КултураПравославните верници го слават празникот посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се служи Празнична вечерна богослужба. Богослужбата ќе започне во 19 часот, а утре од 9 часот ќе се служи Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Европски Пимен. Култот на Свети Наум е мошне силен кај охридските верници, кои секоја година на празникот во манастирскиот комплекс доаѓаат во голем број, да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, бидејќи се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител. Покрај православни верници на празникот на светецот бројни се и гости од странство, како и граѓани од другите вероисповести кои го почитуваат делото на Свети Наум Охридски. Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ се наоѓа на триесетина километри јужно од Охрид, на најјужната точка на Охридското Езеро. Главната црква во комплексот е изградена на високиот стрмен брег, во непосредна близина на изворите на Црн Дрим. Светиот просветител Наум ја избрал оваа тивка и благородна околина за свое живеалиште, место од каде што ја развил племенитата мисија за просветување на човекот. Тука е и неговиот гроб, сместен во југоисточниот дел од нартексот. По повод празникот бродовите „Александрија 1 и 2“ и вечерва за Свети Наум ќе пловат по намалени цени, повратен билет ќе чини 300 денари. Поаѓањето е од 19 часот, а билетите можат да се купат преку целиот ден на Градското пристаниште Тагови: православни цркви Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЗа излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часаПовеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи. Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648. На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле. Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран. Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter