Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“ - Канал 5

Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“

Со 184 гласа „За“ еден „Воздржан“ и без дискусија, бугарските пратеници на последната седница пред распуштање на парламентот ја усвоија најавуваната декларација со која ја осудуваат, анти-бугарската реторика во Македонија. 

Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“

Документот кој практично ги обединува четирите претходно предложени декларации од неколку политички партии кај нашиот источен сосед, има девет точки во кои меѓудругото се изразува загриженост и се осудува насилството врз Христијан Пендиков, но и како што е наведено, говорот на омраза и насилството врз Бугарите во земјава, нивните организации и клубови. Во документот кој пред бугарските пратеници го презентираше поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева се бара од Македонија да ги преземе сите потребни мерки против таквите појави.

„Категорично се осудуваат појавите и повиците на насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков. / Го осудува говорот на омраза во Македонија против локалните Бугари и Бугарија, како и неговите манифестации во политичкото, јавното и медиумското опкружување.“

На усвојувањето на декларацијата реагираше македонското МНР. Од таму велат дека документот не оди во прилог на деескалација на односите меѓу двете земји. Наводите пак за проблеми со правата и безбедноста на буагрите во земјава според МНР се косат со постоечките факти. Од таму додаваат и дека законот за фондации не е против правото на здружување на Бугарите во земјава, и не постои никаква основа тоа да се поврзе со работата на историската комисија. Во соооштението се додава и дека институциите реагирале соодветно во случајот со Христијан Пендиков.

„Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави, и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и нега на партнерските односи.“

Усвојувањето на документот доаѓа во исто време со распуштањето на бугарското Собрание, откако и по последните избори ниту една политичка партија не успеа да обезбеди мнозинство за формирање на Влада, а нови избори се закажани за втори април. Формирана е нова службена Влада со која повторно ќе раководи Галаб Донев. Во неа како шеф на дипломатијата останува Николај Милков, а во новиот кабинет поставен од Румен Радев има само една промена, во ресорот култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати.

Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања.

Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција.

За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина.

Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина.

„Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна.

Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер