Предизвика војна: Брижит не облече фустан, но ги “вжешти“ социјалните мрежи (фото) - Канал 5

Предизвика војна: Брижит не облече фустан, но ги “вжешти“ социјалните мрежи (фото)

Спрема Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, модните критичари се прилично строги.

Предизвика војна: Брижит не облече фустан, но ги “вжешти“ социјалните мрежи (фото)
Таа, без оглед на тоа, не им робува на правилата и навистина умее да изненади со смелите модни комбинации.

За нејзината љубов спрема кратките здолништа доста се пишуваше во светските медиуми. Многумина сметаат дека не и прилега на сопругата на челникот на една држава да носи толку кратки и смели фустани, но тоа не ја спречи храбрата Брижит.



А неодамна на листата непримерни додаде уште една модна комбинација. Станува збор за кожни панталони, кој ги искомбинирала со тренди јакна во омилената тегет боја.

Совршено се потполнила со кратки чизми и дискретното ланче.

Кога тргнала на прошетка со кучето, Брижит веројатно не очекувала дека нејзината појава ќе предизвика вистинска мала војна на социјалните мрежи. А токму тоа се случи.

Додека еден дел од француската јавноста смета дека госпоѓата Макрон е олицетворение на шикот, голем број и замеруваат што носи кожни панталони. Бидејќи Брижит има 64 години и сопруга е на претседателот, од неа се очекува нешто поконзервативен стил.


#brigittemacron #emmanuelmacron #macron

A post shared by #BrigitteMacron.France🇫🇷 (@brigittemacron.france) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Македонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика.

Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Македонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика, реформската агенда доби на динамика, но поптребно е уште работа во правосудството, борбата против корупцијата и администрацијата, порача евроамбасадорот Михалис Рокас за Извештајот на ЕК кој се најде пред пратениците на заедничката седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Рокас ги повтори И клучните услови за отворање на преговорите со Еу.

-Како што знаете, следната фаза на пристапните преговори зависи од чекори со коишто се договоривме заеднички во минатото. Прво, уставните измени, второ, договор за јавната администрација, но и реформите во правосудството како и акциските планови што доаѓаат со истите. Се заедно ќе овозможи отворање на поглавјето број 1. Штом преговорите се отворат целосно, С. Македонија ќе може да продолжи со својата работа и ќе може да го движи процесот побрзо, изјави Рокас.

Според претседателката Гордана Сиљановска Давкова добро е што во извештајот нема констатирано уназадување, иако како што рече, напредокот оди бавно. Уставните измени според неа, се наметнат услов надвор од правото на ЕУ, а од Унијата очекува очекува поголема предвидливост.

-Мора да сториме нешто сите заедно, и ние, и нашите соседи, и нашите европски партнери, за да излеземе од лавиринтот. Секој што ќе тврди дека се работи само за уставни измени, сметам дека не е искрен. Или има намера или нема желба да ја разбере заднината на нашата загриженост. Во оваа смисла сакам да посочам дека мојата порака кон сите наши соседи е дека добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот, изјави претседателката.

Сепак, власта и опозицијата остануваат со дијаметрално спротивставените позиции за европската перспектива на Македонија. Филипче го повика Рокас да помогне, како што рече против антиевропската пропаганда на власта, Милошоски му одговори дека самите презеле обврски што не можат да ги исполнат.

Во годишениот извештај на ЕК најголем напредок беше забележан во дигитализаицјата, а најголемите критики беа за борбата против корупцијата, во која не нотирале никаков напредок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

​На 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. 

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Денес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. 

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер