Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
2Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаПредлог-резолуцијата за црвените линии и денеска меѓу главните теми во изборната кампања за локалните избори Предлог резолуцијата која претседателот на СДСМ Венко Филипче ја презентираше пред локалните избори и денеска меѓу главните теми во кампањата. Филипче тврди дека не се урнати националните позиции за време на владеењето на неговата партија, но и дека не гледа дека сега се вратени, како што вели премиерот Христијан Мицкоски. Резолуцијата која ја објави пред десетина дена, вели дека ги потврдува и зајакнува македонските црвени линии. -Националните интереси за време на владеењето на СДСМ никако не се урнати, ниту гледам како сега се некако вратени. Станува збор за потврдување на нашите црвени линии, потврдување на нашата заедничка позиција со национален консензус за прв пат, значи не станува збор за уривање туку за зајакнување. Ајде еднаш заедно сите 120 пратеници, како што тоа го прават сите држави вклучувајќи ја и Бугарија, коишто имаат сите пратеници заеднички декларации во бугарското собрание за нивните национални интереси, ајде тоа да го направиме ние. Да е конечно јасно и сите да потпишеме што е тоа што е наш национален интерес, кои се нашите црвени линии и дека за тоа едноставно не преговараме. Токму тоа стои во нашата предлог Резолуција. За јазикот, идентитетот, културата, историјата, ние не преговараме. Тоа се нашите црвени линии,- изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ. По средбата со граѓани во Кисела Вода, Филипче обвини дека ЈП Железници и инфраструктура, потпишало договор за надзор со италијанската ИРД, истата компанија којашто е надзор за Бехтел и Енка за која како што рече, ВМРО ДПМНЕ претходно обвинувале за сомнителни зделки. Претседаелот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски пак синоќа од партиски митинг во Могила осврнувајќи се на пораките кои ги испраќа опозицијата за време на предизборната кампања, порача дека со Резолуцијата која ја предложија Филипче и СДСМ, ги подриваат и оние малку повратени државни позиции. -Но што се крие позади тој документ. Прво, тие ги уриваат тешко повратените минимални, но повратени национални и државни позиции кои владата ги направи изминатите 15 месеци. На овој начин тие ги подриваат и оние малку повратени позиции кои жествоко работевме да ги повратиме овие 15 месеци. И второ, тие имаат уште еден подарок за нашиот источен сосед, а тој подарок кој е? Вели претседателот на СДСМ вели еве сега уште еднаш да ја свиткаме кичмата, без да добиеме ништо, нашите во Пиринска Македонија не нè интересираат,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ (03.10.2025 Могила) . Предлог резолуцијата која ја објави Филипче предвидува рок за уставните измени до 10 фецруари догодина. Претходно посочи и дека се работи на документ за национален консензус, според кој, решението нема да биде ни наметнато, ни затворено, туку ќе биде објавено како работна верзија за јавна и политичка дебата. Тагови: Венко Филипче локалните избори Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерницаНа 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола.Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМинистерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 годинаОдборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија. Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
ЗабаваФото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоваруваНајголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација. Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции. Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед. Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата. Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна. Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter