Предлог измените на Изборниот законик за воведување една изборна единица на 53. седница - Канал 5

Предлог измените на Изборниот законик за воведување една изборна единица на 53. седница

Предлог измените на Изборниот законик од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание.

Предлог измените на Изборниот законик за воведување една изборна единица на 53. седница

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието.

-Воведување на една изборна единица – со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници; Поголема застапеност на помалите политички субјекти – преку правично претставување согласно реалната добиена поддршка на национално ниво; Јакнење на довербата во изборниот процес – преку транспарентност, правичност и зголемена отчетност на политичките актери; Унапредување на политичката инклузивност – преку создавање услови за подобра застапеност на жените, младите, лицата со попреченост и другите маргинализирани групи во законодавниот дом; Приближување кон меѓународните стандарди – преку имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и усогласување со добрите европски практики за изборни системи, се наведува во образложението за измените на Предлог-законот објавен во веб-страна на Собрание.

Како што се наведува во образложението, предложените законски решенија ќе придонесат кон зголемена вклученост на граѓаните во изборниот процес, особено преку унапредување на можноста за учество на независни кандидати и граѓански иницијативи.

-Воведувањето фиксен праг од 1.000 потписи за поднесување листа во рамки на изборната единица, како и продолжувањето на рокот за собирање потписи на 30 дена, ќе ги намали административните пречки и ќе создаде поправични услови за сите учесници, независно од политичка или финансиска моќ. Со тоа се поттикнува политичкиот плурализам и се овозможува поширок опсег на избор за граѓаните. Воведувањето на пропорционален изборен модел со преференцијално гласање (т.н. отворени листи), во рамки на една изборна единица што ја опфаќа целата територија на Република Северна Македонија, има за цел да ја зајакне врската помеѓу избраните претставници и граѓаните. Со овој модел, граѓаните не гласаат само за политичка листа, туку и директно го определуваат редоследот на кандидатите со давање преференцијални гласови, што овозможува поголема персонализација на политичката одговорност. Истовремено, наизменичниот распоред на жени и мажи на листите и принципот на родов паритет ќе гарантираат правична застапеност на половите. Овие мерки заедно ќе придонесат за повисока демократичност, транспарентност и доверба во изборниот процес, се вели во Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

И од Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица, во кој пратениците можат да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР. Поддршка за отворање на широк дијалог околу измените на Изборниот законик за една изборна единица дадоа и Партијата за движење на Турците (ТПХ) и Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

-Потребна е сеопфатна, инклузивна и транспарентна реформа, која ќе ја гарантира рамноправноста на сите граѓани – без разлика на бројноста на заедницата од која доаѓаат. ТХП ќе продолжи активно да се залага за изборен систем кој ќе ја одразува реалната мултиетничка структура на државата и ќе гарантира глас и претставеност на сите заедници во духот на вистинската демократија, посочија тогаш од ТХП преку соопштение.

Демократска обнова на Македонија (ДОМ), соопшти претходно дека со задоволство ја поздравува иницијативата за воведување на една изборна единица, но смета дека истата треба да биде проширена со воведување на пропорционален изборен систем, без праг, со отворени листи и со 50% застапеност на жени на листите.

-Ова е предлог за кој ние со години се залагаме и за кој сме убедени дека е клучот за посуштинска демократизација и поправедно претставување на граѓаните во нашето Собрание, посочија од ДОМ.

Пред пратениците во рамки на денешната пленарна седница е и Предлог на законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, животите ги загубија 62 млади луѓе и околу 200 беа повредени. Во досегашната истрага за тешки дела против општата сигурност осомничени се вкупно 46 лица. Истрагата продолжува и за 14 полициски службеници, за кои се уште се собираат докази.

На дневен ред на оваа седница има уште 18 точки - Предлог на одлуката за распишување јавен оглас за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, Предлог на законот за изменување на Законот за фитофармација, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Предлог на законот за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, Предлог на закон за изменување на Законот за високото образование, сите во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Предлог на законот за архивски материјал и архивска дејност, сите во прво читање и Фискалната стратегија на Република Македонија за 2026 - 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата.

На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината.

Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари.

На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран.

Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација.

Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста.

Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета.

Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов.

Кој е наследникот на таа традиција? Груевски.

Велеше Ванчо - македонски син.

На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила.

Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски.

Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција.

Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост.

СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“.

Атентатот врз демократијата нема да остане без име.

Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда.

Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот.

Оваа група ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развива

Дебрца се менува и развива со нова фабрика во Мешеишта, реконструкција на Домот на културата во Волино, асфалтирани улици низ цела општина/

ВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развива

Една година после промените кои ги донесоа граѓаните, Дебрца бележи значаен развој во повеќе области, со реализација на бројни инфраструктурни проекти, инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка за семејствата, младите, земјоделците и локалната економија.

Проекти се реализираат, се вложува, се гради, се инвестира, ветеното пред граѓаните се исполнува. Во таа насока, особено значајна е инвестицијата од 6 милиони евра во село Мешеишта, каде што во изградба е фабрика за производство на еластични огради, која ќе донесе нови работни места и дополнителен економски развој за општина Дебрца.

Во изминатиот период целосно реализирани или започнати се бројни инфраструктурни проекти во населените места низ Дебрца. Во Оровник започна реконструкцијата на главната улица со ново осветлување и тротоари, инвестиција вредна 11,5 милиони денари, додека во Мешеишта се реализирани повеќе улици, партерно се уредува сретселото, а започната е и реконструкцијата на патот Мешеишта – Волино, вредна 15,5 милиони денари.

Во Волино е завршена реконструкцијата на Домот на културата, инвестиција од 6,5 милиони денари, а асфалтиран е и патот до црквата „Св. Петка“, со ново осветлување и пешачка инфраструктура.

Инвестиции во патната инфраструктура се реализирани и во Злести, Ботун, Лешани, Издеглавје, Долно Средорече, Годивје, Лактиње и други населени места, а особено значајни се средствата издвоени за патните правци до манастирите и црквите, како и санацијата на пристапните патишта до спомениците од историско значење.

Паралелно со инфраструктурните проекти, се работи и на долгорочно решавање на проблемите со водоснабдувањето и наводнувањето, при што во изградба е нова каптажа во месноста Опчели – Караорман, со која треба да се обезбедат дополнителни количини квалитетна вода за шест населени места, во Лешани се подготвуваат решенија за нова пумпна станица, додека во повеќе населени места се градат и бетонски канали за наводнување.

Значајни инвестиции има и во противпожарната заштита и комуналните услуги. Во Белчишта се гради гаража и противпожарна станица за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, вредна 2,4 милиони денари, ЈКП „Дебрца“ е опремено со нова механизација и возила, меѓу кои камион за смет дониран од град Виена, ново комунално возило, Volkswagen Transporter, специјална машина за чистење канализации, обезбедени се и 480 нови канти за отпад и нови униформи за вработените.

Особено внимание е посветено и на социјалните мерки, по што воведена е субвенција од 20.000 денари за полагање возачки испит за жителите до 21 година, поддршка за локалните продавници, мерки за поддршка на наталитетот, помош за младите брачни парови, како и финансиска помош за семејства погодени од елементарни непогоди и за лекување.

Во образованието, за првпат се обезбедени бесплатни училишни униформи за сите ученици, за првачињата се обезбедени по 10.000 денари и целосно опремени ранци, воведени се стипендии, награди, бесплатни екскурзии и поддршка за учество на натпревари, а општината вложува и во зачувувањето на културното и историското наследство, при што уредени се споменици од НОБ, пристапни патишта до повеќе значајни локалитети, а во Требеништа е започната реализацијата на проектот „Златна маска“.

Реализираните и започнатите проекти се доказ дека инвестициите во инфраструктурата, економијата, комуналните услуги, образованието и социјалната заштита се одвиваат паралелно, со цел подобрување на условите за живот во сите населени места во Дебрца.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер