Предлог -буџет 2026: Фокус на раст, инвестиции и строга фискална дисциплина - Канал 5

Предлог -буџет 2026: Фокус на раст, инвестиции и строга фискална дисциплина

Министерката Гордана Димитриеска Кочоска пред матичната комисија кажа дека вака скроен буџетот ќе обезбедел стабилност раст.

Предлог -буџет 2026: Фокус на раст, инвестиции и строга фискална дисциплина

Собраниската комисија за предлог буџетот ја следи Сандра Спасовска.

Сандра како тече расправата?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина годината

Во првите шест месеци од оваа година, двата македонски аеродроми опслужија 1,955,648 патници, што е зголемување од 28% и реализираа 13,167 летови.

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина годината

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година.

Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година.

Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6% повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година.

Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374,714) во однос на истиот период лани.

„Растот од 28% на бројот на патници во првите шест месеци од 2026 година претставува извонреден резултат и јасна потврда дека македонските аеродроми се наоѓаат на патека на силен и одржлив развој. Во воздухопловната индустрија, двоцифрен раст на патничкиот сообраќај е показател за успешна стратегија, зголемена доверба од патниците и атрактивност како дестинации за авиокомпаниите.

Фактот што Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно опслужија речиси два милиона патници за само шест месеци, истовремено бележејќи и раст од 7,6% на бројот на летови е резултат на нашата посветеност за развојот на воздушната поврзаност, континуираното унапредување на услугите и успешната соработка со нашите партнери. Остануваме фокусирани на создавање нови можности за раст, проширување на мрежата на дестинации и обезбедување квалитетно патничко искуство, со цел македонските аеродроми да продолжат да ги надминуваат очекувањата и во наредниот период“ вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфрекфентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 14,2% пазарен удел), а потоа следат Минхен Меминген (4,5%), Базел Милуз (4,4%), Дортмунд (4,1%), Цирих (4%) и Франкфурт (3,9%).

Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови од Скопје се Германија (28,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (18%), Швајцарија (9,3%), Италија (8,2%) и Шведска (5,8%).

Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле одделно, скопскиот аеродром има годишен висок пораст за 28,6% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1,833,010 патници. Во истиот период, на овој аеродром биле реализирани 12,260 летови што е за 6,5% повеќе споредено со истиот период лани.

Додека охридскиот аеродром бележи пораст од високи 18,2% со превезени 122,638 од јануари до јуни. Во овој период, биле реализирани 907 летови што е зголемување за 26%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо

Македонските аеродроми бележат рекорден раст на бројот на патници. 

Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо

Во првите шест месеци од годинава низ двата аеродроми поминале два милиони патници, што претставува раст од над 30 проценти во однос на истиот период лани, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

„Бројките излегоа денеска и се одлични. Имаме два милиони патници за шест месеци годинава, што е раст од над 30 проценти споредено со минатата година. Кога оваа Влада беше избрана, имавме нешто над два милиони патници на годишно ниво, а сега имаме два милиони патници за само половина година“, истакна Николоски.

Тој потсети дека минатата година за првпат бил надминат прагот од три милиони патници, а очекувањата се годинава да биде поставен нов рекорд.

„Минатата година за првпат поминавме три милиони патници, а оваа година ќе поминеме три и пол милиони, а за брзо време ќе стигнеме и до четири милиони патници, нешто што до пред неколку години беше незамисливо за Македонија“, рече Николоски.

Министерот нагласи дека и Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период.

„И Скопскиот и Охридскиот аеродром се најбрзо растечки аеродроми во регионот и тоа ќе продолжи да биде така. Имаме 28 нови дестинации и навистина сум многу горд на оваа политика“, нагласи Николоски.

Тој додаде дека и за време на кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток, функционирањето на македонските аеродроми не било значително нарушено.

„Во текот на кризата што беше предизвикана од војната, речиси и да не се почувствува нејзиното влијание. Дополнително, со керозин од Скопскиот аеродром се снабдуваа и аеродромите во Приштина и Ниш, што покажува дека можеме успешно да ги развиваме двата македонски аеродрома“, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој додаде дека овие бројки претставуваат уште една потврда за успешните политики во насока на силниот раст на воздушниот сообраќај во земјата.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите

 СДСМ со конкретни мерки за повеќе пари за  студентите и учениците.

СДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите

Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики.

Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%.

Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите.

Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари.

Вака изгледа држава што ја води Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО, на која младите не и се приоритет.

СДСМ е на страна на младите и со амандмани во Собранието бараме да се исправи оваа неправда.

Бараме 150 милиони денари за зголемување на студентскиот оброк, како мерка за поддршка на стандардот на студентите.

Бараме 6 милиони денари за зголемување на стипендиите за студентите.

Бараме повеќе пари за реновирање на студентските домови за подобрување на условите.

243 милиони денари за бесплатен училишен оброк во основните училишта.

Повеќе пари за еднаков пристап до образование за учениците со попреченост и посебни образовни потреби

Младите заслужуваат да учат во современи основни и средни училишта. Затоа имаме посебен амандман за 200 милиони денари за опремување на училиштата со современа научна технологија.

Со нашите амандмани бараме повеќе пари за финансиска поддршка на ученици на меѓународни натпревари и олимпијади.

Повеќе пари за младите, а помалку за расипничкото трошење на власта.

Сега Власта е на потег, да видиме дали ќе се откаже од луксyзот и дали парите да ги пренамени за младите.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер