ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
СветПред 28 години загина принцезата Дајана, пожарникар ги откри нејзините последни зборови Принцезата Дајана почина на 31 август, пред 28 години, а пожарникарот кој прв ја виде по ужасната несреќа во Париз им раскажа на медиумите какви биле нејзините последни моменти.Принцезата имала само 36 години кога загинала во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година, во која загинале и нејзиниот партнер Доди Фајед и возачот на автомобилот. Несреќата се случила кога автомобилот се превртел во тунелот Пон де л'Алма во француската престолнина. Меѓу првите што пристигнале на местото на несреќата бил пожарникарот Хавиер Гурмелон, кој кога ја видел повредената жена немал поим која е. Тој вели дека не верувал дека русокосата на задното седиште е сериозно повредена бидејќи нејзините очи биле отворени, била свесна и можела да зборува. „Додека сè уште беше во автомобилот, ја држев за рака, ја тешев, ѝ реков дека сè ќе биде во ред. Таа само ми рече: „Боже мој, што се случи“, а неколку моменти подоцна доживеа срцев удар“, вели пожарникарот. „Не ја препознав дека е принцезата Дајана“ Потоа рече дека започнал со кардиопулмонална реанимација и неколку секунди подоцна таа повторно почнала да дише. „За мене беше огромно олеснување, како пожарникар секогаш сакаш да спасиш нечиј живот и мислев дека го направив тоа. Верував дека ќе преживее. Беше жива во амбулантното возило и верував дека ќе преживее. Подоцна дознав дека починала во болница. Сега знам дека имала сериозни внатрешни повреди и сè уште се сеќавам на сè што се случи. Сеќавањето на таа ноќ ќе остане со мене засекогаш. Во тоа време немав поим дека е принцезата Дајана. Дури кога ја ставија во амбулантното возило, еден од болничарите ми кажа дека е таа“, се присети тој. И покрај напорите на лекарите, принцезата Дајана беше прогласена за мртва во 4 часот наутро по локално време во болницата Пити-Салпетриер во Париз. Десетици илјади луѓе дојдоа да ѝ оддадат почит на принцезата во нејзиниот дом во Кенсингтонската палата, жалејќи за загубата на жената што многумина никогаш не ја запознале, но ја сакале неизмерно.Тагови: пожарникари принцезата Дајана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПлутон го губи статусот на планетаПлутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно. На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија. По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел. Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем. На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон. Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти. Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook