Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика - Канал 5

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски.

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка.

- Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Поседува силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање. Ристов е член на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија со овластување А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва

категорија, наведува Комисјата за прашања на изборите и именувањата во предлог-одлуката што ја усвои на 17. минатиот месец.

На дневен ред на седицата се и Предлог законот за Советот на јавните обвинители, Предлог законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање, Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, Предлог на закон за изменување на Законот за акцизите, сите по скратена постапка.

Пратенциите треба да распрваат и за Годишниот извештај за работата на Оперативно-техничката агенција за 2025 година, Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година, Предлог - финансискиот план за 2026 година на РКЕ, Предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Исто така и за предлог одлуките за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на РКЕ за 2026 година, за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за објавување јавен оглас за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца.

Дел од дневниот ред се и Дополнетиот предлог на закон за Jавното обвинителство, во второ читање, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за одбрана, на Законот за средно полициско училиште, на Законот за основното образование, на Законот за образование на возрасните, на Законот за стручно образование и обука, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, како и Предлог законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Пратениците, на продолжение на 90-та седница треба да расправаат и за Предлог законот за изменување на Законот за гранична контрола, во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември.

Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата.

Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума.

За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември.

Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца!

Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените  дури два месеца!

И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125).

Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари.

YouTube video

Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар.

Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава.

Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф.

Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени.

Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена .

Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург.

Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер