Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотПравилото 20-20-20-2 може да ви ги спаси очите, не ризикувајте оштетување на видот!Правете пауза на секои 20 минути и трепнете 20 пати.Во помала или поголема мера, сите одамна сме станале зависни од мобилните телефони. Статистиката покажува дека просечниот човек троши повеќе од 10 часа дневно на својот мобилен телефон, што неминовно води до напрегање на очите и болни главоболки. Но, правилото 20-20-20-2 може да биде спасоносно. Кога гледаме во екранот на мобилниот телефон, нашите очи работат „прекувремено“. Американската академија за офталмологија предупредува дека додека користиме дигитални уреди, трепкаме три пати помалку од вообичаено, што предизвикува претерано напрегање на очите поради постојаното фокусирање. Исто така, сината светлина дополнително ја оптоварува нашата мрежница. Револуционерното правило 20-20-20-2 Експертите развија едноставен трик кој значително го намалува напрегањето на очите - правилото 20-20-20-2. Имено, сè што треба да направите е на секои 20 минути да гледате во нешто на шест метри (20 стапки) од вас. За тоа време треба да трепнете 20 пати, а последната ставка е два часа дневна активност на надворешно светло. Зошто ова правило делува? Овој пристап им овозможува на очите природна пауза за одмор и ресетирање на фокусот. Д-р Ајша Малик објаснува дека на нашите очи им треба редовно префрлување на фокусот од блиску на далеку за да се одржи флексибилноста и здравјето. Исто така, препорачливо е да користите дополнителни поставки на вашиот мобилен телефон. Активирајте го ноќниот режим, намалете го контрастот на екранот и зголемете ја големината на фонтот за да го намалите напрегањето на очите, особено во услови на слаба осветленост. Кога треба да побарате медицинска помош? Доколку по примената на правилото 20-20-20-2 сè уште имате чести главоболки, заматен вид, суви или иритирани очи, и болки во вратот, време е да посетите офталмолог. Не чекајте проблемите да станат посериозни – со навремени прегледи можете да спречите долгорочни последици и да го зачувате здравјето на очите, пренесува chop.edu.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook