Предлог измените за намалување на коефициентите на функционерските плати, го минаа првиот филтер - Канал 5

Предлог измените за намалување на коефициентите на функционерските плати, го минаа првиот филтер

Според власта измените се согласно уставот и веќе со исплатата на февруарската плата во март  функционерите ќе имаат нивелирани плати, односно нема да се зголемат согласно растот на просечната плата за минатата година.

Предлог измените за намалување на коефициентите на функционерските плати, го минаа првиот филтер

Со мартовското усогласување функционерските плати ќе останат исти – предлог измените на владејачката ВМРО ДПМНЕ за намалување на коефицинетите за пресметка на платите на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители,градоначалниците – откако пратениците денеска дадоа зелено светло за потребата од носење на измените, а кон еден од законите за платите на праетниците се приклучија и од Вреди.

Според власта измените се согласно уставот и веќе со исплатата на февруарската плата во март функционерите ќе имаат нивелирани плати, односно нема да се зголемат согласно растот на просечната плата за минатата година.

„Целта е да се спречи непропорционално зголемување на платите, да се обезбеди поголема транспарентност и еднаква распределба на буџетските средства на начин што платите на пратеници да бидат во согласност со економската реалност во државата....“ - Беким Ќоку – ВРЕДИ.

„Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефицинетите со што се обезбедува рациноално користење на буџетските средства. Сакам да нагласам дека ова законско решение е во согласност со Уставот и е единствено законско решение кое што може да влезе уставната рамка и потоа да не биде обжалено пред Уставниот суд. “- Бојан Стојановски – ВМРО ДПМНЕ.

Пред одлуката на собраниската седница здружението на јавни обвинители побараа Законодавниот дом да ги повлече законските измени, односно тие да не важат за обвинителите..Во нивната реакција посочуаат дека се свесни за сложената економска ситуација во државата и за потребата од штедење, но велат дека нивната работа, не дозволува вршење на други дејности, а платата е единствен приход, кој според нив, е веќе најниска во регионот

Поддршка во барањето добија и од претседателот на Советот наЈавни обивнители...

„Јас сметам согласно закон, треба, како другите функционери така и ние да према процентот што е предвиден согласно закон... затоа што ова веќе секоја година процентот се намалува значи до каде ќе идеме не зборувам за мене зборувам за цела фела.... “- Башким Бесими – претстедател на Совет на Јавни овинители .

По реакциите на обвинителите, од ВМРО ДПМНЕ реплицираа дека наместо за реформи обвинителите со доверба во правосудството од 2 % се борат за повисоки плати. Во мегувреме, пред уставниот суд во тек е постапка за оценување на уставноста на последните измени на законот за платите на јавните обвинители со кои веќе се интервенираше со намалување на коефицинетите, покрената лани во декември од страна на судиите и обгвинителите....

Согласно измените, кои сега се предлагаат за пратениците коефицинатите ќе се движат од 2,45 до 3,17. За избраните и именувани лица коефициентите во просек се намалуваа од 0,15 до 0.30 проценти.... Во просек за околу 0,20 % се намалуваат коефициентите и на судиите, членови на Судскиот совет, советот на јавни обвинители и јавните обвинители. А нова скала се предлага и за градоначалниците зависно од бројот на жители во општините... Согласно законите, плататите на функционерите се пресметуваат со множење на овие коефициенти со просечната плата, откако Устваниот суд го укина „замрзнувањето на платите“, по што тие нагло пораснаа за 78%. Оттогаш, три години по ред, и владата на СДСМ и сега владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намалува коефициентите, за платите да останат на исто ниво.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

Во текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци 

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

Денеска (28.08.2026) полициски службеници од СВР Скопје на територија на општина Сарај реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми.

Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Штип и Отсекот за превенција при СВР Тетово, пак, спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај. На наплатната станица „Кадрифаково“ во склоп на кампањата „Безбедно лето - вози одморен“, полициски службеници од СВР Штип на возачите во непосредна комуникација им укажаа за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, поточно на влезот во село Лешок, ги информираа возачите за последиците што можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол. Во текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност – Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО.

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

Прашан дали рускиот претседател Владимир путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори: „Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“. „Вол Стрит Џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон ретклиф, за време на тајната посета на Москва пред три дена ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф. Од друга страна, Кремљ извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО ги нарече „хорор приказни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер