3Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
СветПредизвиците на Фон дер Лајен по реизборот за претседателка на ЕК Фон дер Лајен беше реизбрана за претседателка на ЕК.Урсула фон дер Лајен во четвртокот со 401 глас или 41 повеќе од потребните 360, беше реизбрана за претседателка на Европската комисија, пред се со гласовите на европратениците од редовите на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), социјалдемократската Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД), либералната група „Да ја обновиме Европа“ и Зелените. Всушност и нејзиниот говор пред гласањето во кој ги презентираше своите визии и планови за работа за новиот мандат првенствено беше насочен на привлекување на гласовите на центристичките и левичарските партии, но не и на десницата, пред се на нејзиното екстремно крило. Сепак, и покрај тоа нејзиниот реизбор, со „многу тешко срце“, го поддржаа и пратеници од десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и од партии кои не се членки на ниту една групација. Ваквата ориентација на Фон дер Лајен беше видлива и во нејзиното обраќање во кое изнесе повеќе ветувања со кои требаше да ги задоволи барањата на нејзините „гласачи“ од различните партии во Европарламентот. Така таа говореше за заложбите за климатска акција и развој на еколошки чиста индустрија, на што инсистираат зелените и во голема мерка и социјалдемократите, но се ограничи само на позитивна реторика за заштита на животната средина, имајќи ги предвид резервите на дел од членките на ЕПП и либералите за некои мерки поврзани со климата. Таа сигнализираше поддршка за поголем буџет на ЕУ и олабавување на правилата за конкурентност во економијата, но без јасни ветувања, балансирајќи меѓу различните економски барање на партиите од широкиот политички спектар на „проевропското мнозинство“. Во делот од говорот посветен на земјоделството таа вети остварување на едно од главните барања од земјоделските протести одржани минатата есен и во првите неколку месеци ширум Европа за „правичен приход за земјоделците“, но не се осврна на отстапување од некои еколошки барања во земјоделскиот сектор. Фон дер Лајен искажа и заложби за поддршка на Украина, ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, справување со хибридните закани и кибер малтретирањето, заштитата на жените, обезбедувањето социјална правичност..., но сето тоа прилагодено на барањата на партиите што застанаа зад нејзината номинација. Со исходот од гласањето, според оценките на аналитичарите, Фон дер Лајен доби силен мандат и навидум удобна позиција за раководење со Европската комисија, но во пракса таа ќе се соочи со многу посложен политички пејзаж, имајќи ги предвид различните очекувања што од неа ги имаат партиите што ја поддржаа. Со приклучувањето и на Зелените кон т.н. „продемократско мнозинство“ на ЕПП, СД и либералите, Фон дер Лајен зад себе доби „полевичарска“ коалиција во Европарламентот отколку што имаше досега, па сега ќе мора да балансира меѓу нивните барања и ставовите на „подесничарскиот“ Совет на ЕУ, во кој има членови и на ЕЦР и на екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ). Во сегашниот состав на Советот на ЕУ има 12 членови на ЕПП, пет на СД, четири на РЕ, по два на ЕЦР и ПФЕ, како и двајца независни. Со формирањето на новата влада на Белгија либералите ќе загубат едно место на сметка најверојатно на ЕЦР, кои би имале три члена, а РЕ можно е да останат без уште едно често во зависност од исходот од преговорите за состав на владиниот кабинет во Франција. Комплексноста на ситуацијата во која се наоѓа Фон дер Лајен веќе е видлива во нејзината матична земја Германија, каде нејзиниот реизбор веќе ги зголеми тензиите меѓу либералната Слободна демократска партија (ФДП), која е дел на владејачката коалиција со социјалдемократите и зелените, и опозициската конзервативна Христијанско демократска унија (ЦДУ). Имено, пред гласањето петмината европратеници на ФДП соопштија дека нема да го поддржат реизборот на Фон дер Лајен, поради тоа што таа не ја отфрла можноста за нов заеднички долг на ЕУ. На оваа жестоко реагираа од матичната партија на Фон дер Лајен, ЦДУ, кои однесувањето на нивните „либерални сограѓани“ го оценија како „никако поинаку освен срамно“. Според eвропратеничката Ангелика Ниблер од Христијанско социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на ЦДУ во Баварија, тоа што ФДП, заедно со десничарските популисти и левицата не гласале за Фон дер Лајен и направила „лоша услуга на европската парламентарна демократија“. Ова само се надоврза на антагонизмот меѓу ЦДУ/ЦСУ и ФДП од време на предизборието за евроизборите во кое германските либерал ја обвинуваа Фон дер Лајен за прекумерна бирократија во Еврокомисијата, за нејзината поддршка за заеднички долг на ЕУ и за „убивање на моторите со внатрешно согорување“. Станува збор за идејата во рамки на климатските цели на ЕУ за забрана на производство на нови автомобили со мотори за внатрешно согорување по 2030 година, на што жестоко се противат германските либерали. Како реакција на неподдршката на ФДП за реизборот на Фон дер Лајен, ЦДУ се закани дека нема да го поддржат изборот на лидерката на германските либерали во Европарламентот, Мари-Агнес Штрак-Цимерман за претседателка на парламентарниот Поткомитет за безбедност и одбрана. Сега, откако конечно заврши сагата со обезбедување мнозинство за нејзин реизбор, Фон дер Лајен треба да се посвети на состав на новата Европска комисија. За таа цел, Фон дер Лајен ќе мора да има средби со претставници на владите од кои некои не го подржуваа нејзиниот реизбор, со цел да го договори распоредувањето на ресорите по земји членки и кандидатите за еврокомесари. Согласно процедурата утврдена со Договорот на ЕУ (ТЕУ), Европската комисија официјално ја именува Советот на ЕУ, откако таа претходно ќе добие поддршка од Европскиот парламент со мнозинство гласови од пратениците што гласале. Европската комисија се состои од 27 члена – претседател, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, кој воедно е и потпретседател на ЕК и 25 еврокомесари задолжени за одреден ресор. Дополнително од редот на еврокомесарите се избираат и одреден број потпретседатели на Еврокомисијата со посебни задолженија. Секоја земја членка на ЕУ номинира по еден свој претставник во Европската комисија. Оваа година од номинации ќе бидат „ослободени“ Германија и Естонија, бидејќи германското место во ЕК го зазема Фон Дер Лајен, а естонското Каја Калас, која е номинирана за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Останатите 25 членки ќе треба да ги предложат своите кандидати за еврокомесари, што некои веќе и го сторија. На прес-конференцијата по нејзиниот реизбор, Фон дер Лајен најави дека во следните недели ќе побара од членките на ЕУ да ги достават предлозите за еврокомесари и дека и овој пат, како и при изборот на нејзината претходна Комисија во 2019 година, ќе побара од секоја земја да предложи по двајца кандидати – еден маж и една жена. Исклучок од ова барање, според неа, ќе има доколку биде номиниран некој од актуелните еврокомесари, како што е случај со Французинот, Тјери Бретон. - Потоа ќе разговарам со сите нив од средината на август и сакам да ги изберам најдобрите кандидати кои се подготвени да ја споделуваат европската посветеност, порача Фон дер Лајен. Се очекува конечниот предлог за составот на новата Европска комисија, Фон дер Лајен да го формулира до крајот на август, при што ќе мора да води сметка да ги избалансира амбициите и желбите на секоја земја членка. Откако предлогот за состав на новата Комисија ќе биде доставен до Европскиот парламент, ќе бидат организирани сослушувања на секој кандидат за еврокомесар во матичните парламентарните комитет за ресорот за кој е предложен. Откако кандидатите ќе го поминат филтерот во комитетите, Европскиот парламент гласа за целата листа на еврокомесари, а не поединечно за секој кандидат. Гласањето најверојатно би се одржи за време на следното заседание Европарламентот, предвидено за од 16 до 19 септември. Ако ЕП ја поддржи новата Комисија, таа треба официјално именувана од страна на Европскиот совет, со одлука што се носи со квалификувано мнозинство, што значи дека не треба консензус и поддршка од сите 27 лидери на земјите членки на ЕУ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРечиси една година без плата – работниците на „ФАКОМ“ на протест пред Граѓанскиот суд Со блокада на улицата пред Граѓанскиот суд, вработените од металопреработувачката команија „Факом“, го изразија незадоволството од повеќектатното одложување на постапката за отворање стечај. Од судот пак попладнево соопштија дека е донесено решение за отворање стечајна постапка над фирмата и е назначен стечаен управник. Денешното рочиште беше четврти обид за отворање стечај, откако претходните три биле одложени..