Пратеник за време на онлајн седница се појавил наопаку: Не сум мачка(ВИДЕО) - Канал 5

Пратеник за време на онлајн седница се појавил наопаку: Не сум мачка(ВИДЕО)

Американскиот пратеник Том Емер стана sвезда на социјалните мрежи откако се појави наопаку за време на онлајн сесија.

Пратеник за време на онлајн седница се појавил наопаку: Не сум мачка(ВИДЕО)

Емер, републиканец од Минесота, се појавил наопаку на екранот за време на состанокот на Комитетот за финансиски услуги.

Зборувајќи за финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, Том не забележал дека на неговиот компјутер има вклучено филтер и дека неговите колеги го гледаат наопаку.

„Извинете - господине Емер? Дали сте добро?“, го прекинала спикерката Максин Вотерс.

„Наопаку си, Том“, рекол друг пратеник.

„Не знам како да го поправам тоа“, збунето одговорил Том.

"Го ценам вашето трпение, госпоѓо Претседавач. Не знам што се случи, само што се појави на овој начин - го исклучив и вклучив повторно", додаде Емер.

YouTube video

Проблемот набргу бил решен, а пратениците се пошегуваа на сметка на адвокатот кој неодамна се појави на сослушување на Интернет како мачка.

„Барем не си мачка“, додаде еден од пратениците, на што другите се насмееја.

Емер подоцна објави фотографија на која е наопаку.

„Не сум мачка“, напишал тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на МНТ Никола Кимовски го назначи Јордан Симонов на уметнички директор

Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денес го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар.

Директорот на МНТ Никола Кимовски го назначи Јордан Симонов на уметнички директор

Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата.

Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците.

Јордан Симонов е актер кој има добиено голем број на индивидуални награди за неговите улоги, како и колективни, тоа е резултат на неговата долгогодишна работа во претставите: Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица;Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар; Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар,

Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар; Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Филип (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар; Пиерпоинт (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар; Павле (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;(12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;Спиро (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;Доктор Макаров (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар; (Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, 2025), режисер: Дејан Пројковски, драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, продукција: Македонски народен театар;(Као какао, 2026), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, ко-продукција: Македонски народен театар и Баги продукција и многу други.

Симонов пред назначувањето на уметнички директор беше член во уметничкиот совет на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сушата во Швајцарија открива остатоци од римски бањи, патишта, куќи...

Археолозите ги прецртуваат римските карти на Швајцарија откако се појавија траги од одамна закопани урнатини за време на најжешкото лето во земјата досега.

Сушата во Швајцарија открива остатоци од римски бањи, патишта, куќи...

Сушата може да открие скриени археолошки локалитети преку „траги во посевите“ – обрасци што се формираат кога вегетацијата над закопаните градби венее; ова е само една од последиците на овогодишните топлотни бранови, кои исто така ги открија потонатите бродови од Втората светска војна на речните дна.

Археолозите во швајцарскиот кантон Во, известени од еден љубител на историјата, користеа дрон за секојдневно воздушно снимање на полињата околу Авентикум – некогашниот главен град на римска Хелвеција, основан пред 2.000 години откако Јулиј Цезар ги поразил локалните племиња.

Денес, на тоа место се наоѓа малиот град Аванш. „Ова се најбогатите откритија таму во последните 50 години – барем во рамките на последните две генерации археолози“, изјави Џордан Анастасов, археолог од кантонот Во.

Снимките открија претходно непознати или слабо проучени траги од термални бањи, куќи, патишта и можен храм, од кои многу се наоѓаат во делови од градот што претходно никогаш не биле истражувани со ископувања.

Градот процветал под римска власт, но потоа постепено почнал да опаѓа како што се засилувале упадите на германските племиња од 3-тиот век па натаму. Петчлен тим од археолози ги внел новите откритија на мапите со виолетова боја, пополнувајќи ги празнините и корегирајќи ги погрешните ознаки.

„Сега поставуваме навистина интересни прашања што инаку не би ги поставиле“, изјави археологот Уго Аморосо. Некои од трагите забележани во периодот од јуни до август исчезнале по косењето и со падот на температурите; сепак, работ на еден нов базен во рамките на комплексот бањи останал видлив во полето со делумно исушена детелина, бидејќи невообичаено топлото време продолжило и во септември. Други закопани историски остатоци се појавиле и на други места во Швајцарија и Европа, иако многу од нив се потешки за толкување бидејќи се изолирани и немаат посветени истражувачи. Швајцарските археолози ќе ги претстават своите наоди пред колегите, а подоцна можеби ќе спроведат и насочени ископувања. „Нема да посакуваме суши“, рече Пјер Блан, директорот за ископувања на локалитетот. „Но, ќе го искористиме ова максимално и ќе продолжиме со потрагата“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Народен театар Битола со „Секстет“ на „Денови на комедијата“ во Куманово

Од 23 септември до 5 октомври во НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово се одржува 29. меѓународен фестивал „Денови на комедија“.

НУ Народен театар Битола со „Секстет“ на „Денови на комедијата“ во Куманово

Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот.

Претставата која секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, на Битолскиот театар е дел од овој фестивал и ќе биде изведена на 2 октомври од 20 часот.

Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај.

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.

Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.

Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме.

Затоа сега е време за Камолети – светскиот крал на фарсата и мајсторот кој знае како хаосот да го претвори во лек.

„Секстет“ е комедија која остава без здив.

Оваа претстава е создадена за да биде вечер за чиста радост.

Темпо кое не дозволува здив и актери кои во овој хаос влегуваат со смртна сериозност.

Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски.

Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

Ова не е претстава што се раскажува – ова е претстава што мора да се доживее. Во фестивалската програма се десет театарски претстави од Македонија и од земјите од регионот, исполнети со хумор и квалитетна актерска игра. Ќе бидат доделени награди во повеќе категории, меѓу кои за најдобра претстава, режија и актерски остварувања. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер