ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура
2ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотПравнуката на Тито се откажала од неговото презиме, ѝ било преголем товар (ФОТО)Сара Хас, ќерката на режисерката Саша Броз и правнук на Јосип Броз Тито, неодамна го прослави својот 29-ти роденден.Инаку, Сара по професија е сценограф, а со мајка си соработува и во бизнисот. Нивната трета заедничка соработка е претставата „Случајна средба во продавница за возрасни“, која премиерно беше изведена оваа година. Таткото на Сара е познатиот актер Ранко Зидариќ, ѕвездата на популарната серија „Наша мала клиника“. Сара решила да го смени презимето на нејзиниот татко со презимето на нејзината покојна прабаба Херта Хас, третата сопруга на Јосип Броз Тито. View this post on Instagram A post shared by Saša Broz (@brozsasa) „Го зедов моето презиме од прабаба ми не само од почит кон неа, туку од почит кон двајца во семејството за кои знам дека се бескрајно среќни што барем некој се уште го носи презимето Хас , промената на презимето не е голема промена бидејќи за сите јас сум секогаш Сара, на крајот на краиштата, не е тешко да се открие чија сум“, изјави таа за Јутарњи лист пред неколку години. „Пред две години рече дека сака да се ослободи од товарот на моето и презимето на Ранко и дека решила да го земе презимето на баба ѝ Хас. Јас и Ранко знаеме што значи да се носи товар на познатото презиме, неговиот татко е актерот Крешимир Зидариќ.Ја поддржавме затоа што чувствувавме дека тоа ѝ дојде природно и дека има смисла“, изјавила Саша Броз за Вечерњи лист. Сара е вработена како сценограф во Загребскиот куклен театар, а пишува и сценографија за „Тајниот дневник на Адријан Мол“. Исто така, на големо се шпекулира дека таа е неверојатно талентирана сликарка чии платна ви го одземаат здивот, пишува српски Курир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања во работна посета на БриселЗаменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел.Таа ќе биде учесник на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде ќе се разговара за напредокот на полето на владеење на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. ЗМЕП Трајков ќе ја истакне посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.Тагови: Викторија Трајков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктураОпштина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани. Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика. Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата. Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место. Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31
БалканШпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежаШпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога. Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата. Spain: A total of 2.5 tons of cocaine was seized aboard the 15-meter Polish-flagged sailboat Seute Deern, intercepted by the Special Operations Vessel Petrel I from the Customs Surveillance Service [SVA] approximately 400 miles off the Galician coast. The yacht, reportedly using… pic.twitter.com/PnD6ipfKuX — Crime Intel (@WorldCrimeIntel) September 21, 2026 Тагови: кокаин Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter