Пред хотел во Загреб е претепан српски бизнисмен- целиот крвав ползи по тротоарот (ФОТО) - Канал 5

Пред хотел во Загреб е претепан српски бизнисмен- целиот крвав ползи по тротоарот (ФОТО)

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Hype Production“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.

Пред хотел во Загреб е претепан српски бизнисмен- целиот крвав ползи по тротоарот (ФОТО)

Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот во центарот на Загреб, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка.

Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.

Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.

Бендевска: СДСМ влегува во фаза на „предизборна фантазија“

СДСМ влегува во фаза на „предизборна фантазија“ дека членството на ЗНАМ се враќало кај нив

Бендевска: СДСМ влегува во фаза на „предизборна фантазија“

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска денеска на прес конференција упати порака до раководството на СДСМ да го „синхронизира политичкиот маркетинг со реалноста на терен“.

– Итно поставете редари пред вашите општински штабови. Не заради безбедност, туку за да може некако да се среди „хаосот“ од гужвите кои настанале откако, наводно, членство на ЗНАМ масовно се враќало кај вас, според ваше тврдење. Разбираме дека СДСМ влегува во фаза на политичко самозалажување - позната и како фаза на „предизборна фантазија“ – ама барем синхронизирајте го политичкиот маркетинг со реалноста на терен. Ако тврдите дека членовите на ЗНАМ се враќаат кај вас, тогаш зошто сите ваши штабови низ државата изгледаат како музеи на политичка археоплогија – затворени, запрашени, заборавени, рече Бендевска.

Прикажа фотографии од штабовите на СДСМ, на кои, според неа, со месеци нема никаква активност и порача дека членството на ЗНАМ е стабилно и решено да изгради нов политички субјект, кој ќе функционира чесно и ефикасно.

– Движењето ЗНАМ е тука – со луѓе со идеи, со визија. Се бориме за промени, а не за фотељи. За систем кој работи исклучиво во корист на граѓаните. Се бориме за нов политички модел, за нова култура на одговорност и резултати. Враќањето назад во системот на СДСМ, кој го девалвираше достоинството на граѓанинот и тргуваше со националните интереси, со што ја потроши довербата на народот за членството на Движењето ЗНАМ, не е опција, рече Бендевска.

По што се разликуваат Американците од другите луѓе?

Постои појава по којашто луѓето ширум светот ги препознаваат Американците.

По што се разликуваат Американците од другите луѓе?

Тоа е „американското навалување“ - положба кога личноста се потпира на ѕид, ограда и слично, и ја префрла својата телесна тежина на една нога, додека чека или разговара со некого. Можеби изгледа смешно, секојдневно и безопасно, но оваа вообичаена навика го привлекла и вниманието на државната Централната разузнавачка агенција - ЦИА.

Поранешниот шеф на Одделот за маска на ЦИА, Џона Мендез открива дека Американците често се и подгрбавени, па американските разузнавачи морале да учат како да стојат поправилно за подобро да се вклопат, на пример во европската средина.

YouTube video

Зошто Американците го прават тоа навалување?

На дискусија на „Редит“, како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот. Некои пак, велат оти, просто, се чувствуваат непријатно додека стојат. Навалувањето наназад, велат, го намалува чувството на вкочанетост и им дава чувство на пристапност и опуштеност.

„Не знаев дека тоа е американска работа, но често се чувствувам чудно кога само стојам во место. Полесно е кога ќе се навалам наназад"; „Кој, по ѓав**ите, стои со двете нозе исправени? Така изгледаш како да си подготвен да се соочиш со бруталната вистина дека си здодевен"; „Ние само сме 'чил' (опуштени)“; „Американците се помалку формални, а доброто држење не е нешто што е особено на цена. Само погледнете го Џејмс Дин“ - гласат дел од коментарите.

„Луѓето ги забележуваат Американците поради нивниот нагласок, облеката и манирите, па сè друго - вклучително и навалувањето наназад, им станува уште позабележливо“, ќе рече друг корисник.

YouTube video

Се начна и еден посериозен проблем - работната култура во САД. На многу работни места, особено во малопродажбата, на вработените не им е дозволено да седат.

„Крилатицата 'Ако имаш време да се потпреш наназад, имаш време да зачистиш' - е ноќна мора на секој работник“, вели следниот корисник.

Натаму, корисниците се жалат и на здравствени проблеми - болки во грбот, повреди (коишто не се лекуваат поради скапото здравствено осигурување), недостатокот на паркови и клупи итн.

Дали само Американците се потпираат така?

Вмешувајќи се во разговорот, еден Англичанец пишува: „Стоиме и чекаме во редот - во тишина и страдање. Тоа е она во што ние сме најдобри“.

Имено, некои корисници со право забележуваат дека таквото потпирање не е строго американска навика. А, има и слични други навики... Во Јужна Кореја и други држави, на пр., додека чекаат, луѓето почесто би клекнале отколку да се потпрат. /МИА

Нов робот-помошник за домашни работи

Норвешката фирма за роботика „1-Икс“ го претстави својот нов човековиден робот, дизајниран за извршување на домашни работи, пишува „Лајф сајенс“ (Live Science).

Нов робот-помошник за домашни работи

Роботот „Нео гама“ (Neo Gamma), инаку покриен со плетен најлон - е двоножен андроид којшто може да ракува со правосмукалка, да пере и дипли алишта и да прави кафе. Во првото видео, роботот е прикажан и како служи чај, исправа рамка за слика, чисти прозорци и презема намирници, додека луѓето - сопственици ручаат, читаат книга итн. Иако компанијата соопшти дека робот сѐ уште не е подготвен за продажба и поширока јавна употреба, овој нов модел е во фаза на ограничено тестирање во неколку домови.

Сѐ ова ќе им овозможи на инженерите да ги тестираат својствата на навигација, говорните команди и вештачката интелигенција на роботот.

YouTube video

- Не е така далечна иднината кога сите ќе имаме свој робот-помошник дома, како 'Рози' или 'Бајмакс'... Човековидните роботи навистина се интегрираат во секојдневниот живот, но мора да продолжат да се развиваат заедно со луѓето, а не во изолација, рече Бернд Берних, извршен директор на „1-Икс“.

Според него, домот го обезбедува реалниот контекст и разновидноста на податоците потребни за роботот да развие интелигенција и самоуправување. Тоа, се вели, го учи и на нијансите во човековиот живот - како да отвора врата за постари, внимателно движење околу домашните миленици и да се прилагоди на непредвидливоста на светот околу нив.

„Нео гама“ бил подучуван со користење податоци добиени од снимање човеково движење, што му овозможило да оди со „природно човечко одење и движење на рацете“, и со способност за наведнување и седење на стол.

Рацете на роботот имаат повеќе зглобови, еластични мотори, како и четири микрофони и вградени звучници за комуникација со луѓето. Плетениот најлон однадвор би требало да ја намали силата на можните удари и влијанија врз опкружувањето и да ја зголеми севкупната безбедност. /МИА

притисни ентер