Пред Рибникар, „Простор на тишина: Семејствата и граѓаните им оддаваат почит на жртвите во училиштето“ - Канал 5

Пред Рибникар, „Простор на тишина: Семејствата и граѓаните им оддаваат почит на жртвите во училиштето“

Србија одбележува три години од трагедијата во ОУ Рибникар во Белград, Трагедија во која настрадаа ученици и училишен обезбедувач. 

Пред Рибникар, „Простор на тишина: Семејствата и граѓаните им оддаваат почит на жртвите во училиштето“

Родителите на децата убиени во Рибникар се собраа и дојдоа пред главниот влез на училиштето со големи венци и свеќи. Коста Кецмановиќ на овој ден пред три години во училиштето влета вооружен со оружје и уби девет свои учениици и еден чувар во училиштето.

Во најголемото училишно злосторство во историјата на Србија убиени се Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ана Божовиќ, Адријана Дукиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ и Драган Влаховиќ .

Во спомен на невините деца кои загинаа, денес беше организирана комеморација на местото на трагедијата, пред училиштето. Од 8:00 часот наутро, на улицата Краља Милутина владее целосен молк, а од 8:40 часот наутро, кога беше испукан првиот истрел, до 20:00 часот, граѓаните ќе можат да им оддадат почит на загинатите со пишување во книгата на сеќавање, положување цвеќе и палење свеќи.

Во 8:41 часот наутро, медиумите во Србија го прекинаа емитувањето на програмата за една минута, во спомен на загинатите во трагедијата, со текст „3 и 4 мај се денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства. Се сеќаваме“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Јеменските Хути рано утринава соопштија дека извеле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, при што извештаите за поморска безбедност укажуваат дека еден од бродовите наведени од групата – танкерот „Енселија“ (Encelia) што плови под саудиско знаме – бил погоден во Црвеното Море.

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети, тврдејќи дека пловилата ја прекршиле поморската блокада наметната врз Саудиска Арабија од страна на група поврзана со Иран.

Извор од областа на поморската безбедност соопшти дека танкерот „Енселија“ испратил повик за помош, пријавувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека се запалил.

Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) соопшти дека саудискиот танкер „Енселија“ (Encelia) бил погоден од проектил од непознато потекло на десната страна, на околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија, во 20:00 часот по Гринич (GMT).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Кризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. 

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино.

Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температура до 34 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температура до 34 степени

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер