и ново задолжување. Од власта посочија дека била на службено патување во Словенија, а наместо министерката, предлогот заклонот го образожуваше замник министерот за финансии Николче Јанкуловски, кој кажа дека парите ќе се користат за вложувања во капитални инвестиции и сервисирање на обврски од буџетот..

Законт се доенсе откако претходно Комисиските расправи течеа со прекини, по што од опозициската СДСМ ја напуштија седницата за финансирање и буџет, а Гаши за претседавач го назначи Бојан Стојановски на местото на Лукаревска.

Заемот се зема со рок на отплата од седум години, од кои три години се грејс период и со варијабилна каматна стапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна Гора

Синоќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.

О. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна Гора

Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот.

„Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора.

Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари.

Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола.

Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со песто

Во петок (25.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Александра Илиевска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со песто

Состојки за денешниот рецепт:

2 - 3 домати

свежа рукола една кеса

1 кромид

тегличка песто

100 гр. сирење

малку сусам

Омлет

4 јајца

100 гр. сирење

маслиново масло

малку сусам

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо ја напушта репрезентацијата, дебатата се проширува: Се вклучи и селекторот на Белгија

Заминувањето на легендарниот капитен Кристијано Роналдо од португалската репрезентација стана тема и на прес-конференцијата што ја одржа селекторот на Белгија, Марк ван Бомел. 

Роналдо ја напушта репрезентацијата, дебатата се проширува: Се вклучи и селекторот на Белгија

Холандскиот стратег ги коментираше постапките на Жорже Жезус, конкретно прашањето околу ветувањето дадено на играч дека ќе добие шанса за настап.

Ван Бомел смета дека тренерот не треба однапред да гарантира минутажа, бидејќи начинот на кој се одвива натпреварот може да наметне потреба од поинакви одлуки.

„Ако дадете такво ветување, мора да го исполните. Никогаш не сум му ветил на играч дека ќе игра, бидејќи никогаш не се знае што може да се случи. Мора да ги оставите опциите отворени, дури и ако му кажете на играчот дека постои голема веројатност да влезе во игра. Тоа е она што можете да го направите“, истакна селекторот на Белгија.

Неговата порака се однесува на разликата меѓу најавување на евентуален настап и давање цврсто ветување за кое играчот очекува дека тренерот ќе го исполни.

Ван Бомел остави простор за можноста португалскиот тренер да имал свои причини за таквиот потег, но повтори дека таков пристап не е дел од неговиот начин на работа.

– Жорж Жесус веројатно имал свои причини, но на пријателски натпревар е полесно да се вети дека некој ќе одигра 40 или 60 минути. Да се ​​ветуваат такви работи, да се размислува... Мислам дека никогаш не сум го направил тоа – додаде тој.

Роналдо го напушти собирот по изјавите на Жесус и разговорите со претседателот на португалската федерација. Претходно, тој се загреваше на натпреварот против Норвешка, но не доби шанса да заигра. Капитенот најави дека во соодветно време детално ќе ја изнесе својата верзија за причините за заминувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер