Православните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици - Канал 5

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици

Бог се јави, навистина се јави! Православните верници денеска го одбележуваат Богојавление Водици, денот кога синот Божји бил крстен во реката Јордан.

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици

Централната манифестација која се одржа во Скопје, и годинава започна со литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде богослужеше поглаварот на Македонската правослна црква охридска ариепископија Г.г. Стефан.

По завршувањето на литургијата заедно со свештенството во поворка се упатија кон мостот „Слобода“ каде почна Водосветот и положувањето на светиот крст во водите на реката Вардар.

Годинава од над 150 верници кои влегоа во ладните води на реката Вардар да го фатат светиот крст, најсреќен беше 24- годишниот Дарко Митровиќ....

Митровиќ изјава за медиумите не даде, но Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, кој го даруваше со осветена икона и Бибилија, порача дека Богојавление Водици е празник на обединувањето и можноста за започнавање со Бога.

Годинава имаше пријавено над 150 граѓани, кои се обидоа да го фатат крстот што беше положен во реката Вардар, а меѓу нив имаше и девојка, но и момче кое од Англија пред 7 месеци се преселило во земјава...

„Прв пат – студент сум по медици и таекводнистка и дисциплината е таа што ме поттикна ... Им посакувам на сите здравје среќа... “

„Ова ми е прв пат на Водици, јас се доселив во Македонија во јуни и ова е шанса да се искуси традицијата..... И официјално јас сум Македонец сега....“

За безбедноста и годинава се погрижија над 25 волонтери од Црвениот Крст.

Илјадници граѓани, не само од Скопје, туку и пошироко, се сообраа да го проследат настанот и оваа година си посакаа година полна со здравје, мир и спокој, а за дома си понесоа и по некое шише со осветен вода....

На центаралната манифестација присутни беа градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски, министерот за внатрешни рбаоти Панче Тошковски, како и градоначланици од повеќе скопски општини...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер