Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
1Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
3Илон Маск на удар на демократите, почнуваат голема истрага: Ќе ги следиме фактите, ќе примениме закон
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
МакедонијаПравославните христијани го слават Рождеството Христово – БожикПравославните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели: "Возљубени празникољупци, Еве, повторно стоиме пред тајната на Божик – пред тајната на Божјото доаѓање на земјата. Кога човештвото и сиот свет беа обвиени во гревовна темнина, Бог не остана далечен, туку слезе меѓу нас и, бивајќи Светлина, ја порази и ја истера темнината, и не со сила – туку со љубов. Со овој спасоносен настан се исполни времето и се откри Божјата волја: Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот2. Затоа Божик не е само спомен на минатото, туку е откровение на вечната Божја намера: човекот да живее во заедница со Него. Оваа радост, најнапред, ја возвестија ангелите, објавувајќи ги славата на небото, мирот на земјата и добрата волја којашто повторно се раѓа меѓу луѓето3. А потоа, преку витлеемските пастири и мудреците од Исток, целиот човечки род Му се поклони на Богомладенецот, дарувајќи Го и принесувајќи Му благодарност. Па целиот човечки род во длабочината на своето срце го носи копнежот по Божјото присуство, копнежот за близина со живиот Бог. И токму на овој ден, сето тоа го добиваме како дар: Бог, Творецот на вселената, Оној Кој, според зборовите на свети Климент Охридски, секогаш почива на херувимски плеќи, стана еден од нас. Примајќи човечко тело, Тој го сокри Своето Божество4, за да го приближи до Себе, да го обожи и да го спаси човекот. Така, небесното слезе на земјата и вечноста влезе во времето. Господ постана Богочовек, и со тоа го освети човекот, отворајќи ни го патот кон животот којшто не минува, зашто сè што доаѓа од Бога носи спасение и вечност. Затоа топлината на Неговото благодатно присуство е опит којшто ја придружува Црквата во секое време, а особено во деновите на овој светол празник. И, еве, подготвени преку молитва, пост и богомислие, пристигнавме до мигот на празничното торжество и сега се радуваме на присуството на Младенецот меѓу нас. А таа близина на Бога нè собира сите заедно, нè прави заедница којашто молитвено го слави доаѓањето на Господ Исус Христос во тело, Неговото доаѓање во нашиот свет, во нашиот дом и во нашиот живот. Кога Тој ги загрева нашите срца, таа топлина се прелева меѓу нас и ни открива дека и во овој несовршен свет животот може да стане предвкус на Царството, таму каде што владеат мирот и добрата волја. Возљубени чеда во Господа, „Секоја душа е христијанска“5, како што вели еден од ранохристијанските апологети, секој човек трага по Бога и секому му е благопријатно Неговото присуство. И кога ќе дојде до таа средба, човек не може да остане истиот. Нешто го поттикнува да биде доблесен и да твори вистина6. Светлината Божја ја истерува сенката на мракот, та човекот престанува да го сака злото и се стреми само кон доброто7. Ние сме за тоа и повикани: да Го примиме Христа во нашите души, да ги оставиме лошите навики, постанувајќи преобразени луѓе, достојни за името Христово со кое се именуваме. Возљубени чеда на Христа Богомладенецот, Овој голем празник којшто го чествуваме, на преминот од старата во новата година, како да е природно така поставен во времето за да нè поттикне, од една страна, да се осврнеме наназад и да созерцаваме за изминатата година, да согледаме што е тоа што сме го направиле добро, доколку го има, а од друга страна, да се устремиме кон иднината и да видиме во што треба да се поправиме и што сакаме да направиме уште подобро. Она што го извлекуваме како поука и што си го задаваме себеси како задача е тоа да ги поправиме нашите пропусти, да ги победиме нашите слабости. Потребно е да сфатиме дека секоја наша постапка носи последици. И мали пропусти можат да доведат до големи несреќи, како што и малите добрини и правилните постапки доведуваат до бројни големи и добри дела. Тоа е така, зашто Господ помага во секое добротворење и кога ги гледа нашите добрина и труд – ги пополнува нашите недостатоци, а доброто дело го доведува до крај. Тоа е потребно да го знаеме и тоа нека биде нашата решителна определба во претстојното лето Господово: да постапуваме правилно, совесно и добродушно на местото каде што Господ нè поставил. Да не се обесхрабруваме од тоа што спротивните сили навидум нè надвладуваат, туку да имаме бодрост да истраеме, дури и доколку ни се чини дека она што го правиме е мало и безначајно. Впрочем, самиот Господ Исус Христос во Евангелието нè поучува дека: Верниот во малку и во многу е верен, а неправедниот во малку и во многу е неправеден8. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено. Да не се сообразуваме со овој свет9, туку нашиот живот во светот да го сообразиме со Христовите заповеди. Близината Божја нека нѐ поткрепува и нека ни дава надеж дека Господ е со нас во сите денови од нашиот живот. Господ ги услишува нашите молитви кога ги исполнуваме Неговите заповеди, и Тој не престанува да ни дава можности за да нè воведе во Своето Царство небесно10. Со такви мисли и молитвени благопожелби, на сите чеда на Мајката Македонска Православна Црква – во Татковината и насекаде до каде што нѐ има по светот, ви ги честитаме божикните и новогодишните празници, поздравувајќи ве со серадосниот поздрав: Христос се роди! Честито и од Бога благословено новото лето Господово!".Тагови: МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизШарлиз Терон пред снимање „жешка“ сцена поставила еден необичен услов (ВИДЕО)На самиот почеток од својата кариера, Шарлиз Терон ја донесе клучната одлука да сними гола сцена во филмот „Адвокатот на ѓаволот“ дури откако се консултираше со нејзината мајка. Таа беше релативно ново лице во Холивуд во тоа време и сакаше да избегне веднаш да биде етикетирана од индустријата само врз основа на изгледот, ризик со кој веќе се соочи. Списанието Far Out пишува за нејзината рефлексија и одлучувачкото влијание на советите на нејзината мајка. Почетокот на кариерата и борбата против стереотипите По нејзината прва голема улога во филмот „2 дена во долината“ од 1996 година, Терон се соочи со она од што најмногу се плашеше. Иако нејзината изведба беше забележителна, маркетиншката кампања и постерот на филмот целосно ја сексуализираа. Плашејќи се дека ќе биде етикетирана како убавица на почетокот од својата кариера, таа го отпушти својот агент, воедно и човекот што ја откри. Таа беше решена да се докаже како сериозна драмска актерка, па затоа ги одби улогите што ѝ беа понудени во филмови како „Шоугерлс“ или „Вид“. Можност во „Адвокатот на ѓаволот“ Со оглед на тоа што имаше само 21 година и имаше само неколку улоги зад себе, можноста да глуми покрај Кијану Ривс и Ал Пачино беше премногу добра за да се одбие. Стануваше збор за филмот „Адвокатот на ѓаволот“ во режија на Тејлор Хакфорд, кој го комбинираше жанрот на натприроден хорор и правен трилер. Сепак, една сцена од сценариото ја натера долго и напорно да размисли. Клучна сцена и мајчински совет Во филмот, нејзиниот лик, Мери Ан Ломакс, полека го губи разумот под влијание на Џон Милтон (Пачино), кој манипулира со нејзиниот и животот на нејзиниот сопруг Кевин од сенка. Во момент на ментален слом, таа влегува во црквата завиткана само во ќебе. Токму оваа сцена на голотија ја загрижуваше младата актерка. „Пред да прифатам улога, обично го испраќам сценариото до мајка ми за да го добијам нејзиното мислење и мислењето на мојот очув“, објасни Терон во тоа време. „Мислам дека секоја актерка од која се бара целосно да се голи треба двапати да размисли за тоа. Имав сомнежи за црковната сцена, но мајка ми ми посочи дека црквата е местото каде што мојот лик мораше да побегне во потрага по разбирање.“ Нејзиното двоумење беше природно. Барањето за голотија во само нејзината четврта филмска улога можеше да ги потврди стереотипите што сакаше да ги избегне. Од друга страна, сцената не беше бесмислена, туку претставуваше клучен момент од психолошкиот слом на ликот и не беше вметната само за да ја привлече публиката. По искрена дискусија со нејзината мајка, таа се согласи да ја сними сцената точно како што е напишано. „Ваквите сугестивни сцени се секогаш најпровокативни и најмоќни за мене“, рече Терон, додавајќи дека тие се значително различни од филмовите во кои сцените со голотија или секс не служат за никаква цел. Иако Ал Пачино можеби го засени идниот добитник на Оскар со својата театарска изведба на ѓаволот во човечка форма, нејзината изведба беше оценета како втора најдобра во филмот. Тоа не е големо изненадување, со оглед на тоа што главната ѕвезда на постерот беше Кијану Ривс. Тагови: Шарлиз Терон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)Додека Емануел Макрон го пречекуваше словачкиот претседател Петер Пелегрини, двајца членови на почесната гарда на Елисејската палата се струполија на само неколку чекори од францускиот претседател.Двајца членови на почесната гарда на Елисејската палата се струполија до францускиот претседател во среда, додека Емануел Макрон го пречекуваше словачкиот претседател Петер Пелегрини. Снимките снимени од словачката телевизија покажуваат како еден стражар се затетеравува, го испушта својот меч, а потоа се струполи на земја. Емануел Макрон и неколку други веднаш му се приближија на човекот, кој изгледаше дека ја изгубил свеста. A member of the honor guard collapsed on Wednesday as Slovak President Peter Pellegrini arrived at the Élysée Palace in Paris for a visit. French President Emmanuel Macron and staff members approached the guard before staff carried him away. Macron then greeted Pellegrini. The guard’s condition and the cause of the collapse are not known. — CBS News (@CBSNews) November 11, 2026 Потоа францускиот претседател го поздрави Питер Пелегрини, кој се приближуваше кон влезот на палатата, кога друг стражар, овој пат надвор од кадарот, исто така се струполи. Може да се слушне звукот на мечот на друг стражар како паѓа на земја, а може да се види и реакцијата на Емануел Макрон. Еден човек, за кој се верува дека е зад камерата, прашува: „Што е ова, по ѓаволите?“ When Emmanuel Macron walks by, the guard suddenly collapses to the ground. He starts convulsing and is rushed in. Macron’s expression as all this is happening sends chills down my spine. https://t.co/9CvUPcT9wG — Matt Wallace (@MattWallace888) November 11, 2026 Потоа стражарот беше изнесен од персоналот на Елисејската палата. „Двајцата претрпеа вазовагална синкопа и веднаш беа третирани“, соопшти денеска придружбата на францускиот претседател. „Тие се неповредени и се добро.“ Што е вазовагална синкопа и што ја предизвикува? Вазовагалната синкопа е краткотрајно губење на свеста предизвикано од ненадеен пад на крвниот притисок и забавување на срцевиот ритам, привремено лишувајќи го мозокот од крв и кислород. Тоа е најчестата форма на несвестица и обично не е знак на сериозен медицински проблем. Вазовагалната синкопа може да биде предизвикана од: • продолжено стоење, особено на едно место; • високи температури и затнати простори; • дехидрација; • силен стрес, страв или емоционален шок; • болка или исцрпеност. Лицето обично прво доживува вртоглавица, гадење, слабост, потење и заматен вид, а потоа може накратко да ја изгуби свеста и да се онесвести. Опоравувањето е обично брзо, особено ако лицето легне и ги крене нозете. Почесните гарди мора да стојат подолг временски период, често во униформа и под полна опрема, за време на церемонијата. Оваа положба, во комбинација со топлина, замор или несоодветен внес на течности, може да предизвика вазовагална синкопа. Затоа е можно двајцата мажи да се онесвестиле за време на церемонијата, иако не е сигурно која била непосредната причина во нивниот случај.Тагови: Емануел Макрон гарда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ТехнологијаХуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно Хуманоидните роботи наскоро би можеле да станат вообичаена глетка во фабриките и магацините, а нивното производство во Соединетите Американски Држави би можело да достигне дури 1,5 милиони единици годишно до 2035 година. Ова го предвидува инвестициската банка JPMorgan, која очекува индустријата за хуманоидна роботика брзо да се развива во текот на следната деценија. Според анализа објавена од Ројтерс, американското производство на хуманоидни роботи би можело да достигне помеѓу 300.000 и 400.000 единици годишно до 2030 година. Пет години подоцна, тој број би можел да биде речиси четири пати поголем. Најголема побарувачка се очекува во производството, логистиката и магацините, каде што роботите би можеле да преземат повторувачки рачни задачи. Недостатокот на работна сила и сè поповолните оперативни трошоци дополнително го стимулираат интересот на компаниите за оваа технологија. JPMorgan проценува дека трошоците за ангажирање хуманоидни роботи веќе се приближуваат до трошоците за човечки труд. Според нивните пресметки, користењето роботи во повеќе смени би можело да им заштеди на некои компании околу 100.000 долари годишно. Сепак, масовното производство е сè уште далеку од едноставно. Аналитичарите предупредуваат дека роботските раце, актуаторите, системите за вештачка интелигенција и производствениот капацитет претставуваат најголеми пречки за понатамошен развој. Роботите мора сигурно да манипулираат со предмети, да се движат низ сложени средини и да извршуваат задачи без постојана човечка помош. Повеќето американски производители, со исклучок на Тесла, моментално планираат да произведуваат помеѓу 10.000 и 30.000 хуманоидни роботи годишно. Меѓу компаниите што JPMorgan ги издвојува се Тесла со својот робот Оптимус, Бостон Дајнамикс со својот Атлас, Фигура АИ, Агилити Роботикс и Аптроник. Се очекува силен раст и на пазарот на компоненти. JPMorgan проценува дека пазарот за клучни делови за хуманоидни роботи, вклучувајќи мотори, актуатори и системи за машински вид, би можел да достигне речиси 30 милијарди долари до 2035 година. Доколку предвидувањата се остварат, хуманоидните роботи би можеле да станат важен дел од индустриското производство во следната деценија. Сепак, колку брзо ќе преминат од демонстративни видеа до секојдневна работа ќе зависи од нивната сигурност, цена и способноста на производителите да ги произведуваат во големи количини.Тагови: хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter