Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаПравници и економисти доминантни на огласот за прв антикорупционер - кој сѐ поднесе кандидатура?Политиколози, правници, економисти, криминалисти во трка за прв човек на Антикорупциска.Политиколози, правници, економисти, криминалисти во трка за прв човек на Антикорупциска. Досега тринаесет кандидати за претседател на Комисијата за спречување на корупција пристигнале на адреса на Собранието. На листата до која дојде Канал 5 стојат Бранко Смилевски, Благица Трошанска, Феузи Џафери, Кимо Чавдар, Владимир Наумоски, Весна Доревска, Ненад Трифуновски, Бранко Вꞌчков, Валентина Тодоровска, Антонио Санев, Зоран Наумов, Костадин Кус Иванов, меѓу нив и актуелниот секретар Адем Чучуљ. Претседател на Антикорупциска Собранието ќе бира по 3-ти ноември, односно по изборите, но денеска завршува јавниот оглас. Сепак дел од апликациите „патуваат по пошта“ и можеби ќе пристигнат и в понеделник, кога ќе се знае точната бројка на пријавени кандидати, потврди во телефонски разговор за Канал 5 Претседателот на Комисијата за прашања на избори и именувања Ѓорѓија Сајкоски. Во меѓувреме, во недостаток на прв човек, антикорупционерите си избраа заменик претседател. Цвета Ристовска, која го водеше предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, ќе ја води Антикоруписка за време на локалните избори. Ристовска официјално ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци. Според процедурата, заменик претседателот се избира по принципот на ротација по азбучен ред. -Констатирам дека членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска е едногласно избрана за заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата со мандат од шест месеци, со тоа што одлуката за избор ќе стапи на сила на 21.08.2025 година,- - Билјана Каракашова Шулев – Заменик претседател на ДКСК. Инаку, завчера беше избрана и шестчлената комисија за селекција, која по изборите треба да одлучи дали кандидатите кои аплицирале ги исполнуваат условите. Во меѓувреме, антикорупциска продолжува со работа, но за првпат без претседател во период на избори. Комисијата остана без прв човек откако доскорешната претседателка Татјана Димитровска си поднесе оставка, што следеше по обвинението против неа за две кривични дела: оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Тагови: ДКСК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter