Празник на балканскиот филм и култура во Берлин - Канал 5

Празник на балканскиот филм и култура во Берлин

Во една од најпрестижните сали на Универзитетот Хумболдт во Берлин, еден од најстарите во Европа, на 10 Јуни 2015, по петте реализирани изданија во Париз, Франција, за прв пат беше отворен и Фестивалот на земјите на Југо-Источна Европа во Берлин.


На свечената церемонија пред преполнетата сала и големиот број на официјални претставници на земјите од ЈИЕ, германски и европски институции, се обратија Потпретседателот на Универзитетот Хумболдт, професорот Микаел Кампер ван ден Богарт, Почесниот Претседател на фестивалот, големиот француски режисер Ив Буасе и основачот и Претседател на фестивалот, а воедно и Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, г-динот Јордан Плевнеш.

Со овации беа поздравени двајцата добитници на традиционалните признанија: Раде Шербеџија како Актер на Југо-Источна Европа и Трифун Костовски како Личност на Југо-Источна Европа во доменот на Економијата.

Следниот ден, во рамките на фестивалот се одржа симпозиумот на тема “Европа низ призмата на словенските народи и култури”, на која покрај истакнати германски универзитетски професори беа презентирани и излагањата на Академик Георги Старделов и Маја Јакимовска Тошиќ. Свое учество умаше и преведувачот на германското издание на романот “Осмото светско чудо” од Јордан Плевнеш, Г-динот Вил Фирт.

Во текот на четирите фестивалски дена беа прикажани поголем број на играни, документарни и кратки играни филмови, а по нивното прикжување, стручното жири во состав Харлд Зиблер, Претседател на жирито и членовите Урлих Херман, Валтер Колбо, Јован Балов и Весна Цидилко, одлучија за најдобри да ги прогласат филмовите:

• Најдобар филм "Колку прекрасен свет", во режија на Анатол Дурбала од Молдавија
• Најдобар режисер Бранко Иштванчиќ, за филмот “Мост на крајот на светот” од Хрватска
• Најдобар краток филм “Балкон”, во режија на Линдита Зекирај од Косово
• Најдобар актер Александар Богдановиќ, за улогата во филмот “Мост на крајот на светот” од Хрватска
• Најдобра актерка: Флоња Кодели, за улогата во краткиот игран филм “Симпозиум”, од Албанија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Два патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. 

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта.

Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber).

Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата.

Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал.

Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот.

Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несторовски расположен за постигнување на голови сезонава во Хрватска

Поранешниот македонски репрезентативец, 36 годишниот Илија Несторовски сезонава ја доживува втората младост и е еден од најдобрите напаѓачи во Хрватското фудбалско првенство.

Несторовски расположен за постигнување на голови сезонава во Хрватска

Македонскиот фудбалер викендов постигна два гола во победата на Славен Белупо од 4:1 над фаворизираната Риека во деветтото коло од првенството, со што стигна до вкупно седум гола на девет настапи оваа сезона.

Особено е импресивно тоа што четири од тие голови ги постигна само во последните две кола.

На натпреварот против Риека, популарниот Нестор двапати ја затресе мрежата во рок од само пет минути. Најпрво постигна гол со одличен удар од далечина во 69-тата минута, а потоа го постави конечниот резултат од 4:1 во 74-тата минута. Овој настап ја потврди одличната форма што ја покажа во претходното коло, кога со два гола му донесе бод на Славен во ремито 2:2 против Рудеш.

Така, искусниот напаѓач постигна четири гола на последните два првенствени натпревари и моментално има просек од речиси еден гол по натпревар оваа сезона. Со седум гола, тој го дели второто место на листата на најдобри стрелци со Емил Фредериксен од Истра, заостанувајќи само зад Дион Дрена Бељо, кој има постигнато 10 гола.

Несторовски му се приклучи на Славен Белупо во летото 2024 година, по осум сезони поминати во Италија. Во својата прва сезона по враќањето во хрватскиот фудбал постигна осум првенствени гола, додека минатата сезона реализираше шест.

Сега веќе има постигнато седум гола на само девет натпревари, со што го надмина учинокот од целата претходна сезона и се приближува до бројката од својата прва година во Копривница.

Сè појасно станува дека тој е на добар пат кон својата најефикасна сезона откако се врати во хрватскиот фудбал.

Несторовски првпат се прослави во хрватската фудбалска јавност додека настапуваше за Интер Запрешиќ во периодот од 2013 до 2016 година.

Првите две сезони ги мина во втората лига, постигнувајќи 20, а потоа и 24 гола, при што во двата наврати ја освои титулата најдобар стрелец во лигата. Тој ја задржа таа импресивна форма и откако Интер избори пласман во ХНЛ (хрватската прва лига). Во сезоната 2015/16, постигна импресивни 25 гола на 33 првенствени натпревари, повторно станувајќи најдобар стрелец во лигата.

Особено е впечатлив неговиот хет-трик против Осиек во последното коло, со кој ја заокружи таа извонредна сезона. Тој учинок од 25 гола останува еден од најдобрите индивидуални голгетерски резултати во поновата историја на ХНЛ. Во деветте сезони што следеа, таа бројка беше надмината само од Марко Ливаја – кој постигна 28 гола за Хајдук во сезоната 2021/22 – и Дион Дрена Бељо, кој постигна 31 гол за Динамо минатата сезона.

- Ваквите настапи му донеа трансфер во Палермо, клуб што во тоа време се натпреваруваше во италијанската елитна лига. Постигна 11 гола во својата дебитантска сезона во Серија А, иако Палермо не успеа да избегне испаѓање во понизок ранг. Останал во Палермо уште две сезони, во текот на кои продолжил редовно да постигнува голови во Серија Б.

Потоа, во 2019 година, преминал во Удинезе, каде што минал четири сезони играјќи во Серија А. Во својата последна сезона во Италија, 2023/24, настапувал за Асколи во втората лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!

Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме, да поврзуваме и да создаваме нови можности! [🇲🇰], напиша на својот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!

Денеска започнаа градежните активности на автопатската делница Букојчани – Кичево.

Денес e почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани - Кичево, уште еден значаен инфраструктурен проект и важен чекор кон нашата голема цел, целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид.

Со реализацијата на проектите Кичево – Охрид, Гостивар – Букојчани, Тетово – Гостивар и Букојчани – Кичево, ја создаваме инфраструктурната основа за побрз транспорт, поголема безбедност, нови инвестиции и посилен економски развој на Македонија.

По години одложувања и изгубени можности, Македонија заслужува дела, а не изговори. Додека опозицијата продолжува со празни критики и политички препукувања, нашиот одговор се конкретните проекти што ќе им служат на граѓаните и на идните генерации.

Делата се нашата одлика, а развојот на Македонија е нашата обврска!

Македонија се гради, се поврзува и оди напред! [🇲🇰]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер