Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа - Канал 5

Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа

Химната на Лига Европа по грешка беше интонирана изминатата ноќ во Бирмингем, пред реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони меѓу Астон Вила и ПСЖ.

Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа

Нешто пред 21 часот, преку системот за јавно обраќање на стадионот „Вила Парк“ се интонираше химната на второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа, но организаторите набрзо ја поправија грешката и ја емитуваа познатата мелодија од Лигата на шампионите.

Астон Вила оваа сезона прв пат настапи во Лигата на шампиони. Тимот од Бирмингем претходно играше во елитното натпреварување наречено Европски куп во сезоната 1982/1983.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорд за Гинис, Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар гориво

Автомобил Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар гориво.

Рекорд за Гинис, Нисан Кашкаи помина 1.980 километри со еден резервоар гориво

Со својот систем e-Power, Nissan претстави решение во кое бензински мотор ја полни батеријата, додека батеријата го напојува електромоторот или електромоторите.

Сега, Qashqai e-Power влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Независен експерт ги придружуваше возачите во текот на целото патување, што е еден од условите за проверка на записот.

Унапредениот Qashqai, опремен со најновата генерација на системот e-Power, успеа да помине импресивни 1.980 километри со еден резервоар гориво. Со тоа беше поставен рекорд за најголемо растојание поминато од SUV-возило со систем за продолжување на опсегот (range extender), без потреба од надворешно полнење или дополнување гориво.

Патувањето се одвивало во Колумбија, во периодот од 14 до 17 јули 2026 година, на релација од Богота до карипскиот брег, при што беа опфатени разновидни услови за возење.

Но, Nissan не објави детални информации за конкретната рута.

За да се обезбеди официјално признавање на рекордот, во текот на целото патување возилото беше придружувано од независен експерт – услов неопходен за сертификација од страна на Гинисовата книга на рекорди.

Според официјалните податоци на производителот, просечната потрошувачка на гориво кај моделот Qashqai e-Power изнесува 4,3 l/100 km, пренесува HAK.

Треба да се напомене дека, во оваа прилично тесно дефинирана категорија, Qashqai досега немаше официјално признат ривал – ниту претходен рекордер – иако тоа би можело да се промени во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица

Општина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места.

Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица

Општина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица.

На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица.

Од општината изразуваат искрена благодарност до сите кои во тие тешки денови покажале несебична хуманост и солидарност.невремето што на 6 август се случи во гази баба предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг

Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг

Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина.

Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, што претставува намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал. Во апсолутен износ, јавниот долг е намален за 21 милион евра и изнесува 10.726 милиони евра.

Позитивниот тренд е уште поизразен ако се направи споредба со претходниот период. Во однос на крајот на 2024 година, јавниот долг е намален за 2,6 процентни поени, додека споредено со крајот на 2025 година намалувањето изнесува 0,6 проценти.

Овие показатели се потврда дека со одговорен пристап и внимателно управување со ресурсите, државата успева да ја зачува финансиската стабилност и да создава услови за економски развој.

Во период кога се сервисираат значајни обврски наследени од минатото, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успева да обезбеди редовно исполнување на финансиските обврски, стабилност на буџетот и истовремено реализација на проекти што имаат директно значење за граѓаните.

Намалувањето на јавниот долг не е само статистички показател, туку доказ за поинаков пристап во управувањето со државните средства кои треба да бидат насочени кон инвестиции, развој, подобра инфраструктура, здравство, образование и отворање нови економски можности.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики на одговорно управување, фискална дисциплина и создавање стабилна економија која ќе обезбеди подобри услови за граѓаните и идните генерации.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер