ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
ЖивотПредизвик за февруари без социјални мрежиНеколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруариНеколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF). Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на вештачката интелигенција. Според телевизијата, времето поминато пред екраните сè повеќе се доживува како товар, а не како задоволство. Штетните ефекти од прекумерната употреба на екрани, особено кај децата, се одамна видливи. Поради тоа, Високиот здравствен совет на Белгија препорачува живот без екрани, особено пред втората година од животот, без социјални мрежи пред 13-годишна возраст и без паметни телефони во училиштата. Иако ваквите препораки варираат од земја до земја, нивната цел е заедничка - спречување на зависноста и негативните последици од дигиталната обседнатост уште од рана возраст. Кај возрасните, пак, откажувањето од вкоренетите дигитални навики е значително потешко, иако волјата постои. Според истражување, 64 проценти од Французите изјавиле дека би прифатиле „дигитална детоксикација“. Токму на тоа се надоврзува шпанската иницијатива „Од февруари“ (OFF February“), која годинава за првпат се спроведува и во Франција, Велика Британија и САД. Предизвикот е едноставен - сите социјални мрежи да бидат избришани во текот на февруари. Според Виктор Ферсинг, раководител на движењето, во Франција, целта е да се намали хиперповрзаноста и да се преиспита односот на луѓето кон екраните. Тој нагласува дека социјалните мрежи се дизајнирани да го задржат вниманието и да собираат податоци, а не да придонесат за благосостојбата на корисниците. Ферсинг предупредува дека постојаната дигитална поврзаност, води кон изолација и ослабување на социјалните врски во реалниот свет. Иако трајното откажување од социјалните мрежи засега е тешко остварливо, организаторите се надеваат дека иницијативата ќе поттикне подолгорочна промена во начинот на нивна употреба. Целта, како што се наведува, не е целосна забрана, туку користење на социјалните мрежи само кога тоа е навистина неопходно. Тагови: социјална мрежа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац. Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес. Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје. Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаПлутон го губи статусот на планетаПлутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно. На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија. По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел. Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем. На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон. Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти. Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30