Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус
2Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус
БалканПред суд во Нови Сад закажан протест на студенти во блокада„Политички притвор поради збор-кој е следен?“Студентите во блокада на факултетите во Нови Сад претпладнево организираат протест „Политички притвор поради збор - кој е следен?“ пред зградата на судот и обвинителството. Тоа ќе биде протест за поддршка на шест активисти на Движењето на слободни граѓани и групата Став, кои се притворени повеќе од еден месец. Почетокот на протестот е во 11 часот. Студентите во блокадата на Универзитетот во Нови Сад повикаа на протест синоќа кога побараа ослободување на, како што рекоа, „политичките затвореници“.Тие лица се осомничени за обид за уривање на уставниот поредок, врз основа на нивни прислушуван разговор, емитуван на белградски телевизии. Судијката за претходна постапка од Нови Сад, Татјана Ѓурашковиќ, по првичниот притвор до 30 дена, го продолжи за уште 30 дена притворот на студентите и активистите. Во притвор се Марија Васиќ, Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ, Ладо Јововиќ и Давор Стефановиќ, како и студентот од организацијата Студенти против авторитарната власт (СТАВ), Лазар Диниќ. Сите тие беа приведени на 14 март, откако аудио-снимка од нивниот прислушуван разговор во Нови Сад беше емитувана претходната вечер на неколку телевизиски станици. Повеќе од 100 граѓански организации од Србија протестираа затоа што таа аудио снимка, наместо кај судските органи, заврши во медиумите, кои веднаш „пресудија“ дека станува збор за „тероризам и поткопување на државата“, што подоцна го повторија и највисоките државни функционери на Србија, а што подоцна беше напишано и во кривичната пријава, јавија српските медиуми. Граѓанските организации изјавија дека станува збор за политички прогон на дисиденти. Членовите на организацијата СТАВ добиле илјадници од најсериозните закани, вклучувајќи бројни закани со смрт, а со месеци биле и цел на кампања за линч од страна на таблоиди. Активистите на СТАВ беа првите што иницираа масовни студентски и граѓански протести во Србија, по трагедијата во Нови Сад, кога на 1 ноември минатата година, 16 лица загинаа кога врз нив се урна реновирана бетонска настрешница од главната зграда на железничката станица.Тагови: Нови Сад протест студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИнцидент во близина на американска воена база во Британија- уапсени се повеќе лица Британската полиција прогласи голем инцидент во селото Велфорд, во близина на воздухопловната база Ферфорд на РАФ, која ја користат американските воздухопловни сили. Неколку мажи беа уапсени под сомнение за кривични дела поврзани со експлозиви, а дел од селаните беа евакуирани од своите домови. Полицијата во Глостершир соопшти дека евакуираните лица се однесени во близок центар за забава додека продолжуваат истрагите. На терен е испратен специјализиран воен тим за отстранување на експлозивни направи, кој проверува неколку возила. Полиција: Инцидентот е ограничен на таа област Во областа Велфорд е поставен полициски кордон и голем број служби за итни случаи се на местото на настанот. Меѓу нив е и специјализиран медицински тим за интервенции во опасни подрачја. Засега, полицијата верува дека инцидентот е ограничен на областа под надзор и не објави дека постои опасност за пошироката јавност. „Голем број имоти моментално се евакуираат во областа Велфорд по прогласувањето на голем инцидент. Ова следува по апсењето на голем број мажи под сомнение за кривични дела според Законот за експлозиви“, соопшти полицијата. Тие додадоа дека соработуваат со други служби и спроведуваат однапред подготвени процедури за вакви ситуации. Досега не е објавено точно колку мажи се уапсени, што е пронајдено во возилата или дали постои директна врска помеѓу осомничените и воената база. Во близина на важна база на американските воздухопловни сили RAF Fairford се наоѓа во Глостершир, на југозападна Англија. Иако е база на британските кралски воздухопловни сили, таму се наоѓа командата на 501-то крило за борбена поддршка на САД, а базата интензивно ја користат американските воздухопловни сили. Американското воздухопловство го опишува RAF Fairford како главна напредна европска локација за стратешки бомбардери. Бомбардери Б-52 се распоредени и таму за време на разни мисии и вежби, а базата игра важна улога во американските и НАТО операциите во Европа. Полицијата досега не посочи дека денешниот инцидент има каква било врска со работењето на базата или американските воени сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус Туристички автобус се преврте на автопатот А96 во близина на Бухлое во Баварија рано утрово. Во несреќата загинаа две лица, а 26 се повредени, од кои едно е во животозагрозувачка состојба. Несреќата се случила кратко по шест часот, објавува Билд. Во автобусот со италијански регистарски таблички имало помеѓу 40 и 50 патници, членови на туристичка група од Филипините, чија дестинација засега не е позната. Портпаролката на полициската управа на Горна Баварија Северна изјави за Билд дека едно лице починало на местото на несреќата, додека другото им подлегнало на повредите недолго потоа. Причината се утврдува Според првичните информации, автобусот слетал од десниот раб на патот без учество на други возила, а потоа се превртел во канал. Шофершајбната била целосно уништена. Државното обвинителство ангажирало експерт за реконструкција на настанот и утврдување на причината за несреќата. На терен има голем број спасувачи, а хеликоптер прелетал над местото на несреќата. Пожарникарите го обезбедиле превртеното возило со јажиња и дрвени потпори. „Ги замоливме нашите колеги на терен да ја проценат ситуацијата. Засега можеме само да кажеме дека има многу повредени“, изјави портпаролката, истакнувајќи дека податоците постојано се менуваат. Идентитетот на жртвите сè уште не е објавен. На задната страна од автобусот има рекламен знак „Доверете ни ги вашите потреби за патување“. Автопатот е затворен во двата правци Поради несреќата, автопатот А96, кој поминува низ Бухлое и ги поврзува Минхен и Меминген, е целосно затворен за сообраќај во двата правци помеѓу раскрсниците Бухлое-Ост и Ландсберг ам Лех-Вест. Според информациите од автоклубот ADAC, се очекува прекинот да трае најмалку 11 часа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. Претседателката ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург. За време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Халејн. Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter