Пратеникот на Алијанса на Таравари Салим Сулејмани поднесе оставка - Канал 5

Пратеникот на Алијанса на Таравари Салим Сулејмани поднесе оставка

Пратеникот Салим Сулејмани денеска преку социјалните мрежи си поднесе оставка од сите партиски функции во рамките на Алијансата за Албанците на Таравари, како и од неговата функција пратеник во Собранието. 

Пратеникот на Алијанса на Таравари Салим Сулејмани поднесе оставка

Во објавата на Фејсбук, Сулејмани вели дека е разочаран од зближувањето на партијата кон Ахмети.

-Зближувањето со ДУИ во пресрет на локалните избори донесе сериозно отстапување од принципите на кои бевме посветени. Оваа политичка соработка е прекршување на нашите ветувања и претставувањето што го заслужуваат албанските граѓани. Оваа акција е неприфатлива за мене, бидејќи не можам да бидам дел од сојуз кој е формиран за тесни политички интереси и со луѓе споменати на меѓународни црни листи поради вмешаност во сериозни работи. - Салим Сулејмани

По оставката на Сулејмани, сега Вреди би имала пратеник повеќе, односно 10-мина, со оглед дека по него на списокот за пратеник е Валбона Адили-Емини, која е кадар на Движењето Беса и дел од Вреди. Од друга страна пак, со оставката на Сулејмани, во Алијанса на Таравари би останале четири пратеника, со што нема да биде во можност да формира парламентарна група. Условот за формирање на пратеничка група е пет пратеника. Вчера и екс министерот од Алијанса Азир Алиу соопшти дека останува во Вреди, а неговиот сопатиец и Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и натаму му откажува послушност на Таравари и засега останува во владата. Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи парлемнтарното мнозинство ќе расте,со прелевањето пратеници од опозициските албански партии во ВРЕДИ.

Вчера Таравари во интервју за албанска телевизија рече дека одлуката за напуштање на Владата била поради тоа што ВРЕДИ биле игнорирани а Алијанса не сакала да биде само декор.

YouTube video

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

- Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков, да дојде до израз европската креативност.

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на самитот на НАТО во Хаг со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев нема да биде присутен.

Сепак, вели дека средбата се уште не е потврдена бидејќи таа е иницирана од претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

YouTube video

Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење

СВР Штип - ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово.

Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење

СВР Штип - ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“.

Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект и вршел угостителска дејност.

Пријавениот В.К., сопственик и управител на правното лице од Берово, на катастарска парцела, сопственост на Т.К. и М.К., на земјоделско земјиште, надвор од урбанистички план за град Берово, бесправно изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект во кој вршел угостителска дејност.

ВМРО-ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС

СДС мора да почне да се однесува како сериозна партија, а не како мало дете на кое му ја земале играчката.

ВМРО-ДПМНЕ: Проектите кои се реализираат не се на ВМРО-ДПМНЕ или на СДС

СДС мора да прифати дека проектите кои се реализираат, не се во нивна или наша сопственост, туку за граѓаните и за државата.

Исто така, многу е важно да се напомене дека проектите кои се почнуваат мораат и да се завршат. Е сега, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е во тоа што ние кога работиме и остваруваме, се е во временски рок, јавно и транспарентно, а додека пак СДС, ако отпочне некаков проект, тој проект потоа е корумпиран, со тендери договорени во 4 очи, поскапи цени двојно од набавните, класифицирани договори или пак, проекти кои остануваат така да блеат во празно, и никој за ништо да не одговара.

Проекти кои СДС ги има до крај завршено се, проектот за златната виза на Филипче, пари од ископ на јаглен на фирми на Филипче и Заев, проектите за уништување на Македонија, како што беа името, знамето, идентитетот и Уставот, потпишувањето на Преспанскиот и договорот со Бугарија, проектот Француски предлог и многу други проекти слични на овие.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ вистински работи на реализација на проектите, без разлика која Влада ги започнала и ги решава на брз и ефективен начин во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер