Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
1Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
2ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
3Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
МакедонијаПравни експерти: Институциите да ги проверат сите наводи за работењето на гувернерот на НБРМ, Трајко СлавескиДел од правните експерти во земјава велат дека институциите мора сериозно да ги проверат сите наводи за работењето на гувернерот на НБРМ Трајко Славески и изборот на нови вицегувернери... Институциите мора сериозно да ги проверат сите наводи за работењето на гувернерот на НБРМ Трајко Славевски – смета поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска. На тој начин според неа ќе се отстранат дилемите за нерегуларности околу носењето на одлуките на вицегувернерките со истечен мандат, но и дали тие имале право на паричен надомест за тој период. Според неа, надлежните органи мора темелно и непристрасно да ги разгледаат сите аспекти, со цел да не се остави никаков сомнеж за работата на самата институција. „Овој случај предизвика голема заинтересираност и штом такви случаи се појавуваат и штом се индицираат одредени ситуации дека можеби ги довеле до некакви незаконите однесувања, мислам дека јавноста има право да знае каква е состојбата и во која насока се движи. А за сето тоа има институции кои што треба да постапуваат и да донесуваат соодветни решенија. Јавноста во таа насока ќе биде не само информирана туку ќе види дека институциите работат по одредени прашања кои што се проблематични.“ Законскиот рок за избор на нови вицегувернери, инаку како што веќе објави Канал 5, е пробиен три месеци. Според временската рамка, првата фаза односно објавување на огласот за избор на нови вицегувернери на 8 јули 2025 година не била изложена на никакво влијание од изборниот процес, односно од изборите кои биле распишани на 9 август. Мандатот на вицегувернерките истекол на 18 октомври, а изборите и официјално биле прогласени за завршени на 11 ноември. Втората фаза за избор, од 45 дена, со вклучен мораториум за време на избори, максимално морал и можел да заврши на 18 декември. Крајниот рок за одлука или последен ден од деблокирање на процесот бил на 26 декември. Ситуацијата во меѓувреме ја следи и јавното обвинителство, а новиот државен јавен обвинител Савески пред два дена рече дека доколку има основ ќе се постапи и ќе се отвори предистражна постапка. Поранешната судија Николовска вели дека станува збор за материја која што задира во повеќе законски решенија, а обвинителството ќе треба да ги има предвид сите аспекти пред да донесе одлука. „Од она што го слушнав од државниот јавен обвинител постапката по оценување е во тек, значи сите овие прашања што вие го поставивте, се прашања што обвинителството ќе треба да ги има во предвид пред да донесе одлука. Најмал е проблемот околу примање на надоместокот заради тоа што, треба да се види врз основа на што, кое било нивното својство, дали постоела можност да бидат назначени за в.д. или не, колку време можеле таа функција да ја извршуваат, итн.“ Славески пред неколку дена беше прашан за случајот со двете вицегувернерки кои и пет месеци по истекот на нивниот мандат на 22 октомври минатата година работат и одлучуваат во Советот на НБРМ, но наместо да даде одговор, тој упати обвинувања до Канал 5 и новинарите кои не прекинаа и покрај повиците од новинарските здруженија да покаже почит и транспарентност. До сега од опозициската СДСМ веќе побараа обвинителството да отвори предмет, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ посочија дека прашањето дополнително ќе го разгледуваат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаФинансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возилаУправата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.Тагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект? Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми? Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси. Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во ИранДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот. Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места. Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00