Вработените велат дека иако компанијата имала нарачки и работа, тие од 15 април преставале да одат на своите работни места, бидејки од јануари живеат без плата, а регрес за годишен одмор не земале од 2022 година.Од синдикатите бараат судовите да даваат приоритет на ваквите предмети, бидејки зад секоја одложена постапка, велат стојат стотици работници и семејства кои со месеци и години чекаат на своите заработени пари. -10 месеци се оставени на милост и немилост од сите. 10 месеци без придонеси и плата, 10 месеци без здравствено осигурување. Размислете, околу 500 фамилии во денешно време без здравствено осигурување. Која голгота преживуваат овие луѓе позади мене тука,- Аднан Узеировски - претставник на синдикатот на „Факом“. „Факом“ како компанија во изминатиот период, а и моментално, има работа, има нарачки, но од нас непознати причини компанијата не може да ги исплати платите за нашите вработени. Револтот е насочен моментално према овој суд, бидејќи мислиме дека три пати одложување на едно рочиште за отворање на стечајна постапка,- Игор Герасов, претседател на синдикат на индустрија, енергетика и рударство. На проетстот се приклучија и поранешни вработени во градежната компанија Бетон..Иако во нивниот случај стечајна постапка е отворена, велат дека веќе пет години ги чекаат заостанатите поабрувања. -Дел од вработените позади нас се поранешни вработени од градежништво „Бетон“, каде што работодавачот е исти и на „Факом“ и на „Бетон“, меѓутоа за нивна среќа во тоа време се отвори стечајот, по неисплатени осум плати и два регреси за годишен одмор, но петта година веќе нема никаква исплата. Затоа замолуваме да каже и судијката и стечајниот управител до кога овие луѓе ќе чекаат, бидејќи сè понетрпеливи се и не се во ситуација да најдат нова работа или не се во години да можат да работат за да ги прехранат семејствата, едноставно си ги чекаат овие заостанати плати и регрес,- Иван Пешевски - Синдикат за градежништво. Од основниот граѓански суд сооштија дека формалното речение за отворање на стечајна постапка над „Факом“ дополнително ќе биде изготвено и објавено во Службен весник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициски прашања во СобраниетоОд јануари догодина единствен организатор на онлајн игри на среќа ќе може да биде државата, односно Државната лотарија. Ова го предвидува новиот Закон за игри на среќа кој стапува на сила од 1-ви јануари, а освен за онлајн игрите на среќа ќе се однесува и на ВЛТ терминалите. Ова го најави вицепремеирот Аелксандар Николовски во одговор на пратеничко прашања на денешната собраниска седница упатено од пратеничката Јована Мојсовска од Левица. Опозициските пратеници се интересираа и за теми од образованието, земјоделието и животната средина, но и за долгот во вториот пензиски фонд. Пратеникот Јован Митрески од СДСМ обвини дека долгот на ПИОМ кон вториот пензиски фонд е над 40 милиони евра. Од Власта возвратија дека и покарај доцнењето немало надминување на законските рокови за префрлање на средствата во вториот пензиски столб. Денешните опозициски пратенички прашања следуваа откако минатиот четврток тие пропаднаа поради низата паузи побарани од народните избраници, што предизвика предивика тензии, кавги и меѓусебни навреди во собраниската сала. Пропаднатите опозициски прашања тогаш резултураа со договор меѓу Гаши и кординаторите на пратеничките групи во идинина да нема паузи на ваквите седници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаПоднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица КоцеваТие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност, потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права. Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот за вршење на полициските работи и Законот за полиција. Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.Тагови: Росица Коцева Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook