Православен Велигден во Холивуд - Канал 5

Православен Велигден во Холивуд

Православен Велигден во Холивуд-Овие светски ѕвезди ги почитуваат истите обичаи како и ние.

Православен Велигден во Холивуд

Некои од најпознатите личности во Холивуд го слават православниот Велигден - без разлика дали е тоа поради нивното потекло, семејство или љубов.

Додека милиони луѓе се подготвуваат за Велигден, овие светски ѕвезди бојат јајца, палат свеќи и ги почитуваат обичаите исто како нас.

Холувудската ѕвезда Џенифер Анистон која има грчки корени го дочекува празникот со многу почит и љубов. Нејзиниот татко, по потекло од Крит, ја воспитал во православен дух, а Џенифер Анистон сè уште ги негува тие обичаи денес. Позната е по тоа што донира во цркви и често присуствува на службите предводени од Вселенската патријаршија.

Велигден слави и една од најубавите жени на светот, топ моделот Адријана Лима.

Поранешната сопруга на НБА кошаркароит Марко Јариќ и поранешен ангел на Викторија Сикрет , Адријана Лима сè уште ги негува православните обичаи што ги усвоила за време на бракот со српскиот кошаркар. Секоја година, заедно со Божиќ, моделот објавува и честитки за православниот Велигден, често на српски јазик.

Кристијан Бејл.

Холивудскиот великан Кристијан Бејл, познат по улогата на Бетмен, се преобрати во православие откако се ожени со Сандра Сиби Блажиќ, модел од српско потекло. Семејните обичаи што ги наследила неговата сопруга станале дел од неговиот живот, па затоа Бејл редовно ги слави празниците во православен дух.

Најголемиот христијански празник Велигеден го слави и Оскаровецот Том Хенкс.

И добитникот на Оскар, Том Хенкс, ја замени религијата со љубов. Кога се ожени со актерката Рита Вилсон, го прифати православието, кое е дел од нејзиното бугарско-грчко наследство. Нивниот дом често мириса на темјан и празнична топлина според православните обичаи.

Православниот Велигден го слави и мегапопуларниот пејач, Рапер Викенд

Популарниот рапер Викенд, познат по своите рекордни хитови, го поминал детството со православни молитви. Растејќи со мајка му и баба му, тој често присуствувал на литургии на Етиопската православна црква Тевахедо, што е сè уште дел од неговиот идентитет денес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Гостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери – меѓу нив се ЕУ, Кина, Канада, Јапонија и Индија

САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп

Соединетите Американски Држави(САД) синоќа објавија дека воведуваат царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека државите не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд.

„Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери што не усвоиле таква забрана ќе подлежат на царина од 12,5 отсто“, соопшти американската администрација.

Меѓу засегнатите производи има и одредени стоки од Европската Унија, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR).

Дополнителните царини ќе се применуваат на поголемиот дел од увозот од засегнатите трговски партнери, почнувајќи од 00:01 часот по источноамериканско време денеска (04:01 часот по Гринич).

Од мерките ќе бидат изземени стоките што веќе се натоварени на бродови, се наоѓаат во завршна фаза од транспортот и за кои царинската документација била завршена пред 28 јули.

Веднаш на најавите реагираа ЕУ, Австралија, Нов Зеланд.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги посочи како неосновани тврдењата за недостатоци во контролата врз принудниот труд во Унијата.

„Тоа не може да се каже за Европската Унија“, изјави Калас. Таа рече дека споредено со САД, европското трудово законодавство предвидува платени одмори и високи стандарди за условите на работа.

„Затоа ова навистина не е оправдано“, оцени Калас, најавувајќи дека ЕУ ќе бара дополнителни објаснувања од Вашингтон. Таа посочи дека ЕУ ги исполнила обврските од трансатлантскиот трговски договор постигнат минатата година и дека новите царини ги доживува како „шок“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). 

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер