ЖивотПред да почине, мајката на четирите деца, кои 40 дена преживеаја во џунгла, им рекла ја оставатМајката на четирите деца, спасена по 40 дена во џунглата на Амазон била жива четири дена по падот на нивниот авион.Магдалена Мукутуј им рекла на своите деца да заминат и да побараат помош додека лежела умирајќи, пишува Би-Би-Си. Во изјава за новинарите, таткото на децата, Мануел Раноке, рече дека неговата постара ќерка му рекла дека нивната мајка ги повикала да заминат и да се спасат. Падот го преживеале браќата и сестрите на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11-месечно бебе. Тие се спасени и префрлени со хеликоптер во воена болница во главниот град на Колумбија, Богота. „Единственото нешто што 13-годишната Лесли ми кажа е дека нејзината мајка всушност била жива четири дена“, изјави Раноке за новинарите. „Пред да умре, нивната мајка рече нешто како: „Деца, бегајте одовде. Ќе видите каков човек е вашиот татко, а тој ќе ви ја покаже истата голема љубов како што ви ја покажав јас.“, додаде Раноке. Да потсетиме, минатата недела четири деца од домородна заедница на југот на земјата биле пронајдени во Колумбија, повеќе од пет недели откако авионот со кој патувале, се урна во густата џунгла. Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион. Малиот авион „Цесна 206“ превезувал седум лица на пат меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавиаре, град во провинцијата Гуавиаре, но алармот за дефект на моторот бил активиран во раните утрински часови на 1 мај. Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Падот го преживеале три деца (13, 9 и 4 години), како и едно 11 месечно бебе. Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство, која ги координирала напорите за спасување, сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош. Спасувачките тимови, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје, кое наводно децата го јаделе и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата. Во спасувачките операции учествувале авиони и хеликоптери на колумбиската армија и воздухопловни сили. Се верува дека децата преживеале затоа што јаделе храна што тимот за пребарување им ја фрлал од хеликоптер во изминатите недели, но се верува дека пресудна улога одиграл фактот дека тие се дел од домородната заедница Хуито.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБез струја Момин Поток, основното училиште во Петровец и ЈП Паркови и зеленилоБез електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе останат корисниците во населба Момин Поток, поточно на ул.Калош Дани, фирмите Стил Железо, Синтекс, Европа 92, сооптши РЦУК Скопје.Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе нема објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец, а од 09.00 до 14.00 часот, главниот објект на ЈП Паркови и зеленило во општина Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 12. август 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 12. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата. Здравје и совет Во добра форма сте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања. Кариера На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале. Здравје и совет Само продолжете со зададените активности. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен. Кариера На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Имате доволно слобода , без грижа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор. Кариера Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите. Здравје и совет Бидете разбрани. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом . Кариера Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете. Здравје и совет Не претерувајте со јадење и пиење. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно. Кариера Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни. Кариера Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака. Здравје и совет Можни се преоптоварувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите. Здравје и совет Добро ќе маневрирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување. Кариера Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Одморете,наспијте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело. Кариера Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност. Здравје и совет Засега анализирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија. Кариера Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек. Здравје и совет Бидете пореални. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАна Марјановиќ во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Ана Марјановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook