3ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
КултураПредавање за реставрација на мозаици на експерт од РавенаВо Македонската академија на науките и уметностите денеска предавање ќе одржи проф. Паоло Ракањи од Равена, Италија, на тема „Реставрација и конзервација на мозаикот“. На стручното предавање ќе има и видеопрезентација на музејот „Тамо“ од Равена.Ракањи (1948) стекнал уметничко образование во Равена и Венеција. Тој е мозаичар, сликар, фотограф, автор на мурали. Учествувал на реставрација на мозаици на подови и ѕидови на споменици на културата во Италија, Сирија, Бразил и Турција. Имал голем број домашни и меѓународни изложби и е автор или коавтор на експертски публикации од областа на реставрација на антички и модерни дела. Експерт е и научен консултант на многу проекти за мозаици. Дел е и од научниот комитет за реализација и развој на музејот „Тамо“ од Равена, отворен во 2011 година во седиштето на старата црква „Сан Николо“. На 24 октомври во новиот Археолошки музеј на Македонија беше отворена изложба „Античките мозаици од Равена“, на која се презентирани 25 избрани мозаици од вкупната колекција во Равена. Тие се светско културно наследство и заштитени од УНЕСКО, а во Археолошкиот музеј ќе бидат изложени до 8 јануари 2015. Равена е престолнина на мозаикот, чувар на најбогатото светско наследство на антички мозаици од 5-тиот и 6 век. Тој е антички град на северниот брег на Јадранското Море, кој пред 1500 години бил престолнина на западната Римска Империја, престолнина на Теодорико - првиот готски крал и престолнина на византиската империја во Европа. Од тој период е огромното наследство од религиски градби декорирани со мозаици. Мозаикот како уметничко изразување својот највисок стадиум го достигнал токму во Равена. Во мозаиците од Равена е родена христијанската иконографија; испреплетеност на реализам и симболизам, на римски и византиски влијанија. Седумте свети градби во Равена во 1997 година УНЕСКО ги прогласи за светско културно наследство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВоен авион се урна во Франција, пријавени се жртвиВоен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал. Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана. Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата. Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец. Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато. Извор: Б92Тагови: авион Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: ПСЖ на подолг период без КварацкелијаКрилниот напаѓач на европскиот фудбалски шампион ПСЖ, Кварацкелија на вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Барселона ги скина лигаментите. Репрезентативец на Грузија, Квича Кварацкелија доживеа тешка повреда, ги скина лигаментите на десното колено и за него оваа сезона е завршена. @FabrizioRomano Crazy how he tore his acl from this https://t.co/HyJ1MDXz1H — 𝙆𝙖𝙮™️ (@KayLFC05_) October 21, 2026 Синоќа за време на мечот од Лигата на Шампионите на домашен терен против Барселона, 25 годишниот Кварацкелија по судирот со противничкиот дефанзивец доживеа тешка повреда. @FabrizioRomano Crazy how he tore his acl from this https://t.co/HyJ1MDXz1H — 𝙆𝙖𝙮™️ (@KayLFC05_) October 21, 2026 Деталните прегледи ги потврдија најлошите сомнежи. Грузискиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти. Секако, во ПСЖ сека ќе мораат да најдат решение за неговото одуство, затоа што овој клуб секако дека има амбиција да освои прво место во секоја конкуренција каде што се натпреварува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБаерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенотГерманскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата. Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих. Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.Капитенот на Барен според последните информации ќе го пропушти и вечерашниот дуел со Арсенал поради смрт во семејството. -Капитенот на Баерн, Џошуа Кимих, нема да настапи вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, соопшти германскиот шампион. Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот. Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22