ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани
1ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани
3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
БизарноПредизвикот на TikTok ги одведе во притвор: Насилно влегле во Саентолошката црква во ПаризДве 18-годишни момчиња се уапсени и приведени во полициски притвор во париското предградие Сен Дени откако инспирирани од тренд на социјалната мрежа TikTok и насилно влегоа во Саентолошка цркваДве 18-годишни момчиња се уапсени и приведени во полициски притвор во париското предградие Сен Дени откако инспирирани од тренд на социјалната мрежа TikTok и насилно влегоа во Саентолошка црква, соопштија полициски и судски извори. Инцидентот се случил во четврток вечерта околу 21 часот, кога осомничените „викале“ во зградата, според полицијата, објавува Le Figaro. Зградата е направена од стакло и челик, сместена недалеку од стадионот „Stade de France“, објавува Танјуг. Едниот од момчињата е уапсен во зградата, додека другиот е приведен пред зградата. Според првичните резултати од истрагата, двете момчиња дејствувале во согласност со глобалниот тренд што се шири преку TikTok. Како дел од предизвикот наречен „Scientology speedrun“, кој е особено популарен во Лос Анџелес, учесниците се обидуваат да трчаат и да викаат во зградите на Црквата на саентологијата без дозвола, како во видео игра. Обвинителството во Бобиње потврди дека двајцата осомничени се возрасни. Еден од нив, според достапните информации, имал глава од животинско потекло, но не било прецизирано за каков вид животно станува збор. Саентолошката црква е окарактеризирана како секта во неколку парламентарни извештаи во Франција, според „Ле Фигаро“.Тагови: Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: За масовното труење во Гостивар мора да има оставки, политичка и кривична одговорностВо Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност. Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат загадена вода. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Тоа значи дека цели 22 дена гостиварчани пиеле загадена вода, а надлежните институции не презеле ништо. Зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата? Првите пациенти биле регистрирани на 13 јули, по што секој ден се пријавувале по околу 200 нови случаи. Зошто никој навреме не го истражил наглото зголемување на бројот на заболени? Првите детални препораки од Институтот за јавно здравје биле објавени дури на 18 јули – пет дена по појавата на првите пациенти. Уште поскандалозно е што само три дена пред да се утврди дека гостиварчани пиеле контаминирана вода, Центарот за јавно здравје издал извештај дека водата е безбедна за пиење. Наместо брза реакција, итна координација и навремено информирање на јавноста, се случија хаос, молк и целосен институционален колапс. Здравствените власти не побараа навремено испитување на водата и не презедоа итни мерки за заштита на населението. Наместо нив, по допрен глас постапувало Обвинителството. Но Обвинителството тактизираше додека епидемијата се ширеше. Резултатите од анализите се криеја зад „тајноста на истрагата“, додека лекарите и граѓаните не знаеја со што се соочуваат. Цената ја платија граѓаните со своето здравје. Денес повеќе од 3.000 граѓани на Гостивар се регистрирани со симптоми на труење, а уште многу други се лекуваат во домашни услови. СДСМ бара итно да се утврди целиот синџир на одговорност – од локалните институции до министерот за здравство. Бараме итни и неотповикливи оставки од: • Министерот за здравство Сашо Клековски; • Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска; • Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов; • Одговорните лица во надлежните центри за јавно здравје; Мицкоски треба да прекине да ги штити. Јавното здравје е над секој функционер. Одговорност мора да има! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГолем шумски пожар во Франција, евакуирани 12 000 луѓеХаос во Франција: Властите издадоа итна наредба, луѓето бегаат.Шумскиот пожар што вчера зафати област во близина на басенот Аркашон, во францускиот департман Жиронд, се прошири на околу 2.000 хектари, а речиси 12.000 луѓе се евакуирани од претпазливост, соопшти префектурата. Утринава властите наредија евакуација на уште околу 7.000 луѓе, а мерката се однесува на шест кампови и една станбена зона северно од Кап Фере – популарна туристичка дестинација во текот на летната сезона – објави „Фигаро“. The wildfire in Saumos, Gironde, France, is actively spreading and remains out of control, according to the latest reports this afternoon, July 22, 2026. It started around midday, around 12:00 local time, in a pine forest in the Médoc, near Saumos and close to Le Porge, about 15… pic.twitter.com/YsVUdt5gkC — T_CAS videos (@tecas2000) July 22, 2026 Префектурата синоќа соопшти дека најмалку 4.600 луѓе веќе биле евакуирани од своите домови и од сместувачките капацитети во загрозеното подрачје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денариЗапленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице.Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter