Предавање за експресионизмот во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Канал 5

Предавање за експресионизмот во НУБ „Св. Климент Охридски“

Предавање „Самрак на човештвото/Самрак на вистината“, посветено на експресионизмот во книжевностите од германското јазично подрачје денеска на пладне ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Предавање за експресионизмот во НУБ „Св. Климент Охридски“
Ова е шестиот настан во рамки на серијата културни настани „Денови на светската книжевност“ во организација на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со поддршка на Министерството за култура.

Филип Клетников и Јовица Тасевски-Етернијан ќе се осврнат на експресионизмот, на поезијата на најзначајните претставници на експресионизмот и на делото „Записите на Малте Лауридс Бриге“ од Рајнер Марија Рилке.

Експресионизмот како книжевно-историска одредница обично го означува книжевното творештво што доминира во втората декада на минатиот век во германскиот јазичен простор, а чиј што ментален хоризонт своите историски корени ги има уште во радикалната промена на светот и светогледите во 19 век.

Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на настанот ќе можат да ги разгледаат и да ги купат делата од книжевните великани од германското јазично подрачје преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“.

Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“ беше посветен на кинеската книжевност, а потоа следеа претставувањата на американската, унгарската, шпанската, јужноамериканската и шведската книжевност.

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје во текот на 2016 година, со поддршка на Министерството за култура, континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од тековната издавачка продукција и од капиталните проекти. Ќе се организираат и книжевни средби, трибини и други манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

Утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии

Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите  дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите  дека денес имаме повисоки пензии

РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата.

Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко.

Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата.

За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.

СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.

За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард.

Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи.

Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.

За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како да се заштитат жртвите на родово базирано насилство и дали институциите потфрлаат?

Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида.

Како да се заштитат жртвите на родово базирано насилство и дали институциите потфрлаат?

Насилството и натаму е реалност за илјадници жени и девојчиња. Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида. Од 2021 до 2025 година се регистрирани 30.292 пријави за семејно насилство, со растечки тренд низ годините.

Како да се подобри заштитата на жртвите и каде потфрла системот, беше во фокусот на денешната панел-дискусија за заштита од родово насилство врз жените и децата, на која беше промовиран и извештајот „Каква ти е Среќата“ на авторката Стојанка Мирчева. Проектот го спроведоа Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со повеќе национални институции и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

„Ова истражување укажува на жените кои живеат со насилство, кои се обратиле на институциите за зажтита и поддршка но, ефектот во најголем дел провејува низ овие искуства дека е рамнодушност на системот...,,Нема толеранција за насилство врз жени, нема сама си го барала, нема таква ти е среќата,нема сама го избра“ -Стојанка Мирчева.

Мирчева вели дека силна превенција е јасно да се покаже дека државата реагира на насилството. Затоа, според неа, објавувањето во билтените на МВР како постапила полицијата по секоја пријава испраќа јасна порака и до насилниците и до јавноста.

Гласот и искуствата на жртвите се вградуваат во новите мерки за заштита, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Целта е ниту една жена која се соочува со насилство да не остане без институционална поддршка.

,,За нас останува приоритет заедно со Владата да работиме со справувањето со насилството, да го градиме системот што сега го воспоставивме за да биде ефикасен и ниту една жена да не остане надвор ос системот на помош и поддршка,, - Светлана Цветковска.

Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Данел Фајлер, порачува дека вистинската заштита се мери во моментот кога жртвата ќе побара помош – дали институциите ќе реагираат координирано, сторителот ќе одговара, а жената ќе добие достоинствен и професионален третман.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер