Пред да пука кон Фицо, атентаторот извикал: Робо, дојди ваму! (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Пред да пука кон Фицо, атентаторот извикал: Робо, дојди ваму! (Вознемирувачко видео)

Словачкиот премиер Роберт Фиц денеска бил застрелан во стомакот и градите, пренесува словачкиот весник Правда.

Пред да пука кон Фицо, атентаторот извикал: Робо, дојди ваму! (Вознемирувачко видео)

Како што пренесуваат дел од словачките медиуми, состојбата на повредениот премиер е сериозна, и е животна опасност и сега се оперира.

Тој, наводно, бил погоден со два до три куршуми, бидејќи напаѓачот испукал пет куршуми кон него.

Според извештајот, Фицо, според очевидци, им пришол на граѓаните по владината седница во градот Хандлова, на околу 150 километри од Братислава, а напаѓачот пред да отвори оган наводно му рекол:

„Робо, дојди овде“. Потоа се слушаат пукотници.

Откако неговите телохранители брзо го одведоа од местото на атентатот, Фицо беше ставен во хеликоптер и пренесен во болница.

Полицијата веднаш го совладала напаѓачот.

ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

Броилата иако се сопственост на ЕВН, тие истовремено се дел од јавна услуга, а пристапот до нив е неопходен елемент на транспарентност

ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ).

Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата. Според ИНРМ, неовозможувањето на пристап до мерниот уред не е техничко прашање, туку директна повреда на законска обврска и причина за санкција.

-Броилата иако се сопственост на ЕВН, тие истовремено се дел од јавна услуга, а пристапот до нив е неопходен елемент на транспарентност, контрола и заштита на потрошувачот. Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем, во овој случај ЕВН, претставува прекршување на Законот за енергетика. Со новиот закон кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот е обврзан да овозможи визуелен пристап до мерниот уред, односно потрошувачот да може лично и во секое време да го види и провери податокот што уредот го регистрира. Поставувањето на броила во затворени кутии, на височина недостапна за граѓанинот, во заклучени и невидливи за граѓанинот простории или поставено во ормари каде не може да се види броилото, претставува правно недозволено постапување, велат од ИНРМ.

Законот, додаваат, предвидува глоба од 1.000 до 3.000 евра за операторот ЕВН ако не го исполни ова свое законско задолжение.

-Тоа значи дека секој граѓанин што не може да го види својот броило, ниту да го контролира внесениот податок за потрошувачка, има право да поднесе претставка и да бара инспекциски надзор и санкционирање на операторот. Ова се однесува и на случаи кога броилата се поставени зад метални мрежи, стакла кои не дозволуваат читање, или ако се наоѓаат на несоодветни и небезбедни места што го оневозможуваат пристапот, порачуваат од ИНРМ и додаваат дека граѓаните треба да бидат свесни за своето право на увид и проверка на сопствената потрошувачка и да се охрабрат да го пријавуваат секое прекршување.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче работи во интерес на Заев

СДС и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче работи во интерес на Заев

СДС и Филипче слепо го слушаат нивниот ментор и сè уште тој им ја води партијата и си става луѓе на позиции кои него му одговараат за да има контрола врз нив.

Со овие кандидати за градоначалници, Заев покажува дека СДС и Филипче ги спроведуваат неговите политики, а тоа се неспособност, предавство и криминал.

Овие луѓе кои се најдоа како кандидати на СДС, во своите општини, ниту се познати, ниту имаа некаков авторитет, ама затоа му слугуваат на Заев и работат за него.

Оние коишто беа градоначалници до сега, и сега повторно се предложени, сите знаеме дека во тие општини нема никаков просперитет, туку општините се уназадени, упропастени и уништени. Такви луѓе СДС става за кандидати за градоначалници.

Ликови кои тепаат административни службеници, луѓе кои се познати по скандали поврзани со криминал и корупција, луѓе кои одат по стапките на Заев. Од тие луѓе, градоначалници не бидува.

СДС мора да се реформира. СДС е на чекор на исчезнување, а тоа се гледа и по кандидатите кои губат во своите општини, некаде 3 спрема 1, некаде 4 или 5 спрема 1.

ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на овие избори!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

Филипче оцени дека за неполна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја довела државата во состојба на целосна негрижа и неспособност:

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга.

Филипче оцени дека за неполна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја довела државата во состојба на целосна негрижа и неспособност:

„Ваков дебакл на власта, вакви неуспешни политики, ваква негрижа за иднината на земјата и граѓаните, Македонија едноставно не памети. Сè што можеме да видиме од оваа власт е само една пропаганда и еден ПР со којшто сакаат своите неуспешни политики да ги прикажат како успех. Меѓутоа, нашиот народ е мудар и тоа многу добро знае да го препознае,“ рече Филипче.

Тој посочи дека Владата не направила ништо за подобрување на животниот стандард на граѓаните:

„Не направи ништо да вложи во раст на платите на граѓаните. Кога можеше нашата влада, и во економска, и во ковид, и во енергетска криза да обезбеди раст на минималната и просечната плата, сега – кога кризи нема – оваа влада не прави ништо.“ -рече тој.

Филипче предупреди и за целосна пасивност во справувањето со ценовниот шок:

„Цените во маркетите дивеат, а тоа е благодарение на тоа што владата шурува и договара со големите газди на компаниите. И точно е – ги интересира само нивниот личен профит. Се фали премиерот – не знаеме дали да плачеме или да се смееме – дека сме биле четврта економија во Европа. Прикажува бројки кои не се точни“ - истакна Филипче.

Филипче остро ја критикуваше и непродуктивната задолженост на Владата:

„Како никогаш досега, кумулативно сме се задолжиле осум милијарди евра. Тоа е безобразно, крајно недомаќинско работење на владата и уште еден доказ дека не ги интересира ништо, освен однапред договорениот профит со компаниите што работат преку заобиколување на законот за јавни набавки. Имаме крајно недомаќинска и неодговорна власт,“ заклучи Филипче.

СДСМ

притисни ентер