Шоу бизПравосилна е пресудата против српскиот пејач Дарко Лазиќ, познати се последицитеКако што прво објави Телеграф.рс, пејачот Дарко Лазиќ е осуден на парична казна од 190.000 динари (околу 95.000 денари)и 10 месеци забрана за возење.Бидејќи првостепената пресуда не била правосилна, Дарко, како и полицијата, имале пропишан рок да се жалат на истата, но тоа не било сторено. Имено, како што дознава Телеграф.рс, пресудата станала правосилна бидејќи сообраќајната полиција не ја обжалила пресудата, ниту тој. Да потсетиме, Дарко бил зад воланот на „БМВ“ иако има забрана за возење до февруари следната година, а на полицајците во истрагата им дал чешка возачка дозвола бидејќи му била одземена српската. Тој налетал на комбе и во таа прилика била направена само мала материјална штета. Немало повредени. Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката дозвола поради големиот број казнени бодови, а му е забрането да вози до февруари 2024 година. Возачката дозвола му била одземена во 2013 година. Сите прекршоци на Лазиќ - 27.12.2013 година - возење нерегистриран автомобил - 19.03.2015 година - пречекорување на дозволената брзина во Белград - 20.04.2015 година – возење со забрана - 22.05.2015 година - возење со забрана - 07.07.2015 година - возење со забрана - 11.08.2016 - непрописно паркирање во Белград - 22.11.2016 година - пребрзо возење во Умчари и возење без дозвола - 26.11.2016 - непрописно паркирање на аеродромот во Белград - 07.12.2016 година - не сакаше да каже кој управувал со автомобилот регистриран на негово име кога поминал на црвено. Тој е казнет со 15.000 динари - 18.12.2017 - непрописно паркирање во Белград - 17.04.2018 година - возење без дозвола и брзо возење – 23.10.2018 – пријавен за брзо возење и возење без дозвола - 28 март 2020 година - прекршување на полицискиот час, возење без возачка дозвола - 29 април 2020 година - возење без возачка дозвола За потсетување, Дарко Лазиќ на 23.10.2018 година имаше сообраќајна несреќа на патот Суботица – Брестач. Потоа тој беше во болница повеќе од еден месец и му беше отстранета слезината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16